|
|
|
|
|
|
ЕДИТОРИЈАЛ
Не е време за големи прослави
Александра М. Митевска
Грмотевиците во Скопје синоќа се мешаа со звуците од сирените на автомобилите на поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ, кои почнаа да слават победа само еден час по затворањето на гласачките места. Но, нивните „идоли“ од владината зграда добро знаат дека не е време за големи прослави.
Седмите парламентарни избори не резултираа со комплетно делегитимирање на власта. ВМРО-ДПМНЕ ја ожнеа шестата едноподруго изборна победа, трета на парламентарни избори. Но, на владејачката партија, ако се суди според првичните резултати, овој пат не и' се исполни желбата - 62 мандата за неа станаа недостижна цел. Удобноста во идната влада, што таа би ја формирала, пак, стана мисловна именка. Големата слика за изборите 2011 денес, по спласнувањето на првичната еуфорија, ќе почне да станува појасна и ќе почне да се наѕира на какви се' отстапки кон потенцијалните партнери ќе биде принуден изборниот победник.
Опозицијата, која го запали фитилот за предвремени избори, не успеа да го подигне антивладиното расположен��е до ниво кое би значело „трескање од земја“ на водечката десница, која ја живее петтата година на „Илинденска“. Сепак, резултатите од изборите, иако првични и неофицијални, покажаа дека опозицијата, која долго време се давеше во внатрешна криза, закрепнува, така што успеа да ја нагризе неприкосновената позиција на ВМРО-ДПМНЕ и да го поправи скорот во дел од бастионите што ги губеше драматично во 2008 и во 2009 година. Но, очигледно, требаше да помине уште време за таа да стане фаворит.
Најголема придобивка од вчерашниот изборен ден, всушност, е тоа што се подзачисти дамката што ни остана како наследство од 2008 година, иако за таа целосно да исчезне ќе треба да почекаме да заврши целиот процес.
Изборниот ден, што го карактеризираше масовна излезност уште од отворањето на гласачките места, донесе своевидна катарза по тензичната и агресивна кампања во која никој не го штедеше политичкиот противник. Во која се извадија многу валкани алишта и без пардон се чепкаше и по приватноста на кандидатите, како што и предвреме се стави под сомнеж целиот изборен процес со вадењето списоци на „уценети гласачи“.
Допрва ќе се види овие дали овие предвремени избори навистина се решение за политичката криза во кој со месеци се прпелка државата, и покрај комодитетот со кој располагаше досегашната владејачка гарнитура, од аспект на нејзината застапеност во парламентот, но и во локалната власт.
Победниците на овие избори или оние што ќе ја формираат идната извршна власт не можат со целиот жар да му се препуштат на славењето. Тоа што на спротивната страна сега ќе имаат многу побројна и помоќна опозиција моментно е најмалиот проблем! Многу поголеми проблеми што се камуфлираа во предизборието ќе зачукаат на портите на „Илинденска“ веќе во првата половина на август, кога идните министри ќе влезат во владината зграда.
Огромна задолженост на државата кон странство, долгови кон домашните компании, економија што стагнира, голема невработеност... Кога кон тоа ќе се додаде клучниот проблем - спорот со името, како главна причина за загрозените евроатлантски перспективи на државата, како и партизираноста на администрацијата, поделеноста на граѓаните по сите основи, искривената слика на демократијата во земјата, јасно е дека причините за славење се помалобројни од причините зошто уште денес треба да се бара патот кон излезот. |
#
|
Статијата е прочитана 2014 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: USA |
Датум: 06.06.2011 01:08:17 |
|
Rezultatite se tie sto se. Zatoa sto so istite pobedi VMRO DPMNE ne e dovolno, a SDSM da go postignese ovoj rezultat ke bese kolosalno. Uste prviot den li gi vrtite rabotite. |
|
|
|
|
|
|
Од: Alek |
Датум: 06.06.2011 03:50:55 |
|
ke puknite od maka,ama toa uste 4 godini ke dremite vo opozicija |
|
|
|
|
|
|
Од: Аирлија изборите |
Датум: 06.06.2011 05:40:56 |
|
За тоа како ќе се решаваат некои од проблемите веќе има навестување. Бројот на невработени ќе се преполови: „Од бројката на невработени ќе се одделат лицата што се невработени, а истовремено и студираат, примаат паричен надоместок од Бирото за вработување...Како невработени лица, најверојатно, нема да се сметаат ниту лицата што се под Биро за вработување, а се постари од 50 години. “ А касата на Фондот за здравство ќе се растерети така што „Бесплатни сини картони ќе можат да добијат само невработени чии семејства претходната година живееле со приход кој не е поголем од 11.000 денари месечно. “ |
|
|
|
|
|
|
Од: zoki |
Датум: 06.06.2011 06:28:00 |
|
