Број 3311  сабота, 19 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter

Иванов и Медведев се договараа за „Јужен поток“

За Ставр��ски соработката не значи дека Македонија влегува под друго влијание, туку е прагматична

Руската енергетска компанија „Гаспром“ се согласи да ја вклучи Македонија во проектот за гасоводот „Јужен поток“, изјави вчера македонскиот претседател Ѓорге Иванов по средбата со рускиот колега Дмитриј Медведев во Санкт Петербург. „Наши експерти имаа анализи дека Македонија останува изолирана од гасоводите ’Набуко‘ и ’Јужен поток‘, но оваа најава отвора можност за добивање евтини енергенси, а ќе значи енергетска стабилност на земјата“, изјави Иванов.

Министерот за финансии, Зоран Ставрески, нагласи дека со изградбата на коридор од „Јужен поток“ кон Македонија, земјата влегува на меѓународната мапа на енергетски транспортни коридори, а дополнително со потпишувањето на договорот за намирување на клириншкиот долг на Русија кон Македонија се отвора вратата за дополнително унапредување на соработката меѓу двете земји. Тој нагласи дека соработката со „Гаспром“, покрај изградбата на кракот од „Јужен поток“, предвидено е да опфати и развој на гасна мрежа низ Македонија и учество на рускиот енергетски гигант во изградбата на гасни електроцентрали и евентуална трансформација на ТЕЦ „Неготино“ во гасна електрана. „Со потпишувањето на договорот за клириншкиот долг Македонија ќе ја унапреди соработката со еден енергетски гигант, како што е ’Гаспром‘ и со Руската Федерација во целина“, нагласи Ставрески.

Тој потенцира дека реализацијата на проектот за гасификација чини околу 300 милиони евра, а еден дел ќе се покрие со клириншкиот долг од 60 милиони долари и со 15 милиони долари што ќе ги вложи Македонија. Според Ставрески, руската страна изразила подготвеност за финансирање и на останатиот дел од средствата, но засега се разгледуваат и други можности за реализација на вкупниот проект. Ставрески нагласи дека соработката со „Гаспром“, не значи дека Македонија влегува „под друго влијание“, бидејќи во економската сфера и во меѓународната политика главен пристап е прагматизмот, а за македонските граѓани е најдобро да постојат алтернативи за обезбедување енергенси. Според него, Македонија ќе направи се' за вклучување во „Јужен поток“, но и во гасоводот „Набуко“, како и во останатите енергетски траси што ги преферира ЕУ. „Гаспром“ наскоро ќе испрати експертски тим, кој ќе ги определи перформансите на гасификацијата, со што ќе се овозможи македонското стопанство да добива евтин гас. Експертскиот тим ќе го утврди и правецот на кракот од „Јужен поток“ низ Македонија, по што би следувало потпишување на меѓувладин договор за реализација на тој проект. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 1266 пати.

Испрати коментар

Од: Gajdar
Датум: 19.06.2010 05:44:12
Citat:"Ставрески нагласи дека соработката со „Гаспром“, не значи дека Македонија влегува „под друго влијание".....Kakva glupava i nediplomarska izjava.Se gleda o od kosmos deka amateri vezbaat da vodat drzava.Da go prasam gospodinot Stavrevski, da objasni podetalno pod cie vlijanie e makedonija vo momentov?Dali toa znaci deka Rusija e vrven neprijatel na Makedonija pa makedonija treba da bide nadvor od nejzinoto vlijanie?Ili treba da bide pod takvo vlijanie za da bide vo situacija da ispraca ziva sila po gudurite na Avganistan ili Irak?
Од: Sekogas tuka za vas
Датум: 19.06.2010 11:41:43
Koga kriminalot e primarna cel na edno vladeenje izjavata "ke storime se samo da se priklucime na magistralniote gasovodi" e frlanje prav vo ocite na javnosta. Veke videno, zosto ovie dosega nisto, ama bukvalno nisto ne napravija za podobra energetska idnina na zemjata!
Од: niki
Датум: 19.06.2010 17:24:27
kako e mozno da se napravi vakov dogovor .PA rusija ne dolzi na vladata tuku na firmi po razni osnovi .koj ke gi plati sredstvata na firmite . znaci sega onie koi gi cekaa sredstvata ke treba da gi baraat parite od vladata.

Најди! во Утрински
Насловна
Фаталниот македонски триаголник
Тиквешански
Били Ајдол дефинитивно во „Метрополис арена“
Писателите задушени во локалното трло
Пристигна машината за печатење лични документи
Франција засрамена од своите фудбалери
Премиере, го примивме поздравот
ВАЦ останува во регионов
Потрага по гробови
Игуаин, новата машина за голови
Северна Кореја на македонски начин
Аргентина, Херкул Поаро и француска салата
Опозицијата се мобилизира за избори
И кучешкиот живот има право на достоинство
Севернокорејците го гледаа мечот со Бразил 17 часа подоцна
Ребалансот ќе ги дораскопа дупките по патиштата
Србија ја победи Германија, Стојковиќ му фати пенал на Подолски
Со име на дивата роза
Сурја намаскар - апотеоза на сонцето
За „Леонтиќ“, убавината е сериозна работа
Ден за најголемиот кралски настан во Европа в�� новиот век