Последна вест
Били Ајдол дефинитивно во „Метрополис арена“
![](WBStorage/Articles/C510291ED06CF648AA02F80ADFEB07EB.jpg)
Поради најавата за лошо време, наместо на скопско Кале, каде што првично, денес (20 јуни) требаше да се одржи долгочекуваниот концерт на легендарниот британски рокер Били Ајдол, истиот се префрла во „Метрополис арена“, информираат организаторите „Авалон продукција“.
За потсетување, променета се однесува само за локацијата на концертот, додека сите други детали остануваат исти, односно важат истите влезници за партер и фан пит.
Вратите на „Метрополис“ ќе се отворат во 19,30 часот, во 21ч. стартуваат гостите на вечерта „Психомодо поп“, а во 22 ч. на сцената се очекува да се појави главната ѕвезда Били Ајдол.
|