A vie, mlada gospogjice se raduvate na faktot sto gruevski nema komforna prednost od 62 pratenika I sega ke mora da pravi kompromisi so Ahmeti??? Ubavo. Drugo, greska ste deka ekonomijata e vo stagnacija... pamtete do naesen I ke vidime dali ke stagnira ili ke ima golem porast. Ke pricekame. |
|
|
|
|
|
|
Од: asanbey |
Датум: 06.06.2011 06:53:58 |
|
ova e najtragicniot moment za grujo i izgubenite makedonci. ce mora grujo da go smeni imeto, ce mora da najde pari za onie silni zgradi da gi dogradi, ce mora da im dade plati na onie sto gi vraboti vo administracijta. a ne ce moze zatoa sto site slavini od zapad ce bidat zatvoreni. no makedonceto e prirodno slepo i nikogas nema da progleda. |
|
|
|
|
|
|
Од: ФЕЛИКС |
Датум: 06.06.2011 07:28:55 |
|
Нема потреба од ладни облоги на помодрените отечени места на опозиц��онерите.Треба да се запрашате зошто ова се случува по 5-ти пат и кој е виновен за сиот овој дебакал.По мене треба да отсега се пишува за кадровски промени во опозицијата кој можеби ќе и донесат подобар резултат.Имам предлог лидерот-спасител конечно да си оди со се неговите големи подржувачи.Додека г-ѓа Шеќеринска да се ослободи од неговите ,,канџи,,повраток на Поповски и др.П.СДрага Феличита ,,попили сте пет са луком,,наздравјееееееее. |
|
|
|
|
|
|
Од: sime |
Датум: 06.06.2011 08:06:24 |
|
Narodot go kaza svojot zbor,sega ostanuva da vidime kakvi ke bidat rezultatite od doverbata sto im ja dade narodot na vmro dpmne.Da se nadevame na malku podobro? |
|
|
|
|
|
|
Од: jovan |
Датум: 06.06.2011 08:52:11 |
|
Nekoj i ima sto da slavi. Si obezbedi sigurni novi 4 godini. Mozebi razlikata ne e tolku golema kolku sto bese, no siptomaticno e sto na politickata scena gi snema skoro site drugi partii.Ostanaa samo ovie dvete, pa nikoj so nikogo ne ke moze koalicii da pravi, sto mu obezbedi na VMRO sigurno vladeenje.Ostanuva cudno deka skoro nitu edna od pomalite partii ne dobija pratenici, a cudno e i sto kaj Albanskite glasaci izlezenosta bese daleku pomala od Makedoncite,a dobija povtorno ist broj pratenicki mesta.Sepak"mirisa"na nesto. |
|
|
|
|
|
|
Од: Jasmin |
Датум: 06.06.2011 11:37:17 |
|
Ajde ajde zosto ne e vreme a da pobedese skm-pdp ke bese oti ,oti ne sme so vmro pa i oni se makedonci neli a se politicki protivnici dosta so mozok perenje barajte odgovornos vo sobranieto na skm-pdp ne vo vmro izbori se a gi barase branko a koj e sega vinovnik se znae vmro e uste ziveete vo komunizam ,ovaa avantura skapo ke kosta ne samo skm-pdp tuku cel narod i netreba da se zaboravi toa se golemi i ne potrebni trosoci koj zavrsija so neuspeh za srejka a i kriminalot ke se vratese i pocnese da cúti zosto skm-pdp ne samo sto zastana vo odbrana na kriminalot tuku i go podrza,tuka e seta vistina okolu ovie izbori.Covecki e da mu posakate srejka i zdravje na pobednikot podobar e. |
|
|
|
|
|
|
Од: Milan |
Датум: 06.06.2011 12:19:26 |
|
Dobro e sto VMRO-DPMNE nema da se mnogu "komotni"ke imaat jaka opozicija.CDSM sega e vece jasno kako den ke mora da gi otkaze uslugite na Crvenkovski , da go proglasi za pocesen predsedatel a i bogami eden kup okolu nego treba da si idat.Mislam deka da ne bese Branko ke mozese uste nekoj glas da se dobie. |
|
|
|
|
|
|
Од: deli |
Датум: 06.06.2011 13:02:18 |
|
Za "asanbey": kratko i jasno, točno taka mislam. KE VIDIME, što ke izleze vo idninata. Vremeto si ide napred, ne nazad. Poz. |
|
|
|
|
|
|
Од: Трпе |
Датум: 06.06.2011 13:04:19 |
|
Незнам на што се радуват дпмне-овците.Иако свадбата им беше успешна но проблемите започнуват од понеделникот.Свадбата беше успешна ама ги презадолжија младоженците.Честитки за напредокот на СДСМ иако народот не знаеше добро да ги свати.Овој успех е подобар отколку победата.Нека му ја мислат мистер мр Рејтинг како ке ја вадат од калта државата.Добро беше познато, дека кој и да дојде на власт по овој карамбол кој го направија ,повеќе ќе изгубеа од својот рејтинг и авторитет, отколку да работат нешто корисно.Вината ке мораше да ја носат тие ,на друг кој ги направил грешките не однесувајки се домакински. |
|
|
|
|
|
|
Од: eli |
Датум: 06.06.2011 13:33:19 |
|
Vie go zgresivte naslovot i vremeto za komentar. Trebase toa da bide "NE E VREME ZA PREDVREEMNI IZBORI" |
|
|
|
|
|
|
Од: VELESANKA |
Датум: 06.06.2011 14:24:58 |
|
Gospogo Mitevska pobeda e i so eden glas povece a na onie sto ne im odgovara bozem ce go zalat Gruevski kako ce se spravi ne berete gajle gledajte si ja rabotata i se ce bide vo red. Za site istomislenici rezultat na fudbalski natprevar od 1:0 ne e pobeda a da bese obratno ce letavte na mars da se nebivratele da bog da |
|
|
|
|
|
|
|
|