Број 3346  петок, 30 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter

Лето на мој начин: Весна Бејби Петрушевска

Море и љубов - нема поубава приказна

Весна Бејби Петрушевска во лето сака да ужива во друштво на своите најдраги, ама и да украде некој момент за добра книга

Валентина Тодоровска

И покрај тоа што горештините многу често не тераат да ја разработуваме темата колку е полесно да се стоплиш о��колку да се разладиш, сепак, летото е време кога се случуваат годишните одмори и кога сме сами своите газди. Си ги управуваме мислите, намерите и желбите кон една единствена цел - да уживаме во декаденција. Километарските долгите денови, утрата во поинаква растоварена димензија - без брзање и стресови, самраци, кои ветуваат ноќи што за финиш или старт ги имаат романтичните будења.

И тогаш воопшто не е важно каде ќе фрлиме сидро зашто менталните патувања се многу побрзи од реалните... И сеедно каде сте - дома, на планина, езеро, море или си правите излети низ градов, сигурно е дека постојат работи што ве асоцираат и без кои не можете ниту ова ниту кое било друго лето.

Што значи летото за Весна Бејби Петрушевска? Тоа е среќа на куп составена од Јанко, Кики и Мина, ама и од галеничињата - Венди и Аце, инспиративна книга за некој украден момент... И сознание дека се благословени сите што знаат да љубат, да гушкаат, да простуваат. Во продолжение на текстот ќе читате што значи констатацијата - цело е кога има се'...



Јанко

Не можам, едноставно, не знам да замислам море и плажа без Јане....Знаеме да молчиме, да си читаме книги заедно, да се смееме на животот околу нас, да мирисаме море, да чувствуваме песок... Да се сакаме. Во ова брзо и лудо време треба да си мудар и умен да знаеш да си го почитуваш и да си го чуваш љубениот.



Кирил и Мина

Се радувам на темпераментот на Мина и на нејзина зависност од пливање.... Знае да биде вистински маратонец. Има една реплика што ја повторува по стопати: татооо, татоооо, татоо... гледај ме....

Природно, тато се смешка. Па подоцна и не му е толку смешно... Мина е прилично упорна риба.

Кирил е инженер на мајка, гради и копа канали по цела плажа ... Не ни даваат по цел ден да го напуштиме теренот.



Аце и Венди

Сега се веќе баба и дедо, ова лето одат со нас на море, да им ја продолжиме староста... Летото без нив ми е празно. Сакаат да се со мене, а нема поубава утринска прошетка - се' е мирно наутро, а јас со нив... Утрата со Аце и Венди се само наши. Срциња мои.



Џогинг

Патики на нозе и наутро на плажа, затоа што јас се омажив за Форест Гамп (Јанко трча маратони), па се договоривме ова лето да трчаме во смени за да не се расправаме за спортот....Мислам дека навечер ќе го натерам да се напие две-три пива за да се успие од сабајле, ха ха ха....

Трчање, ајпод на уши и сам си со себе... Нема подобар начин за да се спознаеш... Како убаво ти се прочистува мозочето.



Книги

Ова лето сум навлечена на Доминк Дан, имам задача да прочитам цел негов опус и едвај чекам. Најдобриот хроничар на 20 век. Ах, да ја имам и контроверзната биографија за Опра...



Козметика

Е, ова ме нервира прилично затоа што еве јавно признавам дека сум зависник од козметика. Ама ми оди на нерви кога ќе почне пакувањето. Не ме собира еден цел куфер. Тоа ми е толку напорно, ама ајде де појди без тие реквизити!



Телефон, компјутер

Носам и телефон и компјутер, ама секоја година како по некое непишано правило, исклучувам телефон, а компјутерот не го ни погледнувам... Но, се прашувам дали навистина ни се потребни овие реквизити што толку многу оптоваруваат, не' прават параноични, анксиозни, несреќни, неискрени... И кога ќе те побараат, ќе им кажеш дека си на одмор, ја имаш онаа реплика: ај да не те трошам! Фуј , јаз’к....Па што ме бараш? Ви текнува?

Мир

Сакам да сум спокојна, да ги гледам моите најсакани со мене, да ги слушам како се смеат, да се нервирам кога ќе се скараат Мина и Кирил, да гледам како заспива Јане, да го уживам зајдисонцето. Да ги наполнам батериите за во театар, да размислувам за проект. Да бидам жива и да знам да го почитувам животот. Секој ден ни е празник. Среќата сами си ја создаваме. Мирот во душата е мојата најскапоцена работа....



Љубов

Како што минуваат годините, се' повеќе мислам дека сум благословена што знам да подарам љубов, знам да простувам, знам силно да гушкам, силно да бакнувам и да не ја бројам љубовта. Сакам да сакам, само што во лето е откриена. Убава, свежа, секогаш е нова, провокативна, сензуална. Најмалиот допир на плажа е возбудлив. Море и љубов, нема поубава приказна.

Овошје

Сакам да јадам лубеница, ме асоцира на детството. Се сеќавам со баба ми на плажа секогаш си кркав лубеничка и тоа ме правеше среќна....Сакам да се сеќавам на детството, без грижи, затоа сакам и Кирил и Мина да имаат безгрижно и среќно детство...Тоа е толку многу значајно....


#
Статијата е прочитана 1562 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Гробари на новинарството
Надворешната политика без компас
Се плаши од сонцето
Власта не прифаќа одговорност
Грција во заложништво
Распеаниот доктор
Македонија праќа антинато амбасадор во Алијансата
Потценување за Скопје
Отказите во Канал 5 стигнаа до Брисел
Забава до бесвест
Јанкулоска во говорнички занес
Летни молотови коктели
Обожавам свежи салати со лукче и кромитче
Брачен пар во Франција си уби осум новороденчиња
Ѕвездена рехабилитација
Стил
Убавица со благородно срце
Пусто турско
Неделен хороскоп