Скарлет Јохансон
Заврши романсата со Шон Пен?
Сексапилната актерка Скарлет Јохансон и нејзиниот двојно постар љубовник Шон Пен се разделиле. Причината за разделбата засега не е позната. За магазинот „Пипл“ ова го потврдил неименуван извор. Актерите се' уште не се огласиле за ова прашање.
Гласиштата за разделбата започнале уште за време на Канскиот фестивал кога Скарлет не се појави на премиерата на филмот „Дрво на животот“, каде што Шон Пен, покрај Бред Пит, глуми една од главните улоги. Тогаш Скарлет, наводно, била зафатена со снимањето на филмовите „The Avengers“ во Њу Мексино, како и вториот дел на „Iron Man“.
Љубовта меѓу овој пар згасна, речиси толку брзо како и што се распламти. Тие се запознаа во јануари годинава, станаа добри пријатели, за веќе во февруари да почнат да се забавуваат. Шон и' помогна на Скарлет да ја преброди кризата по разводот од Рајан Рејнолдс. Тие двајцата првпат официјално заедно се појавија на свадбата на Рис Витерспун и Џим Тот пред неколку месеци.
Во април се зборуваше дека Скарлет се вселила во пентхаусот на Шон, вреден 3,8 милиони долари и дека создала совршен однос со неговите деца од претходниот брак: 20-годишната ќерка Дилан и 17-годишниот син Харпер. Соседите ќе ги гледале на утрински џогинг или како прегрнати се враќале дома. Сепак, се чини дека сето тоа не било доволно... |