Развој
Каде се живее најдобро во Европа?
Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) ја поведе иницијативата „Подобар живот“, истражувајќи ги разните аспекти на животот што влијаат на општото добро на општествата на одредени земји. Освен факторот, како што е, на пример - доходот, ОЕЦД за секоја земја ги зел предвид рамнотежата меѓу работниот и приватниот живот. Индексот за подобар живот е пресметан со помош на три фактори: 1 - количество време потрошено на лични активности, 2 - процент на вработени жени со деца меѓу 6 и 14 години, 3 - број на вработени, кои на работното место минуваат повеќе од 50 часа неделно. Просечниот Европеец работи по 1.739 часа, или 217 дена во годината и 64 отсто од денот троши на слободни активности. Прва на тоа скалило се наоѓа Данска.
1. Данска - Индексот на рамнотежата меѓу работата и слободното време во Данска е 9,1. Времето посветено на слободни активности е 15,31 час. Процентот на вработени жени со деца од 6 до 14 години - 78 отсто. Вработените кои на работното место минуваат повеќе од 50 часа неделно - 0,02 проценти.
2. Норвешка - Индексот на рамнотежата меѓу работата и слободното време - 8.8. Времето посветено на слободни активности е 16,05 часа. Процентот на вработени жени со деца од 6 до 14 години - 79 отсто. Вработените кои на работното место минуваат повеќе од 50 часа неделно - 0,03 проценти.
3. ХоландиJа - Индексот на рамнотежата меѓу работата и слободното време - 8.7. Времето посветено на слободни активности е 16.06 часа. Процентот на вработени жени со деца од 6 до 14 години - 75 отсто. Вработените кои на работното место минуваат повеќе од 50 часа неделно - 0,01 проценти.
4. Финска - Индексот на рамнотежата меѓу работата и слободното време - 8.4. Времето посветено на слободни активности е 15.59 часа. Процентот на вработени жени со деца од 6 до 14 години - 76 отсто. Вработените кои на работното место минуваат повеќе од 50 часа неделно - 0,4 проценти.
5. БелгиJа - Индексот на рамнотежата меѓу работата и слободното време - 8.4. Времето посветено на слободни активности е 16.61 часа. Процентот на вработени жени со деца од 6 до 14 години - 63 отсто. Вработените кои на работното место минуваат повеќе од 50 часа неделно - 0,04 проценти.
6. ШваJцариJа - Индексот на рамнотежата меѓу работата и слободното време - 8.2. Времето посветено на слободни активности е 15.74 часа. Процентот на вработени жени со деца од 6 до 14 години - 79 отсто. Вработените кои на работното место минуваат повеќе од 50 часа неделно - 0,06 проценти.
7. Шведска - Индексот на рамнотежата меѓу работата и слободното време - 8.1. Времето посветено на слободни активности е 15.48 часа. Процентот на вработени жени со деца од 6 до 14 години - 76 отсто. Вработените кои на работното место минуваат повеќе од 50 часа неделно - 0,01 проценти.
8. ГерманиJа - Индексот на рамнотежата меѓу работата и слободното време - 8.0. Времето посветено на слободни активности е 16.14 часа. Процентот на вработени жени со деца од 6 до 14 години - 66 отсто. Вработените кои на работното место минуваат повеќе од 50 часа неделно - 0,05 проценти.
9. ПортугалиJа - Индексот на рамнотежата меѓу работата и слободното време - 7.7. Времето посветено на слободни активности е 15.8 часа. Процентот на вработени жени со деца од 6 до 14 години - 67 отсто. Вработените кои на работното место минуваат повеќе од 50 часа неделно - 0,05 проценти.
10. ФранциJа - Индексот на рамнотежата меѓу работата и слободното време - 7.0. Времето посветено на слободни активности е 16.06 часа. Процентот на вработени жени со деца од 6 до 14 години - 68 отсто. Вработените кои на работното место минуваат повеќе од 50 часа неделно - 0,09 проценти.
|