|
|
|
|
|
|
Мислења
Завршува магијата на Груевски
Ивор Мицковски
Во обид постојано да ги оцрнува другите, тој стана негација на слободата, негација на демократијата, негација на патриотизмот, негација на напредокот
Оваа колумна ја предавам на денот кога се гласаше, а ќе се чита кога работите ќе бидат јасни. На прв поглед, прилично неблагодарна работа за кој било аналитичар.
Но, што и да се случи на овие избори, едно е јасно - Груевски ќе биде поразен. На овој или на оној начин, ликот и идејата на овој политичар никогаш повеќе нема да бидат моќни како што беа до пред овие избори. Што и да се случи, магијата на Груевски завршува, неговата ѕвезда нема да свети како порано. Зошто? Затоа што овој политичар го изгуби допирот со реалноста, ако воопшто некогаш го имал. Затоа што го изгуби чекорот со мнозинството македонски граѓани. Затоа што се' она што сме го зборувале со години, за криминалот, за уривањето на демократијата, за заплашувањата, за големите грешки и изгубените години, сето тоа испадна дека било вистина.
Груевски и неговите политики се вистинските губитници, не само затоа што мнозинството граѓани се против Груевски, туку затоа што Груевски стана против сето она што не е Груевски или, пак, не е доминирано од страна на Груевски. Интересно е да забележиме дека и покрај мегафоните на власта и самата власт која сакаше да продаде приказна дека опозицијата била против реформите и напредокот, најголемиот негативец, сепак, излезе премиерот во заминување.
Неговиот вистински лик најдобро се покажа во време на предизборието. Пред пет години Груевски нудеше една своја визија и силна идеја за земјава. Во тие години опозицијата секогаш реагираше со кампањи против него и со обиди за негова демонизација. И тоа е нормално за една опозиција што мораше да се бори со популист и манипулатор од рангот на Груевски. Тоа што помалку беше нормално е континуираната негативна кампања што Груевски ја спроведуваше, демонизацијата, не само на опозицијата, туку и на сето она што размислуваше поинаку или имаше храброст да му се спротивстави. Најмизерното кај Груевски е тоа што тој се откажа од сите свои идеи, колку и тие да биле лажни или штетни, популистички или стратегиски погрешни.
Со тоа тој покажа дека нема никаков политички капацитет, дека сите негови идеолошки или идејни конструкции биле само дел од политичката манипулација, дека постоеле само за да произведат штета, а не некаква корист. И тука лежи огромен дел од поразот на Груевски. Човекот што успеа да ги антиципира, па дури и да ги диригира националните, емотивните чувства на своите граѓани, на крај заврши пониско и од еден Амди Бајрам, принуден на митинзи наместо решенија за проблемите, да нуди автобуси со клима и со музика. Човекот што нудеше една голема идеја за Македонија, за мене крајно погрешна, заврши со понуда на смешни проектчиња. Човекот што успеа да создаде целосен раскол во македонското национално ткиво, кој го помати идентитетот на три генерации граѓани, кој се обиде да ја смени нашата историја и колективна свест, на крај заврши со зарипнат глас и плукања на политичките противници. Груевски е поразен и демаскиран. Сите негови злоупотреби, сите негови манипулации, сите заплашувања, испливаа пред очите на граѓаните.
Така се сменија страните, Груевски од човек што нудеше нешто се претвори во човек кој негира, не нешто, туку сешто. Во обид постојано да ги оцрнува другите, тој стана негација на слободата, негација на демократијата, негација на патриотизмот, негација на плурализмот, негација на економскиот успех, негација на напредокот.
Документите од „Викиликс“ се недвосмислени, Груевски и неговите најблиски соработници не се само криминалци што безмилосно го пљачкосуваат сопствениот народ и земја, туку се докажа дека тие се политичките узурпатори на власта, кои свесно ги загрозувале државните интереси за лично профитерство. Дека ги користеле сите можни видови политички притисоци и заканувања, апсења и сеење страв, за остварување на своите лични или партиски цели. Дека применувале селективна правда, дека корупцијата и криминалот биле водени од најблиските соработници на премиерот. Конечно, додека премиерот глумел патриот, неговата сива еминенција, во тајни преговори, наддавала околу клучните државни интереси. Сево ова е национално велепредавство.
