Севернокорејците го гледаа мечот со Бразил 17 часа подоцна
![](WBStorage/Articles/CFEC8C9CE6D5AC45B16CB6CEFE30242B.jpg)
Со 17 часа одложување граѓаните на Северна Кореја го гледаа мечот кој нивните репрезентативци го одиграа против Бразил на СП во Јужна Африка. Двобојот од првото коло во групата Г (2:1 победа на Бразил) почна во среда рано наутро (3.30) по севернокорејско време. Националната телевизија го емитираше истиот ден во снимка која почна во 20.30 часот навечер. Целиот ден државјаните на најизолираната светска нација живееја во незнаење, чекајќи ја снимката за да дознаат како минале нивните миленици.
Во телевизискиот прилог на интернетските страни на лондонскиот „Телеграф“ беше прикажана многу пријатна атмосфера во еден ресторан во Пјонгкјанг, во кој семејствата, со чаша пиво и со широки насмевки ја гледаат снимката на телевизија. Голот што го постигна Јун Нам Ји бил прославен многу гласно. Камерата потоа води едно дете на тренинг во фудбалска академија. Нивниот тренер, инаку бивш репрезентативец, ја запозна нацијата со тимот со кои нивната селекција го одигра првиот меч во Јужна Африка.
„За жал, нашите играчи загубија. Но, Бразил е многу силен. Некои луѓе мислат дека Бразилците може да бидат светски прваци. Од нив загубивме само 2:1. Затоа мислам дека нашите момчиња одработија добро. Пред нас има уште натпревари. Да почекаме уште малку и да видиме како ќе биде на крај. |