Број 3598  понеделник, 06 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Беспарицата ги растура браковите

Младите прво сакаат работа и стан, а потоа и брачен другар

Маја Томиќ


Растат ли растат разводите. Венчавки, пак, има се' помалку. Таква е македонската стварност веќе десетина години наназад. Сите статистички податоци го потврдуваат тоа. Според најновите податоци во првиот квартал од годинава, се развеле 525 брака, што е за 58 повеќе од истиот период лани, кога имаше рекорден број разводи во споредба со претходните години. Во првите четири месеци од минатата година биле регистрирани 467 разводи, а тоа беше за дури 50 отсто повеќе од истиот период во 2009 година. Бројот на склучените бракови, пак, во првото тримесечје од 2011 година е намален за 1,7 отсто во споредба со истиот период лани. Или имало 2.695 венчавки, што е помалку и од првиот квартал во 2009 година, кога статистиката забележала 3.016 брака.

Во првото тримесечје од оваа година најмногу се развеле двојки од Скопје - 173, потоа од Охрид - 37, Гостивар - 35, Куманово - 34 и од Тетово каде што имало 28 разведени брака. Во помалите општини се' уште традицијата игра голема улога меѓу брачните двојки. Дополнителна причина е и малиот број жители. Така воопшто немало разводи во Градско, Дебар, Делчево, Демир Хисар, Пехчево, Кичево и во уште неколку помали општини.

Дали 2011 година ќе биде рекордер во споредба со претходните години? На пример, во цела 2009 година имаше вкупно 1.200 разводи, лани се регистрирани 1.747 разведени бракови, а само во првиот квартал од оваа година статистиката забележа 525 разводи.

Која е основната причина за зголемување на разводите во земјава? Дали се' полошата економска состојба и паѓањето на животниот стандард или, пак, младите Македонци стануваат модерни и тежнеат кон европските стандарди според кои се преферира живот без обврски, а не семејството како светост што треба да се негува?

Социолозите коментираат дека младите кај нас живеат во некаква постомодерна состојба на индивидуализам, дека се изгубени авторитетите во семејството, се топат традиционалните, општествените вредности и има голем пад на моралните норми. „Тоа е едната страна на медалот што ги тера луѓето полесно да се решат на развод отколку на зачувување на бракот по секоја цена“, оценува социологот Илија Ацески. Според втората страна на нештата, разводите се множат поради постојаното влошување на економско - социјалната ситуација, што подразбира губење работни места. За потсетување, има околу 320.000 невработени, од кои околу 50 отсто се на возраст до 30 години. Оттаму, затоа и се намалува бројот на венчавките, младите се без работа, имаат нерешено станбено прашање и не можат да обезбедат пристојна живејачка за своето идно семејство. „Сакам да стапам во брак со мојата девојка со која сум веќе две и пол години во сериозна врска. Таа заврши факултет пред две години и упорно бара работа, но не може да најде никаква. Јас работам во кафуле и месечно земам по 150 евра плата. Немаме каде да живееме, немаме просторни услови да останеме со нашите семејства, а немаме ниту шанси да започнеме самостоен живот затоа што не ни се доволни финансиските средства. Што попрво да се направи со тие 150 евра? Како да се издржува семејство со толку пари кои не стасуваат ниту за сметки. Затоа младите се' поретко носат одлука да стапат во брак, а и оние што се веќе во брак, ако останат без егзистенција, се решаваат да ја раскинат брачната заедница“, вака размислува 25-годишниот М.И. од Скопје, кој во последно време се' посериозно размислува да замине во странство по работа.

Според досегашната статистика, најголем број склучени бракови во земјава имало во 1987 година - 16.799, бројка што не е надмината од 1950-тите години. Наспроти тоа, максималниот број разводи се случил во 2004 година - 1.645, што не било, исто така, случај во изминатите 50 години. Од друга страна, пак, најмалку бракови биле разведени во 1970 година - 453. Во 2005 година биле склучени вкупно 14.500 брака, што било на нивото од пред 35 години, а се развеле 1.552, што било за повеќе од три пати во однос на 1970 година.