Сега, прашањето не е дали Груевски е готов, туку како тој ќе заврши, каков пат ќе избере. Се наоѓаме во финишот од натпреварот, нешто што во кошарката се нарекува „garbage time“. Тоа се последните минути на еден натпревар чиј исход е веќе познат. Ако Груевски има минимална почит спрема државата, која, сепак, ја водел пет години, ќе го прифати поразот и ќе се повлече без создавање дополнителни проблеми. Груевски нема повеќе никаков легитимитет. Дури и во ситуација да има некој пратеник повеќе од опозицијата, премиер што имал 63 пратеници, а утре ќе има 20 помалку повеќе нема никаков легитимитет. Во тоа повлекување треба да му помогнат и неговите сопартијци и коалициски партнери, кои ќе му ја покажат вратата и ќе го поканат да си замине со стил и достоинствено. Доколку, пак, Груевски избере да не го напушти рингот и како грогиран боксер побара уште една рунда, тогаш тој ризикува сериозно да се повреди. Повеќе од тоа, ризикува да и' нанесе дополнителна штета на веќе сериозно оштетената држава.
Сакам да кажам нешто и за нашите сограѓани, за кои не се сомневам дека ја донеле вистинската одлука. Многу работи влијаеја на поразот кој Груевски ќе го доживее. Работата на опозицијата, на невладиниот сектор, упорноста на мал број луѓе што не се предаваа пред притисоците и неправдите, но најмногу од се' на мнозинството храбри граѓани што не подлегнаа на стравот и кои покрај сите обиди да им се наметне апатија и слепило, сепак, прогледаат и пронајдоа сила за оптимизам.
Најголемите промени доаѓаат однатре, од духот на народот, од нивните потреби што ги уриваат и најтемните сценарија и најтешката реалност. Досега бевме навикнати да слушаме дека тоа што го води народот е песимизмот на разумот и оптимизмот на волјата. Но, не е така.
Оптимизмот на разумот се должи и на она што и' се случува на Македонија. Секогаш се тврдело дека разумот по природа е песимистички, дека води кон песимизам. Но, има нешто што ја оспорува таа генерална вистина. Ако песимизмот кај нас беше толку широко распространет поради неразумноста на луѓето или на оние што владеат, тогаш тука нема простор за разум што води кон песимизам. Ако ние живеевме еден тежок песимизам без разум, тогаш можеме да живееме и еден оптимизам со разум. Во вакви ситуации, кога ножот е до коска, се раѓа оптимизмот на разумот. Тоа е свеста, поривот, потребата од промена. На луѓето им прекипе да глумат лудило, некој постојано да им ја крие вистината, да им ги мачка очите. Затоа, граѓаните се подготвени трезвено и свесно да се надеваат, да посакуваат, да претендираат нешто подобро од апатичниот песимизам во кој беа втурнати.
Македонија на Груевски не постои повеќе, постојат само проблемите, несреќите, песимизмот што овој човек ги остави и кои, порано или подоцна, мораа да се судрат со реалноста. А реалноста е дека ние имаме сила, имаме знаење, имаме оптимизам да се соочиме со таквото наследство. Тоа што е важно е дека ќе го тргнеме проблемот на сите проблеми, ќе го тргнеме тој тажен и несреќен лидер.
Поинаква Македонија е можна. Еден поинаков народ го бара тоа.
