Број 3598  понеделник, 06 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Добра оценка за изборите од меѓународните набљудувачи

06.06.2011, 16:29

Вчерашните предвремени парламентарни избори беа конкурентни, транспарентни и добро спроведени во целата земја, но одредени аспекти како што е недоволно јасната одвоеност меѓу државата и партијата бараат дополнително внимание, е прелеминарната оценка на меѓународните набљудувачки мисии на ОБСЕ и ОДИХР, Парламентарното собрание на ОБСЕ и на Парламентарното собрание на Советот на Европа што беше соопштенa на денешната прес-конференција во Скопје.

На денот на изборите гласачите имаа можност слободно да го изразат својот избор во мирна атмосфера и покрај присуството на некои тврдења за нерегуларности од страна на политичките партии. Процесот на гласање и броење на гласовите во голема мера се оценува како позитивен без значителни разлики во средините со македонско и етнички албанско население, се наведува во заклучокот.

- Овие избори го поставија камен темелникот за стабилна демократска иднина, рече Роберто Батели, специјален координатор кој ја води краткорочната набљудувачка мисија на ОБСЕ.

Шефот на делегација на ПССЕ Жан Шарл Гардето се осврна на медиумската покриеност на избирачкиот процес, нагласувајќи дека медиумите треба да избегнуваат ситуации во кои тие служат како инструмент на пропаганда за интересите на бизнис секторот, политичките партии или владата.

Според Џулијан Пил Јејтс, шеф на долгорочната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР, пофалба за придонесот за главно мирниот и добро спроведен изборен процес заслужуваат гласачите и членовите на избирачките органи на сите нивоа од општинските изборни комисии до ДИК.

- Ниту едни избори не треба да се гледаат црно или бело, туку треба да се оценуваат преку нијанси на сиво и токму така го оценивме овој изборен процес низ нијанси на сивата боја, рече Јејтс.

За наводите за заплашување на гласачите, меѓународните набљудувачи со став дека им недостасувала цврста поткрепа, но оти кампањите за мобилизација на гласачите, особено оние на владеjачката партија, честопати не ги раздвојувале соодветно партиските од државните активности. Набљудувачите исто така забележаа случаи на злоупотреба на државни ресурси и ги оценија како кредибилни наводите за притисоци врз државните и јавните службеници за поддршка на владеачката коалиција, се вели во извештајот.

- Наводите за заплашувањата и притисоците е многу лесно да се покренат, но многу тешко се докажуваат, рече Јејтс одговарајќи на новинарско прашање и посочи на случајот што беше поднесен до Јавниот обвинител, а кој ден пред изборите беше отфрлен како неоснован.

Во однос на гласањето на дијаспората Јеитс посочи дека тие не биле во можност да го следат гласањето на дијаспората, што е нов механизам на гласање на овие избори, при што забалежале скромен одѕив на вкупно 7.258 гласачи. - Еднаквоста е многу важен меѓународен стандард и ова гласање имаше големо влијание во тој поглед, рече Јејтс нагласувајќи дека на ова прашање ќе се осврнат во конечниот извештај.

Во однос на избирачкиот список, Гардето оцени дека постигнат е прогрес, но оти претсои уште работа што треба да се заврши и посочи дека претстојниот попис ќе помогне ова прашање да се затвори.

Набљудувачите забележале дека основните слободи беа почитувани и кандидатите беа во можност слободно да ја спроведат кампањата. Главниот тон на кампањата, пак, оценуваат дека бил мирен и воздржан низ целата земја.

Меѓународниот тим набљудувачи позитивна оценка искажаа за соработка со властите на сите нивоа во текот на целиот процес.

Конечниот извештај за набљудувањето за процесот на предвремените парламентарни избори во Македонија со препораките за негово евентуално подобрување ОБСЕ/ОДИХР ќе го објави за два месеца


#
Статијата е прочитана 247 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Насловна
ВМРО-ДПМНЕ ги доби трите мандати во дијаспората
Славата, митот и крвта на ВМРО (7)
Каде се живее најдобро во Европа?
Ливчето се сликало, списокот се читал наглас...
Беспарицата ги растура браковите
Не е време за големи прослави
Заврши романсата со Шон Пен?
Нова Влада до 10 август
Завршува магијата на Груевски
Живот на дијализа загорчен и со жолтица
Шварценегер ја изневеруваше сопругата и со мене
Протести по смртта на 23-годишниот Даниел
Замина Лоренс од Македонија
Гага-викенд на Водно
Приведен Љубе Бошкоски
Шара магнет за туристи
ДИК: ВМРО-ДПМНЕ освои 56 пратеници, СДСМ 42, ДУИ 15, ДПА 8
Молчат, трпат и не кажуваат кој ги тепа!
На Скопје му требаат прогресивни урбанистички идеи
Јован Манасиевски поднесе оставка
Карикатура
Изречени мерки за медиумите што го прекршиле молкот
Поскапува дизелот за еден денар
Онлајн вести

"""