Број 3311  сабота, 19 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter

За „Леонтиќ“, убавината е сериозна работа

Во студ��ото „Леонтиќ“ од Скопје навреме сфатија дека до убавина не се доаѓа без знаење, па во минатата година го отворија првото Средно стручно училиште за фризери, козметичари, шминкери и масери

Јасминка Павловска

Во новиов милениум влеговме со потребата за расчленување на убавината на нејзините основни компоненти и нејзино повторно пресоздавање. Оправдано или неоправдано - тоа и натаму е тема за кршење на копјата на разните естетски теоретичари. Во меѓувреме техниките на пресоздавање на убавината се усовршуваат и оние што ги следат тие трендови имаат сериозна работа, која бара и сериозно учење. Во студиото „Леонтиќ“ од Скопје навреме сфатија дека до убавина не се доаѓа без знаење, па во минатата година го отворија првото Средно стручно училиште за фризери, козметичари, шминкери и масери. По првата учебна година, ген. менаџер на студиото, Васка Леонтиќ, зборува за искуствата и за перспективите.

- Морам да признам дека почетокот не беше баш лесен. Требаше да се усогласат теоретскиот и практичниот дел, а сето тоа да не им биде напорно на учениците. Но, со добра организација се' се вклопи многу добро - практичната работа, теоретската и техничката практика. Во нашата програма е предвидено ист број часови за теорија и за практика, па од таа причина не сакавме на учениците да им биде напорно, а притоа да се задржи квалитетот на обуката. Часовите ги организиравме така што еден месец беше посветен на теоријата, а другиот месец за практиката за да се овозможи целосно внимание во севкупната обука.

Покрај тоа што сме стручно училиште за фризери, козметичари, масери и шминкери, ние сакаме од нашите ученици преку обуката да изградиме комплетни личности. Вложуваме многу внимание, покрај совладувањето на вештините, да бидат елоквентни и подготвени во иднина да комуницираат не само во салоните, туку и пошироко. И на крајот на првата учебна година резултатите од работата ми оставаат простор за задоволство и поттик и натаму да ги развиваме училишните програми.



Што подготвувате за завршната годишна ревија?

- Во текот на обуката организираме повеќе настани. Некои се од јавен карактер, а некои се во рамките на училишните простории. Сите се со една цел - да им овозможиме на учениците да се истакнат и да го утврдат своето стекнато искуство за време на обуката пред своите најблиски. Тоа е и можност секој ученик да согледа со какви афинитети располага и во кој правец би се развивал со својата едукација. Тие ревии се можност да осознаат дали сакаат да се подготвуваат за кариера во салонско работење или теренска или, пак, во некоја специјализирана медиумска институција, каде што работата и техниката на вештини се разликува.

Оваа ревија ја подготвуваат самите ученици со своите ментори и асистенти. Темата е слободна и по сопствен избор, т.е. работа со техниките што ги совладале во изминатата година.



Кои перспективи им се отвораат на учениците од вашето училиште?

- Како што напоменав - нашето училиште не ги подготвува учениците само за салонско, класично работење, туку нешто и пошироко и поперспективно за се' што ќе биде актуелно. Тоа значи дека натаму би можеле да се подготвуваат за идни асистенти и предавачи за обучни центри и средни училишта. Дел од самата програма е предвидена токму за овој тип подготовка и едукација. Оние ученици што не се љубители на салонското работење, може да се определат за теренско работење или за предавачи по практична настава.



Што конкретно треба да преземат учениците што сакаат да се запишат во вашето училиште?

- Сите ученици - кандидати што се заинтересирани да се запишат во нашето училиште, без разлика дали се средношколци или курсисти, треба да закажат термин за интервју, со цел да им биде презентирана програмата. Оние средношколци што сакаат да се префрлат од другите училишта, треба да го запазат терминот за полагање на диференцијалните предмети и посета на салонската практика, која е предвидено да ја започнат паралелно со полагањето на испитите од 1 јули.


#
Статијата е прочитана 697 пати.

Испрати коментар

Од: mene
Датум: 19.06.2010 13:07:36
Gluposti pisuvate, Vo Skopje, postoese flizersko uciliste uste od pred 30, mozebii povece od 30 god.Tuku kazete deka sega ona saka da si pribira pari od inovacijata na nesto sto e poznato odpamtivek.Stavila novo stilisticko ime i prodava star zanaet na nov nacin so amin na nekoj od vladata. Prekrasno skolstvo i prekrasen sistem napravivte basma, uvezuvate ona sto na zapadot se iskorenuva so god.

Најди! во Утрински
Насловна
Фаталниот македонски триаголник
Тиквешански
Били Ајдол дефинитивно во „Метрополис арена“
Писателите задушени во локалното трло
Пристигна машината за печатење лични документи
Франција засрамена од своите фудбалери
Премиере, го примивме поздравот
ВАЦ останува во регионов
Потрага по гробови
Игуаин, новата машина за голови
Иванов и Медведев се договараа за „Јужен поток“
Северна Кореја на македонски начин
Аргентина, Херкул Поаро и француска салата
Опозицијата се мобилизира за избори
И кучешкиот живот има право на достоинство
Севернокорејците го гледаа мечот со Бразил 17 часа подоцна
Ребалансот ќе ги дораскопа дупките по патиштата
Србија ја победи Германија, Стојковиќ му фати пенал на Подолски
Со име на дивата роза
Сурја намаскар - апотеоза на сонцето
Ден за најголемиот кралски настан во Европа во новиот век