Број 3311  сабота, 19 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter

Франција засрамена од своите фудбалери

Тимот без срце и душа не може да се надева на чудо,
туку само на срам, пишуваат француските весници

Од нашиот дописник
Тони Гламчевски

Париз – Француските фудбалери со едната нога се во авионот што ќе ги врати од Јужна Африка. Освен ако се случи чудо во вторник на средбата против домаќините, што ќе им дозволи на побледените триколори да ја продолжат тажната авантура. Но, кога ќе се слушнат и прочитаат реакциите на француските новинари и на обичните Французи, очигледно никој тука не посакува продолжување на оваа несреќна авантура на Светското првенство.

Поразот од екипата на Мексико 2:0 покажа дека тие не заслужуваат да одат подалеку. Или како што напиша „Фигаро“ под насловот „Сините на дното од бездната“, не може да се види како оваа екипа без срце и без душа може да се надева на чудо. „Потребно е фудбалските богови да паднат на теме за да спасат една француска селекција, која не заслужува ништо друго освен да се брука“.

Илузиите направени со изјавите на фудбалерите и нивниот селектор од почетокот на подготовките, се распрснаа како меур од сапуница. Триколорите не се екипа, како и што не беа во 2008 година на Европското првенство во Швајцарија и во Австрија. Во Јужна Африка тие доживеаја исто сценарио како и во Швајцарија, но овој пат пред очите на целиот свет. Капитенот на екипата Патрис Евра призна дека мислеше дека поуките од 2008 година беа извлечени и не мислел дека ќе го загубат мечот на ваков начин.

Се разбира, кога има ваков „блескав неуспех“ се бараат одговорни за тоа. Француското радио смета дека одговорностите се поделени, но на прво место најодговорни се фудбалерите, неспособни да играат заедно поради нивната љубомора. Сериозниот „Ле монд“ непосредно пред вчерашната средба само констатира: „Екипата на Франција: екипа на кланови“. Во периодот кога во Франција речиси половина година се водеше стерилна, но опасна дебата за националниот идентитет, „Ле монд“ констатира дека во „екипата на Франција има кланови: клан на црнците со потекло од Француските Антили, клан на црнците со потекло од Африка, клан на белците, клан на муслиманите, клан на оние што играат во странство, клан на оние што играат во Франција...“.

Играчите се без желба да се надминат себе си за добробит на сите. Контрастот со другите фудбалски селекции присутни во Јужна Африка е голем, доволно е да се видат како играат фудбалерите на Германија, Аргентина, па и поразената Шпанија, за да се види дека тие играат со срце.

Насловите во францускиот печат најубаво зборуваат за играта на нивните фудбалери во Јужна Африка. „Недолично!“, „Недостојно!“, „За жалење!“

Зборовите на француските спортски коментатори и разочарани љубители на фудбалот се жестоки. „Ништожноста на тимот на Франција ги демантира сите дискусии и тврдења на селекторот Рејмонд Доменек и неговите играчи за нивниот силен карактер и нивниот капацитет за реакција“, пишува дневниот спортски весник „Л’екип“. „Изутринава Франција гледа урнатини: тие на нејзината фудбалска селекција“, додава спортскиот весник.

„Нема ниту тага ниту очај ниту, пак, бес. Тоа би било премногу да им се даде на луѓето кои не знаат ништо да подарат“, продолжува „Л’екип“. Весникот, кој не ги штедеше критиките за изборот на селекторот, оди најдалеку оценувајќи дека селекцијата на Франција најверојатно ќе се врати дома многу рано со што ќе го запечати нејзиниот огромен пропуст, пропустот на нејзиниот селектор, на фудбалскиот систем, на една генерација на фудбалери.

„Либерасион“ зборува за кошмар во кој триколорите беа комплетно надминати, тие потфрлија не само на колективно, туку и на индивидуално ниво. „Паризиен“ смета дека француските фудбалери беа патетични. Парискиот весник не се чуди на резултатот постигнат од селекцијата, бидејќи не може да се очекува од неа да се претвори во „фабрика за соништа“ за само еден ден, бидејќи таа никогаш не ги задоволи француските љубители на фудбалот. Тоа не може да се очекува од фудбалерите, кои меѓу себе не се поднесуваат. За „Фран суар“ францу��ките фудбалери го посрамотија националниот дрес и нивното оддалечување од шансите за квалификации ќе остави трајни траги на националната екипа минирана од кланови.


#
Статијата е прочитана 1388 пати.

Испрати коментар

Од: Жарко,Ресен
Датум: 19.06.2010 02:07:29
Франција и Англија имаат толку квалитетни играчи во своите состави,а се вистинско разочарување со игрите кои ги прикажуваат.Играат многу лош фудбал.
Од: Ljubotan -Trade Name!
Датум: 19.06.2010 06:17:48
Nekoj rece vcera;Najlosa Africka reorezentacija na ova Svetsko prvenstvio e Francija. .So drugi zborovi Francia ,bez Francuzi.Isto kako i Vaterpolo na Makedonija ,bez Makedonci,a vcera i Slovenska reprezentacija bez Slovenci! I na ovo cudo treba ,da mu se stavi kraj!
Од: Aleksandar
Датум: 19.06.2010 08:14:12
I treba da se sramat. Kako stignaa na prvenstvoto, podobro i da ne stignea.

Најди! во Утрински
Насловна
Фаталниот македонски триаголник
Тиквешански
Били Ајдол дефинитивно во „Метрополис арена“
Писателите задушени во локалното трло
Пристигна машината за печатење лични документи
Премиере, го примивме поздравот
ВАЦ останува во регионов
Потрага по гробови
Игуаин, новата машина за голови
Иванов и Медведев се договараа за „Јужен поток“
Северна Кореја на македонски начин
Аргентина, Херкул Поаро и француска салата
Опозицијата се мобилизира за избори
И кучешкиот живот има право на достоинство
Севернокорејците го гледаа мечот со Бразил 17 часа подоцна
Ребалансот ќе ги дораскопа дупките по патиштата
Србија ја победи Германија, Стојковиќ му фати пенал на Подолски
Со име на дивата роза
Сурја намаскар - апотеоза на сонцето
За „Леонтиќ“, убавината е сериозна работа
Ден за најголемиот кралски настан во Европа во новиот век