Енергетика
Поскапува дизелот за еден денар
06.06.2011, 14:03
Од ноќеска на полноќ се зголемува малопродажната цена на дизелот, а цените на бензините остануваат непроменети.
Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, цената на Еуродизелот се зголемува за еден денар и ќе се продава по 65 денари за литар. Екстра лесното поскапува исто така за еден денар и ќе чини 56 денари за литар. Се зголемува и малопродажната цена на мазутот за 0,237 денари за килограм и ќе се продава по 41,165 денари.
Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена изнесуваше 114,4 долари за барел и е за 0,92 отсто повисока од просечната цена по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатите две недели изнесуваше 43,2 денари за долар и е за 0,26 отсто повисок од курсот по кој беа формирани цените.
|