Број 3598  понеделник, 06 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Ливчето се сликало, списокот се читал наглас...

Во Шуто Оризари најмногу внимание привлекуваше тоа што дел од граѓаните доаѓаа на гласање со автомобили означени со броеви

Прекршување на молкот, фотографирање на гласачкото ливче, сомневања за „бугарски воз“, семејно гласање, повредени набљудувачи, поплаки од гласачи... И вчерашното гласање го следеа повеќе неправилности и помали инциденти, за што алармираа невладините организации што ги следат изборите, а претставки стигнале и во канцелариите на народниот правобранител.

Во Велес бил спречен „бугарски воз“. Членовите на Избирачкиот одбор од гласачкото место 2.166 во Велес пронашле заокружено гласачко ливче зад параванот. Според нив, и покрај тоа што ливчето било пронајдено зад параванот, било ставено во кутијата. Наспроти ова, од Општинската изборна комисија им рекле дека ливчето го прогласиле за неважечко. Претседателката на Општинската комисија првично немала информации за овој случај. Од истиот штаб обвиниле и дека во избирачкото место 2.158 во Велес, каде што на еден гласач, за кого се утврдило дека претходно веќе гласал на друго мест��, му било дозволено повторно да гласа.

Гласањето на едно избирачко место во Штип почнало во 8 часот поради тоа што во близина не бил отстранет пропаганден материјал на две политички партии. Во Кичево во близина на гласачко место биле забележани партиски активисти што вршеле притисок врз гласачи.

Од „Цивил“ јавија за расправија на избирачко место во Арачиново, при што интервенирала и полицијата.

Во саботата вечерта, како и вчераутро низ повеќе градови во државата биле расфрлани летоци со навредлива содржина за лидерот на СДСМ, при што гласачите биле повикувани да гласаат за листата број 13, иако социјалдемократите беа позиционирани на 10. место на избирачкото ливче.

Набљудувачите и регионалните канцеларии на „Мост“ забележале повеќе нерегуларности , меѓу кои и гласно читање на избирачите од Избирачкиот список и групно гласање. На изборен пункт во скопски Аеродром, поради неажурираност на Избирачкиот список и промена на податоци во личните карти, четворица гласачи не можеле да гласаат. Во истата општина на избирачко место во Долно Лисиче недостасувале две гласачки ливчиња, за што била известена и Општинската изборна комисија.

На гласачки места во Кисела Вода и во Аеродром, член на Избирачкиот одбор гласно ги читал имињата на гласачите.

Евидентирани се и случаи на фотографирање на ливчето зад параванот, случаи што биле забележани во Кавадарци, Штип и во Бутел.

Гласно се читале имиња на гласачите и на избирачки места во Радовиш, но по реакција на претставник од политичка партија, гласањето продолжило регуларно. На друго избирачко место во оваа општина, набљудувач на политичка партија стоел зад параванот, при што гласачите покажувале за кој гласале. По реакција на набљудувач од друга партија, „набљудувањето“ на гласачките ливчиња било прекинато.

На гласачкото место во општината Бутел, еден гласач зад параванот го сликал ливчето. Реагирал претседателот на Избирачкиот одбор, кој му рекол на гласачот дека нема да му дозволи да го стави ливчето во кутијата ако не ја избрише фотографијата. Откако ја избришал, му било дозволено да го стави ливчето во гласачката кутија.

Во Дебарца тричлено семејство изнело три ливчиња од гласачкото место зашто ги немало во Избирачкиот список. По реакција на Избирачкиот одбор и интервенција на полицијата, ливчињата се одземени и однесени во полиција. Во Струга, пак, е забележано семејно гласање, така што во пет регистрирани случаи се искористени 14 гласачки ливчиња, додека на неколку гласачки места во општината Ресен е забележано делење пропаганден материјал. Во Гостивар биле евидентирани повеќе случаи на семејно гласање.

Овластен набљудувач на опозициска партија вчера тврдеше дека бил нападнат од неколкумина активисти на владејачка партија. Според него, некои лица го тегнеле пред избирачкото место 2.262 во Штип. Тој вели дека му нанеле и повреда по раката. „Бев нападнат од неколкумина активисти од владејачката партија, кои сакаа физички да се пресметаат со мене и ми нанесоа физичка повреда. Излегоа од возила со бугарски таблички и физички ме нападнаа“, вели Илија Димишков.

ВМРО-ДПМНЕ се пожали на повеќе нерегуларности и прекршувања на изборните норми. Поради тоа, Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ до Државната изборна комисија испрати повеќе претставки. (П.Р.)


#
Статијата е прочитана 2946 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
ВМРО-ДПМНЕ ги доби трите мандати во дијаспората
Славата, митот и крвта на ВМРО (7)
Каде се живее најдобро во Европа?
Беспарицата ги растура браковите
Не е време за големи прослави
Заврши романсата со Шон Пен?
Нова Влада до 10 август
Завршува магијата на Груевски
Живот на дијализа загорчен и со жолтица
Шварценегер ја изневеруваше сопругата и со мене
Протести по смртта на 23-годишниот Даниел
Замина Лоренс од Македонија
Гага-викенд на Водно
Приведен Љубе Бошкоски
Шара магнет за туристи
ДИК: ВМРО-ДПМНЕ освои 56 пратеници, СДСМ 42, ДУИ 15, ДПА 8
Молчат, трпат и не кажуваат кој ги тепа!
Изборите добро спроведени, оценка на меѓународните набљудувачи
На Скопје му требаат прогресивни урбанистички идеи
Јован Манасиевски поднесе оставка
Карикатура
Изречени мерки за медиумите што го прекршиле молкот
Поскапува дизелот за еден денар
Онлајн вести

"""