|
|
|
|
|
|
Замина Лоренс од Македонија
Прекарот Иглбергер го доби за залагања да обезбеди помош за погодените од земјотресот во Скопје во 1963 година
Вашингтон - Поранешниот американски државен секретар Лоренс Игелбергер почина во саботата вечерта на 80-годишна возраст.
Иглбергер мина над 40 години во дипломатска служба и важеше за дипломат со извонредна способност за решавање кризни ситуации. Беше и добар познавач на ситуацијата на Балканот, со искуство од прва рака од регионот како амбасадор на САД во Југославија во времето кога почина претседателот Јосип Броз Тито.
Како службеник за економски прашања во американската амбасада во 1960-тите години, го доби прекарот Лоренс од Македонија за неуморните залагања да обезбеди американска помош за погодените од земјотресот во Скопје во 1963 година. Благодарејќи на Иглбергер, во разурнатиот град набрзо беше подигната американска полска болница.
Иглбергер јавно ја поддржуваше Република Македонија и нејзиниот прием во НАТО, како и зачувувaњето на уставното име и македонските идентитетски обележја.
Лоренс Иглбергер беше ангажиран во решавањето на конфликтите во поранешна Југославија во деведесеттите години. Беше главен советник на тогашниот претседател на САД, Џорџ Буш постариот.
За време на неговата дипломатска кариера, работеше во администрацијата на Ричард Никсон, како помошник на државниот секретар Хенри Кисинџер. Истата должност ја извршуваше во администрацијата на Роналд Реган. Во последните години беше ангажиран како советник на Хилари Клинтон и на други американски официјални претставници.
По повод смртта на Иглбергер, Белата куќа издаде соопштение во кое го нарекува истакнат дипломат во служба на јавноста во клучните денови на Студената војна и падот на Берлинскиот ѕид.
Американската државна секретарка, Хилари Клинтон, рече дека тој беше непоколеблив поборник за американските вредности. Минатиот месец Иглбергер учествуваше на настан во Стејт департментот заедно со Клинтон и поранешната државна секретарка Медлин Олбрајт.
Прекарот Лоренс од Македонија го доби поради својот придонес и помошта што му ја има дадено на градот Скопје за време на катастрофалниот земјотрес во 1963 година и големата приврзаност што ја покажувал кон Македонија.
Во тој период тој работел во амбасадата на САД во Белград како втор секретар за економски прашања. Иглбергер ја менаџирал и координирал големата американска помош за настраданите од земјотресот и има огромна заслуга за подигањето на Американската воена полска болница во Скопје. Токму поради големиот гест околу помошта за градот Скопје, Лоренс Иглбергер во текот на својот мандат како амбасадор на САД во Белград (1977-1980) стекнал голема популарност. Оттогаш често доаѓал да ја посети Македонија и Скопје. Во едно од многубројните последни интервјуа, тој вели: „Не сум бил во Македонија и Скопје најмалку десет години, но се сеќавам многу добро на 26 јули 1963 година. Се сеќавам многу добро на храброста на граѓаните на Скопје по катастрофата и се сеќавам колку напорно работеа за да го изградат повторно градот. Со голема наклонетост се сеќавам и на Скопје и на Македонија“.
Лоренс Иглбергер е роден во Милвоки, Висконсин, во 1930 година. Дипломирал и магистрирал на Универзитетот во Висконсин. Од 1957 година бил ангажиран во надворешната политика на САД, работејќи во повеќе амбасади и конзулати на САД во светот.
Иглбергер беше истакнат американски дипломат од кариера. Во текот на својата богата кариера, тој секогаш бил на високи функции во Стејт департментот. Во 1992 година беше назначен за државен секретар на САД. (МИА) |
#
|
Статијата е прочитана 1605 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Ljubotan-Trade Name |
Датум: 06.06.2011 05:35:32 |
|
Ne brinite mnogu za niv ,Lorens i Zimerman se od ista familija,Eno propevedaat,a drugo sproveduvaat, isto kao i :Olbruh iOlbrajt,a da ne zboruvame ,za Rubinu i Burgeru. Gi susaov na; BBC i Na NPR,Grozota od Ludje!I Kogaj Otvoreno Lazat, tri pati ponovuvaat;Trus Me,Trus Me,Trus Me-Verujte Mi ,Verujte Mi,Verujte Mi! Kaj Niv nema prijateljstvo,za ona ,koje mie go znaeme,kaj niv se e proracunato ;Kariera i Profit,toa e nivniot Bog!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: Caki |
Датум: 06.06.2011 09:22:46 |
|
Neka ti e lesna zemjata i pochivaj vo mir Lorens od Makedonija.Beshe vistinski prijatel....... |
|
|
|
|
|
|
Од: ПОЗДРАВ ОД ИГЛБЕРГЕР |
Датум: 06.06.2011 18:35:21 |
|
1- Во врска со кампањата што грчката страна ја води кон Македонија обвинувајќи ја притоа за вршење на „антиквизација“ Иглбергер истакнува оти Грција нема право да ја присвојува античката македонска историја.
- Грција тврди дека Македон или Македонија и Александар Македонски се нејзвини. Тоа е лажно тврдење и редно време е некој да го обелодени тоа. Античките Грци ја сметале Македонија за полуцивилизирана и која за нив претставувала извор на сировини и ништо повеќе. Подемот на Македонија за време на Филип и неговиот син Александар бил дочекан со забележлив немир и со воено спротиставување, чиј резултат бил страотниот пораз на градовите како Атина и Теба. Филип и Александар биле сметани за тирани кои ја уриваат слободата на Грците. Тоа што современите Грци тврдат дека античкото кралство на Македон е нивно претставува игнорирање на еден историски факт, истакнува Лоренс Иглбергер.
2- Откако неколку дена заедно со Друцас ја обвинуваше Македонија дека не сака решение на името и ги кодоше |
|
|
|
|
|
|
|
|