#
Статијата е прочитана 3032 пати.

Испрати коментар

Од: Реалист
Датум: 06.06.2011 03:13:33
Што им е гајле на ДПМНЕ за туѓите разводи. Тие "фраерите" се женат само кога се на власт, дипломираат и магистрираат само кога се во влада, прават деца само кога се во парл��мент. Во опозиција се безгласни, непосакувани и - импотентни. Кога ќе размислам, можеби на народот жал му паѓа за такви гревови и си вика - дај да ги гласаме уште еднаш, инаку ќе останат без секс и без факулет. За среќа, ние "обичните" луѓе ОДЛИЧНО функционираме и надвор од власта.
Од: jovan
Датум: 06.06.2011 09:14:28
Besparicata ne rastura brakovi.Nemanjeto zelba da se zrtvuvas za semejstvo, deca, go pravi toa da brakovite propagaat.Povaznoto im e da se proveduvaat i uzivaat otkolku da se zrtvuvaat za semejstvoto. Ako veke ja obvinuvaat besparicata, kako mislat i ponataka bez pari da ziveat? I sam bez pari ne se zivee.Nego rabotata e deka sakaat da"svrljaat".Mislat deka ke najdat nesto podobro,pa obicno se zafrknuvaat uste poveke.Zatoa za skoro vreme ke imame eden kup stari usedlici(i mazi i zeni), i deca prepusteni na babi i dedovci(ako imaat sreka)ili na ulicata.
Од: Mr.Zanzibar
Датум: 06.06.2011 10:53:14
Osnovanje semejstvo ne zavisi samo i sekogas od losata ekonomska situacija.Sepak,najvazna i presudna e ljubovta i zelbata da se stvori semejstvo.Ako sega dvajcata mladi se nevraboteni ili imaat mali primanja,toa ne mora da znaci deka vecno ke bide taka,potrebna e volja,upornost,verba za uspeh i togas rabotite sekogas trgnuvaat vo nagorna linija.
Од: Darko
Датум: 06.06.2011 14:00:04
Brakot e edna zastarena i arhaicna institucija. Ne treba da ve cudi sto ke go ima se pomalku. Ne e prirodno cel zivot da se pomine so edna licnost. Takov e coveckiot karakter, se zdosaduva. I vo minatoto imalo ogromen broj na nesrekni brakovi megjutoa poradi strav od osuda od opstestvoto ostanuvale vo brak iako mozebi bi bilo podobro da se razvedele.
Од: la la
Датум: 06.06.2011 14:00:48
lesno e denes sekoj da mudruva. Samo za zal tuka se site negativni faktori i ova e kompleksna rabota i ne e vreme na sekogo da se vperuva prstot na vinata, tuku da se vidat kade se problemite. dali e toa ekonomskiot faktor ili ima i drugi faktori a sepak na krajot od kraistata sekoja normalna drzava i sekoja edinka saka prosperitet eeee MAkedonce MAkedonce samo pusto seirot ni ostanuva za nasa zal teko mladite , gi zalam
Од: usamak
Датум: 06.06.2011 14:05:09
brakovite gi rastura udbastvoto, kako i sekogas sto se slucuvalo vo ponovava istorija na drzavata.. ljubovta ne se kupuva so pari toa na site im e jasno.. no cesta i postuvanjeto se najskapoceni i sekoj si gi saka, pa nemozi nikoj da dozvoli kodosi i udbasi da mu go unistuvaat zivotot.. gledajte go 'srekna Nova 1949' za toa se raboti vo filmot.
Од: majko mila
Датум: 06.06.2011 16:11:04
Mentalniot sklop na mazite i zenite koga ke vlezat vo brak e razlicen.Zenite razmisluvaat za potrebite na sekoj clen od semejstvoto ,dodeka mazite mislat samo na sebe
Од: lazo
Датум: 06.06.2011 19:17:23
Najmnogu razvod na brakovi se registrirani vo pogolemite gradovi a dali znaete deka pogolem broj od tie luge poteknuvaat od selata kade sto nivnite dedovci i babi cuvale po stotina grla na stoka i se zanimavale so zemjodelie a sega ....selata ni se zapusteni ama bitno e vo grad da si ..los mentalitet

Најди! во Утрински
Насловна
ВМРО-ДПМНЕ ги доби трите мандати во дијаспората
Славата, митот и крвта на ВМРО (7)
Каде се живее најдобро во Европа?
Ливчето се сликало, списокот се читал наглас...
Не е време за големи прослави
Заврши романсата со Шон Пен?
Нова Влада до 10 август
Завршува магијата на Груевски
Живот на дијализа загорчен и со жолтица
Шварценегер ја изневеруваше сопругата и со мене
Протести по смртта на 23-годишниот Даниел
Замина Лоренс од Македонија
Гага-викенд на Водно
Приведен Љубе Бошкоски
Шара магнет за туристи
ДИК: ВМРО-ДПМНЕ освои 56 пратеници, СДСМ 42, ДУИ 15, ДПА 8
Молчат, трпат и не кажуваат кој ги тепа!
Изборите добро спроведени, оценка на меѓународните набљудувачи
На Скопје му требаат прогресивни урбанистички идеи
Јован Манасиевски поднесе оставка
Карикатура
Изречени мерки за медиумите што го прекршиле молкот
Поскапува дизелот за еден денар
Онлајн вести

"""