(Авторот е аналитичар) |
#
|
Статијата е прочитана 4259 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: dragan |
Датум: 06.06.2011 00:29:06 |
|
kakva magija?Gruevski magija?Koga ke svatite deka narodot glasa protiv SDSM a ne ZA Gruevski?Mi se gadi koga ke go vidam Crvenkovski i negoviot ulicen akcent.Toa sto VMRO pobeduva samo znaci kolku e neophodno kompletno da se smeni strukturata na SDSM i likovi kako Makraduli i Crvenkovski da gi SNEMAA. |
|
|
|
|
|
|
Од: piriš, makedonec, umetnik vo crno beliot svet |
Датум: 06.06.2011 00:37:57 |
|
Bravo gospodine Mickovski! Ova go kazuvam koga vece e objavena 'pobedata' na DPMNE a 'reformite' ce prodolzat! Bravo za analizata koja za zal nema da dopre ni do pogolemiot broj na osteteni gragani na Makedonija! Bravo za obidot da se kritikuva edna drzavnicka arogancija, od dosega nevideni razmeri! |
|
|
|
|
|
|
Од: EA |
Датум: 06.06.2011 00:39:10 |
|
Sekoja cest kako si ja pogodil kolumnava :)))) Dobro ti ide predviduvanjeto :)) |
|
|
|
|
|
|
Од: Marshalov napad |
Датум: 06.06.2011 01:15:59 |
|
Ne be brat, ti i takvite kako tebe (Branko&co) ste porazeni, ama nemate doblest da priznaete. Znam deka nema da objavite!? |
|
|
|
|
|
|
Од: USA |
Датум: 06.06.2011 01:28:11 |
|
Analiticar e toj koj analizira, ti si agitator. |
|
|
|
|
|
|
Од: македонец |
Датум: 06.06.2011 01:29:58 |
|
А „ДРЖАВНИКОТ“ има голем капацитет... со неговата изјава дека „НАРОДОТ СЕКОГАШ Е ВО ПРАВО, ДУРИ И КОГА ГРЕШИ“ ни покажа какво мислење има за македонските граѓани... на наредните избори, кога и да се, мојот глас сигурно нема да иде на негово конто и на партијата што него го подржува... едно е сигурно...македонските граѓани се најголемите губитници, кога му дозволуваат на политичари од оваков тип сеуште да опстојуваат на сцената... нека си размислат граѓаните добро, додека не биде доцна... |
|
|
|
|
|
|
Од: Александар |
Датум: 06.06.2011 01:33:16 |
|
Абе Иво поима немаш од анализа, виде дека се промаши ? |
|
|
|
|
|
|
Од: gragjanin |
Датум: 06.06.2011 01:37:15 |
|
Malku ima "поинаков народ" vo Makedonija za da napravi napredok. Seloto povtorno go pobedi gradot, tazhno, no vistinito |
|
|
|
|
|
|
Од: Селанец |
Датум: 06.06.2011 03:09:29 |
|
До "Граѓанин"
Нацијата са раѓа на село а се дегенерира во град! |
|
|
|
|
|
|
Од: k2 |
Датум: 06.06.2011 03:12:05 |
|
Ej novinarce...ako ne ti e jasno Gruevski pobedi nov mandat.......aj sega odi kaj Branko da ti kaze sto da napises.... |
|
|
|
|
|
|
Од: do Dragan |
Датум: 06.06.2011 04:28:33 |
|
Top post Dragane.Samo mnogu lugje nekako tesko go sfakjaat toa-za zal. |
|
|
|
|
|
|
Од: Cane Sokolovski-Toronto |
Датум: 06.06.2011 04:41:33 |
|
Sto drugo da kazam, osven deka se slagam so stavot na avtorot. A pak do Dragan: Smesno e, i tragicno istovremeno e da se glasa protiv nekoj los, za da pobedi polosiot. O, tempora, o mores! |
|
|
|
|
|
|
Од: marjan |
Датум: 06.06.2011 05:36:19 |
|
Мислам значи постојам тоа е една изрека од векови наназад за жал тоа во Македонија некој не разбира ниту збор.Македонија победи 43 мандати наспроти 56 со списоци,закани,уцени и улизувања од подлизурковци кои дојдоа да се најдат себеси во лагите на Никола.Секоја чест за Радмила и нејзината победа и едно големо засрами се за Граѓанинот никола кој се уплаши од сукњата сигурно зарадисвои фобии |
|
|
|
|
|
|
Од: Vlatko |
Датум: 06.06.2011 05:50:04 |
|
E ama si ja pogodil idninata "analiticharu". Za zzal, Gruevski kje vladee ushte 4 godini bez gajle. I oko nema da mu trepne.
Najmnogu me shokira ne porazot na SDSM, tuku sto nema voopshto mesto za drugite partii. 3-tiot pat ischezna celosno. LDP, OM, NP...seto toa zavrshi so nula pratenici dobieni. Tazzno, navistina tazzno.
