Број 3311  сабота, 19 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter

Ребалансот ќе ги дораскопа дупките по патиштата

Со корекцијата на буџетот, Агенцијата за државни патишта ќе остане покуса за околу 18 милиони евра

Билјана Ангеловска



Очајната состојба со магистралните патишта во Македонија уште извесен период ќе им ги кине нервите на граѓаните, бидејќи државата се' помалку е во можност да се грижи за нивно одржување и за реконструкција. На изградба на нови патни правци, пак, се чини ќе се изначекаме, бидејќи за такво нешто, пари или има се' помалку или едноставно нема. Со најавениот ребаланс на буџетот, касата на Агенцијата за државни патишта ќе остане покуса за приближно 18 милиони евра. Поточно, наместо првично проектираните нешто повеќе од 6,5 милијарди денари, сега, до крајот на оваа фискална година ќе има на располагање околу 5,4 милијарди, или 1,1 милијарди денари помалку.

Најголемо зафаќање ќе има токму во делот на изградба и реконструкција на патиштата, каде што сумата со која сега ќе располага Агенцијата е за близу 800 милиони денари, или за 12,7 милиони евра помала отколку што беше предвидено со првата верзија на буџетот. Агенцијата ќе може да купува опрема и машини во вредност од само 26.000 евра, бидејќи наместо првично предвидените 4 милиони денари, сега за оваа намена и' се даваат 1,6 милиони, а многу се намалува и ставката договорни услуги и тоа од 190 на 45 милиони денари.

Скусувањето на парите, особено на оние предвидени за изградба и за реконструкција на патиштата, ќе влијае врз динамиката на реализација на проектите. Така, голем дел од активностите што беше планирано да финишираат до крајот на оваа година, сега поради намалениот буџет ќе бидат пролонгирани за во наредната година, па ќе бидат комплетно завршени во текот на 2011 година.

„Според оваа динамика, во текот на следната година е предвидено да биде целосно завршена изградбата на регионалните делници Коњско - Кожуф, Коломот - мост с. Близанско (патот за Порече) и изградбата на делницата Радовиш - Струмица“, велат во Агенцијата за државни патишта.

Инаку, моментно во тек е реализацијата на проектот за реконструкција на 11 регионални делници од кои три се веќе готови, и тоа делниците Лакавица -Неготино (33,40 км), Давидово - Раброво (13,40 км) и Струга - Дебар (24,20 км), а останатите осум делници се планира да бидат завршени до октомври годинава. Станува збор за околу 200 километри регионални патишта. Исто така, до октомври треба да заврши и изградбата на делницата Табановце - Куманово, која е дел од Коридорот 10, а при крај е и обиколницата на Охрид.

Ребалансот ќе ја подиспразни и касата на Министерството за транспорт и врски, која до крајот на годинава ќе биде полесна за цели 6,5 милиони евра. Така, буџетот на Министерството сега ќе изнесува малку над 1,3 милијарди денари, или околу 21,3 милиони евра.

Големо намалување има во ставката социјални станови, каде што првично проектираната сума од 215 милиони денари сега е речиси преполовена на 128 милиони, а двојно се скусени и парите наменети за изградба на жичарницата во Скопје од Средно Водно до Милениумскиот крст, и тоа од 358 милиони, на 178 милиони денари. За 80 милиони денари, пак, или за 1,3 милиони евра е намалена и ставката за набавка на автобуси за јавниот градски превоз во Скопје за оваа година.

Што, практично, ќе значат сиве овие намалувања во буџетот на Министерството и како тие ќе се одразат на веќе започнатите проекти, дали ќе се забави или можеби ќе се пролонгира нивната реализација, засега не е јасно. Од Министерството накусо ни беше одговорено само дека распределените средства што се однесуваат на проектите кои се веќе започнати нема да влијаеле на нивната реализација, туку само ќе била изменета динамиката на нивната исплата. Дали тоа значи дека, на пример, ќе се пролонгира испораката на првата тура автобуси што скопјани толку долго ги чекаат, останува да се види. Бидејќи договорот предвидува исплатата да се изврши веднаш штом ќе биде извршена испораката. (Б.А.)


#
Статијата е прочитана 844 пати.

Испрати коментар

Од: spire
Датум: 19.06.2010 07:14:42
Што ќе ни се патишта??? На Македонија и требаат споменици и историја вели Великиот ни Грујо и верната дружина...............
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 19.06.2010 08:01:48
ЌЕ правиме патишта,ЌЕ донесеме благосостојба и економска преродба, ЌЕ ставиме крај на митото и корупцијата, Ќе ве ...да ми простите ова последното не го кажаа јавно но ни го прават. Пастирот си говоди своето стадо,а стадо ко стадо...
Од: sk 63
Датум: 19.06.2010 11:09:45
Kako moze da ima nedostig na pari za odrzuvanje na patistata,koga vo drzavnata kasa se slevaat ogromni sredstva.Pocnuvajki od patarinite,preku delot vgraden vo cenata na gorivoto za odrzuvanje na patnata mreza,od registracuijata na motorni vozila i razni drugi davacki.Ocigledno e deka sredstvata nenamenski se trosat i se raboti nedomakinski.Drzavata taka se odnesuva nezavisno koja poiticka partija e na vlast i toa trae veke dvaesetina godini,od osamostojuvanjeto i po se izgleda taka ke bide i vo idnina.!!

Најди! во Утрински
Насловна
Фаталниот македонски триаголник
Тиквешански
Били Ајдол дефинитивно во „Метрополис арена“
Писателите задушени во локалното трло
Пристигна машината за печатење лични документи
Франција засрамена од своите фудбалери
Премиере, го примивме поздравот
ВАЦ останува во регионов
Потрага по гробови
Игуаин, новата машина за голови
Иванов и Медведев се д��говараа за „Јужен поток“
Северна Кореја н�� македонски начин
Аргентина, Херкул Поаро и француска салата
Опозицијата се мобилизира за избори
И кучешкиот живот има право на достоинство
Севернокорејците го гледаа мечот со Бразил 17 часа подоцна
Србија ја победи Германија, Стојковиќ му фати пенал на Подолски
Со име на дивата роза
Сурја намаскар - апотеоза на сонцето
За „Леонтиќ“, убавината е сериозна работа
Ден за најголемиот кралски настан во Европа во новиот век