Број 3311  сабота, 19 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter

Поглед

Потрага по гробови

Тамара Грнчароска

Косово ни одржа лекција како се трага по сопствените граѓани што исчезнале во вооружен конфликт. Државата, која пред нецели две години се здоби со државност, тргна најбрзо што може по трагата на 1.500 лица, кои ги води за исчезнати во војната во 1999 година. И тоа, ни повеќе ни помалку, туку по некои од нив и на туѓа територија. Во Македонија. Со точни локации на гробовите и приближен број од околу 40 тела во нив, Косово од Македонија побара да ги испита гробиштата „Бутел“ во Скопје и уште четири места во меѓуграничниот простор. Притоа министерот за правда на Косово бара лично да ја види локацијата во Бутел.

Во Македонија пак како за табу тема се молчи за судбината на исчезнати македонски цивили во конфликтот од 2001 година, чија официјална ��ројка е 23. Трагањето по македонските цивили, кое во првите години по конфликтот се правеше поради силниот притисок од јавноста и од нивите роднини, денес девет години потоа има епилог само за тројца од нив, за Димитрие Димовски, Симеон Јакимовски и за Крсто Гогоски, чии тела беа пронајдени во гробницата кај Требош. Судбините на уште девет од 12 киднапирани Македонци од Тетовско и шестемина исчезнати Албанци, остануваат мистерија и случаи заглавени во нечија фиока.

И сега додека македонските власти се подготвуваат да му излезат во пресрет на Косово и да ги проверат наводите за постоење гробови на нивни цивили на наша територија, гробовите на исчезнатите македонски цивили се' уште чекаат да бидат откриени. Заборавени од властите, но не и од нивните семејства и јавноста, судбината на исчезнатите македонски цивили е нешто за што не смее да се молчи доколку се сака, конечно, да се затвори темната страна од поновата македонска историја.


#
Статијата е прочитана 1201 пати.

Испрати коментар

Од: SPIRIDON
Датум: 19.06.2010 08:26:32
Tamarče,dušo,koja e celta na vaj natpis.Pa ne idat be babi i žabi u ist koš.Šo ima Makedonija,ako te razbra,da gi traže "kidnapiranite"od KosovoU pravo si se lugeto šo si gi tražat umrenite.Ako e so diplomatska nota,da ne frlame za đabe prašina,našite neka odgovorat so ista merka,reciprocitet na odnosi,ama ne po nijni terk,belki imame i nija nekoj kriterium,ne se drugi da ni diktirat.A za kidnapiranite,mavrovskite,Vejce sami sme si krivi,šo dremat site šo do sea se menea na vlas,čuvat si ja foteljata preku koalicijata.Taja problemi se isklučivo naši i ako imame dobles treba da si rešeme sami.
Од: јас
Датум: 19.06.2010 09:52:45
И Косово , иако вештачки создадена држава , има повеќе државнички осет и однесување од овие наши недоквакани портокали...

Најди! во Утрински
Насловна
Фаталниот македонски триаголник
Тиквешански
Били Ајдол дефинитивно во „Метрополис арена“
Писателите задушени во локалното трло
Пристигна машината за печатење лични документи
Франција засрамена од своите фудбалери
Премиере, го примивме поздравот
ВАЦ останува во регионов
Игуаин, новата машина за голови
Иванов и Медведев се договараа за „Јужен поток“
Северна Кореја на македонски начин
Аргентина, Херкул Поаро и француска салата
Опозицијата се мобилизира за ��збори
И кучешкиот живот има право на достоинство
Севернокорејците го гледаа мечот со Бразил 17 часа подоцна
Ребалансот ќе ги дораскопа дупките по патиштата
Србија ја победи Германија, Стојковиќ му фати пенал на Подолски
Со име на дивата роза
Сурја намаскар - апотеоза на сонцето
За „Леонтиќ“, убавината е сериозна работа
Ден за најголемиот кралски настан во Европа во новиот век