A za SDSM - abe lugje, amante, so istite Luzeri kako mislevte deka kje pobedite? Pa koj normalen bi glasal za Jani, Igor shema, i eden kup drugi. Aman te , reformirajte se, ili raspushtete se, ova vi go kazzuvam oti sum vash simpatizer. |
|
|
|
|
|
|
Од: lavce |
Датум: 06.06.2011 06:13:38 |
|
A sto pogresi Ivor. Da ne slucajno dobivte mnogu povekje mesta vo parlamentot. Pobedivte so zakani na onie sto nemaa hrabrost da ve klocnat vo zadnikot. |
|
|
|
|
|
|
Од: prijatel |
Датум: 06.06.2011 06:33:26 |
|
Резултатите од овие избори се следниот шајка во ковчегот на Македонија! Интересно е да се набљудува како една нација може да се самоунищожи! Мислам дека пред да биде падна и последниот шајка, народот треба да се сфати и да побара нови избори до крајот на годината пред да се случи премногу доцна за тоа!
|
|
|
|
|
|
|
Од: ФЕЛИКС |
Датум: 06.06.2011 07:19:36 |
|
Повторно нереална анализа од опозициски аспект.Барем малку да имавте задршка во коментирањето,да оставевте малку скепса кон своите,но демантот ви стигна во полн сјај.Под итно треба да ги посоветувате своите и да правите коренито изменета анализа.Па ви предлагам тема за такво нешто.Направете анализа што добива опозицијата со заминување на својот непродуктивен лидер,тоа би било ем корисно но и пожелно ако сакаат тие да се консолидираат. |
|
|
|
|
|
|
Од: Porazot se proslavuva |
Датум: 06.06.2011 09:00:40 |
|
Abe Igore ! Dali gi cu snosnite izborni rezultati ili si zadremal?Ti dokazuvas uste ednas deka nie na Balkanot sme edini koi porazite gi slavime kako pobeda. Eve Srbite ja izgubija bitkata na Kosovo, vo 1389 i svojata drzava, no ja proslavuvaat kako pobeda, , Nie istoto go pravime so Ilinden,Ni go ugisuja vostanieto vo krv , a nie proslavuvame kako da sme podedile. Eve sinoca slusam, gledam i ne mi se veruva. SDSM koj uporno ubeduvase deka e kraj na vladeenjeto na VMRO i skoro ne ubedi deka ce pobedi, proslavuva i se veseli sto izgubil samo so 10 pratenici razlika.( demek mozelo i da bide poloso) ?!Kako da ne im e jasno deka so izborite skoro nisto ne se promenilo i deka VMRO i ponatamu ostanuva na vlast. Verojatno seuste se vo predizborno bunilo i ne mozat da se osvstat i da ja svatat stvarnosta. |
|
|
|
|
|
|
Од: jovan |
Датум: 06.06.2011 09:01:07 |
|
I samiot si napisal deka se uste ne go znaes ishodot,pa posto eve sega site go znaeme rezultatot, vistinata e deka Gruevski ne e ni najmalku porazen.Naprotiv, si obezbedi sigurni 4 godini.Bez razlika sto i SDSM ostvari nad ocekuvanoto,sepak na SDSM ne mu ostana nikoj so koj ke moze da napravi koalicija.Ednostavno gi snema site partii.Ostanaa samo VMRO i SDSM sto e krajno cudno i nelogicno.Isto taka nelogicna e izlezenosta na Albancite(daleku pomala od Makedoncite)a si go imaat povtorno istiot broj pratenici.Po moe,nekoj "dogovori" povtorno imalo i ne e se taka normalno i skandinavski kako sto euforicno site"priznaa". |
|
|
|
|
|
|
Од: Коста Стоименовски |
Датум: 06.06.2011 09:19:41 |
|
Клучевите за иднината на РМ сега се во рацете на Али Ахмети, а не на Н. Груевски! Од А.А. зависи дали РМ ќе тргне дефинитивно по патот на демократијата, правната држава, пазарното стопанство, слободите и правата на човекот, слободата на говорот, или ќе дозволи и натаму да продолжи курсот на тоталитаристи��кото владеење што упорно се „градеше“ во минатите пет години!? Имајки предвид дека А.А. е децидно определен за влез на РМ во Евроатлантските интеграции (ЕУ и НАТО) нормално би било да се очекува дека токму тој ќе инсистира на остварување на погоре наведените вредности, како предуслов за влез во ЕУ и НАТО! |
