Број 3598  понеделник, 06 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Шара магнет за туристи

Природните убавини нудат идеални услови и за развој на селскиот туризам

Гојко Ефтоски


ТЕТОВО - „Цела Шар Планина, од врвот Љуботен, па се' до Маврово има идеални услови за развој на туризмот преку целата година, и во зима и во лето. Посебно внимание треба да се посвети на селскиот туризам што подразбира традиционален пречек на гости, понуда на еколошка храна, организирани прошетки по падините на Шара“, вели Јован Божиновски, претседател на планинарското друштво „Љуботен“ од Тетово. Тој тврди дека само преку ова планинарско друштво годишно биле организирани осум јавни посети на познатите туристички места и планински врвови: Три Води, Беловишки Водопади, Титов Врв, Ливадичко Езеро, Љуботен, а учествувале најмалку 2.000 планинари од пошироките балкански простори. Шарпланинскиот масив се протега на околу 1.600 квадратни метри од кои 57 проценти од јужниот дел и' припаѓа на Македонија, а останатите на Косово.

Природните убавини, богатството на флора и фауна, можноста за рекреирање, обилните шумски плодови, особено јагоди и боровинки се само дел од поводот што предизвикува интерес и за странско партнерство во планинскиот развој на Шар Планина.

„Преземаме се' за да ги промовираме убавините на Шара. Веќе почнуваат да се реализираат и конкретни проекти поддржани од странство. Остваруваме одлична соработка со Француската алијанса, која издаде водич на македонски, албански, француски и англиски јазик. Италијанската амбасада посредуваше за соработка со Трст, хрватски Вараждин подготвува инвестиции на Шар Планина, а Турција, преку својата амбасада, веќе инвестира во Тетово“, вели градоначалникот на Тетово, Сади Беџети.

Спортските работници од овој град, особено оние на кои планината им е посебна опсесија, сметаат дека е неминовна поголема соработка и координација со невладиниот сектор, особено во изработка на стратегија за развој на планинскиот туризам и подобрување на инфраструктурата. Во тие рамки е и предлогот за прогласување на Шар Планина како национален парк.

Планинарството и летниот туризам на Шар Планина се посебно интересни поради големиот број врвови. Шара е највисокиот планински масив на Балканот со над 15 врва што надминуваат 2.500 м. надморска височина. Сепак, нејзин бисер е Попова Шапка со блиските излетишта, особено Лешница и Јелак. Овде летата се се' попривлечни.

Од Друштвото за угостителство и туризам „Попова Шапка“ велат дека имаат секојдневни групни посети и престои не само од Македонија, туку и од странство. Помали групи планинари или само љубители на планината се чести гости, а ги има и од Чешка, Русија, Бугарија, Унгарија, Грција и од државите што произлегоа од поранешна Југославија. Од овој туристички центар најавуваат дека летово ќе биде изградена жичница-шестосед. Исто така, ќе се организираат и планинарски велосипедски тури.


#
Статијата е прочитана 1329 пати.

Испрати коментар

Од: Ѓорѓи
Датум: 06.06.2011 11:23:52
Луѓе, Шар Планина има навистина убава природа, ама пред да стигнеш до населбата, првин поминуваш низ неколку диви депонии покрај патот. Плус, горе, кај хотелот и населбата, има еден куп помали депонии и ѓубришта. Ако тоа не се исчисти, џабе е што ќе дојдат туристи, зашто ќе се запрепастат од она што ќе го видат. Досега двапати бев на Шар Планина, и вториот пат со жалење увтрдив дека не само што ѓубрето не е исчистено, туку е и зголемено. Затоа, велам, џабе вакви пропагандно-промовирачки текстови кога ѓубрето е се’ што може да види таму горе.

Најди! во Утрински
Насловна
ВМРО-ДПМНЕ ги доби трите мандати во дијаспората
Славата, митот и крвта на ВМРО (7)
Каде се живее најдобро во Европа?
Ливчето се сликало, списокот се читал наглас...
Беспарицата ги растура браковите
Не е време за големи прослави
Заврши романсата со Шон Пен?
Нова Влада до 10 август
Завршува магијата на Груевски
Живот на дијализа загорчен и со жолтица
Шварценегер ја изневеруваше сопругата и со мене
Протести по смртта на 23-годишниот Даниел
Замина Лоренс од Македонија
Гага-викенд на Водно
Приведен Љубе Бошкоски
ДИК: ВМРО-ДПМНЕ освои 56 пратеници, СДСМ 42, ДУИ 15, ДПА 8
Молчат, трпат и не кажуваат кој ги тепа!
Изборите добро спроведени, оценка на меѓународните набљудувачи
На Скопје му требаат прогресивни урбанистички идеи
Јован Манасиевски поднесе оставка
Карикатура
Изречени мерки за медиумите што го прекршиле молкот
Поскапува дизелот за еден денар
Онлајн вести

"""