Број 3598  понеделник, 06 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

На Скопје му требаат прогресивни урбанистички идеи

За странските архитекти архитектурата не е нужно поврзана со политичките градежни иницијативи,
за нив е важна синергијата на градот и луѓето

Бојан Шашевски

„Идилична визија за постземјотресно Скопје имаше Јапонецот Кензо Танге, кој со своите урбанистички планови и метаболистичка архитектура ги направи најголемите градежни потфати во историјата на овој град. Сега, колку што можев да забележам, на градот му требаат прогресивни идеи, млади креативни умови, кои истовремено растат, се развиваат, макотрпно ги изучуваат и ги следат новите светски урбанистички трендови и култури. Знаете, Филип бил навистина моќен човек. Но, Филип е мртов илјадници години. Институционалното градење и потребата од индивидуално историско изедначување ги става во сенка оние што имаат навистина што да покажат во архитектонскиот свет“, рече искусниот германски архитект Алфред Јакоби, кој имаше интересно и интригантно предавање на првото издание на интернационалниот фестивал на архитектурата „Скопска недела на архитектурата“.

Јакоби с��ета дека Скопје моментно не се развива, а својата архитектонска кулминација градот ја имал во шеесеттите години на минатиот век. Сличен став имаат и другите архитекти, иако дипломатски избегнуваат директно да дадат критика за сето ова што му се случува на Скопје. „Луѓето овде се многу пријатни, гостопримливи и друштвени“, е културниот одговор на прашањето што мислат за нашиот главен град. Странските архитекти знаат да одговорат за локалните градби, згради и споменици, но по дополнителни потпрашувања.

Словенечкиот архитект Јуриј Садар ја потенцираше неопходноста од постојани дебати и активно учество на граѓаните за градежните и архитектонски одлуки во местата во кои живеат. „Скопје има потреба од јавни дебати, постојани разговори, споделување мислења, идеи и искуства помеѓу локалните граѓани и архитектите за изгледот на градот. Сите тие дишат заедно со градот, го сочинуваат неговото јадро и ги придвижуваат механизмите за негово проширување, развивање и урбанизирање според своите потреби“, објаснува Садар, кој е дел од познатото архитектско дуо „Садар-Вуга“.

Четириесетина светски архитекти, експерти по социологија на урбано живеење, ментори, студенти, граѓани речиси една недела беа обединети на интернационалната манифестација „Скопска недела на архитектурата“. Следејќи ги визиите за „Суперград“, тие безрезервно делеа искуства и говореа на јазикот на естетиката.

Освен редовните филмски проекции, ноќните дискусии, изложбата на неконвенционалниот урбанолог, професор, есеист, истражувач и писател Богдан Богдановиќ, наречена „Градот на иднината“, активна беше и мултинационалната работилница на студенти. Групи од различни земји си помагаа во креирањето на своите архитектонски проекти, кои денес ќе ги презентираат кај геодетската купола поставена пред Домот на АРМ. Игло-шаторот претставуваше своевиден белег на манифестацијата, место за дружба и разговори на учесниците на фестивалските денови.

Повеќето од странските, но и домашни познавачи на архитектурата говореа за мултивалентноста на оваа наука. На присутните на фестивалот им посочија дека архитектурата не е нужно поврзана со политичките градежни иницијативи, туку е важна синергијата на градот и луѓето, граѓаните и нивната социоекономска поврзаност, уметничките набои и филозофијата на постоење. Посочија дека граѓаните треба самите да ја креираат средината во која живеат.


#
Статијата е прочитана 909 пати.

Испрати коментар

Од: mkd
Датум: 06.06.2011 09:20:25
Iskreno se slozuvam deka na Skopje mu trebaat progresivni idei no mu treba i staro jadro vo centarot koj ke gi privlece turistite no i ke ni dade odbelezje deka sme Evropska zemja. I Defans vo Pariz e ubav no sigurno za mene e poubav stariot del na gradot. Na Skopje pred se mu treba komunikacija koja bi bila preku trolejbusi,avtobusi,podzemni i nadzemni brzi soobrakajnici...... Sega ima nedostatok od KOMUNIKACIJA na eden del so drug a so toa nema biznis i nema novi idei.
Од: R..
Датум: 06.06.2011 14:10:21
Skopje postanuva vestacki grad, na narod koj sto nema svoja istorija i minato. Kako slag na negovata vestacka gradba, e i idejata za bozemnoto "makedonsko selo" na Nerezi koi ke go ima istoto obelezje, na narod od izmislena nacija, bez minato. Zosto mora da glumime necija istorija, koga nie si imame nasa , so site pozitivni i negativni obelezja koi bi bilo ubavao, bez sram da gi neguvame i da ne se kocopeime so tugji perja.Namesto trosenje miljoni za vestacko selo, mozese mnogu poevtino i pokorisno,da se obnovat nasite zapusteni i napushteni sela, ubavi no nedostapni da se vidat. A da ne zboruvame za manastirite. Deka turistite ke se slikaat na plostadot,toa ke bid za potsmev, po sto postanavme poznati. Vo Pariz postoi " Defans", no nadvor od gradt, postoi"Pueblo espanjol"vo Barcelona , no ne e vestacki, vo nego ziveat obicni lugje kako mene i vas, koi tamu si gi popravaat cevlite,odat na frizer i kupuvaat vo bakalnica. No seto toa e prirodni i nivno, ne pozajmeno, niti ukradeno,vist

Најди! во Утрински
Насловна
ВМРО-ДПМНЕ ги доби трите мандати во дијаспората
Славата, митот и крвта на ВМРО (7)
Каде се живее најдобро во Европа?
Ливчето се сликало, списокот се читал наглас...
Беспарицата ги растура браковите
Не е време за големи прослави
Заврши романсата со Шон Пен?
Нова Влада до 10 август
Завршува магијата на Груевски
Живот на дијализа загорчен и со жолтица
Шварценегер ја изневеруваше сопругата и со мене
Протести по смртта на 23-годишниот Даниел
Замина Лоренс од Македонија
Гага-викенд на Водно
Приведен Љубе Бошкоски
Шара магнет за туристи
ДИК: ВМРО-ДПМНЕ освои 56 пратеници, СДСМ 42, ДУИ 15, ДПА 8
Молчат, трпат и не кажуваат кој ги тепа!
Изборите добро спроведени, оценка на меѓународните набљудувачи
Јован Манасиевски поднесе оставка
Карикатура
Изречени мерки за медиумите што го прекршиле молкот
Поскапува дизелот за еден денар
Онлајн вести

"""