|
|
|
|
|
|
Од: petre |
Датум: 06.06.2011 09:24:21 |
|
Ajde malku pisuvaj kako ke zavrsat tie tvoite od SDSM Gruevski nema da zavrsi , ke prodolzi , narodot e pameten i znae sto saka , |
|
|
|
|
|
|
Од: treta opcija |
Датум: 06.06.2011 09:25:09 |
|
Definitivno na Makedonija i treba treta, nezavisna opcija. Definitivno ne i trebaat luge koi ne razmisluvaat samostojno, nezavisno, koi se lepat kako muvata na g... na prikaskite na sharlatanite, prevarantite, kriminalcite, profiterite od tugata maka. Jas gi razbiram Branko, Velija, svesni deka se vo dlaboki g.... napravija se za da izlezat na chist vozduh. Ne gi razbiram tie shto se lepat na takvi glupi prikaski. Kaj im se 700 000 iljadi potpisi podrshka na A1. VMRO definitivno e vo tezok period, definitivno i tamu ima turbulencii, definitivno deka se zaboravija vo kradenje, definitivno Gruevski mora da raschisti so profiterite vo negovite redovi, normalno ako saka, no definitivno na Makedonija i treba edno golemo provetruvanje, ednostavno da gi snema starite istrosheni politichari, Branko, Tito, Andov, Ljubco, Ljube itn neka odat kaj sakaat i poleka da se profiliraat novi luge koi navistina ke ponudat i ostvarat mnogu poveke odkolku Gruevski i VMRO. |
|
|
|
|
|
|
Од: malo crnice |
Датум: 06.06.2011 09:30:26 |
|
E vidis da sme nie normalno opstestvo i ti ako imas gram moral i etika u sebe, ti posle ova bi se povlekol i ne bi pisuval poveke posto go zagubi kredibilitetot. Da bese vistinski analiticar kako sto se pisuvas deka si, nemase da agitiras nego ke dadese analiza za rabotite, a i te kako ima sto da se analizira u najgolemata opoziciska partija koja po 5 pat gubi izbori. Ne sum voopsto za DPMNE, ali vie ste tolku ocajni, bez lider i bez idei sto samite mu ja nosite pobedata na DPMNE.
P.S. Ubavo se izrazuvas, mozese da bides se podobar i podobar analiticar so godinite, ali ti zazema strana :( |
|
|
|
|
|
|
Од: velesanka |
Датум: 06.06.2011 09:34:29 |
|
e Ivo Ivo kolku tazno sto se istrca ko prle pred magare neznam koj ce te cita vo idnina (nekoj poinakov narod koj e toj???????????? ) Ivo Ivo grevce nizaedno
|
|
|
|
|
|
|
Од: uste eden od crno beliot svet |
Датум: 06.06.2011 09:46:45 |
|
Potpolno tocna analiza. Steta za nekoi komentari, ocigledno ne ja razbrale. Uste pogolema steta za slabata kadrovska ponuda na opozicijata. Mislam deka Nikola nema da go zavrsi mandatot, mi mirisa na scenarioto na Sanader. Se naj za Makedonija. |
|
|
|
|
|
|
Од: kiRE |
Датум: 06.06.2011 09:55:29 |
|
So partija kako sto e vmro i so specijalniot vodac, nikoj veke ne ve broi. Propadnat narod. Sega ke dojde bran na "beganje" na mladite nadvor za sto pobrzo da ja snema taa nevazna drza vicka. |
|
|
|
|
|
|
Од: matej |
Датум: 06.06.2011 09:55:51 |
|
Spored mene, najtocna analiza e onaa vo komentarot na citacot potpisan so Gragjanin |
|
|
|
|
|
|
Од: Pece D.Hisar |
Датум: 06.06.2011 09:58:57 |
|
Koj gubi ima pravo da se luti a magijata na Grujo prodolzuva se vide na izbori a zagubata ili porazot gi pravime kako pobeda sto mlad gospodine analiticar kako da ziveeme vo srejkna nova 1949 ili podocna toa vreme pomina nas ni se potrebni reformi dosta ednoumie ili seznanie.Demagogii ne ni trebaat a ako izborite se slucea vo normala i imavne novo rakovodstvo mozebi ke se nadevavne na pobeda a sega pak opozicioneri sme osvoile 150000 glasovi povejke ne tie se tuka i ostanaa ama glasa za sdsm nadevajki se na promeni ne na velicenje deka nasiot ni pretsedatel e samo toj i nikoj drug vo toa e razlikata mejgu idnina ili sudbina se nadevam ke razberete i razgledate okolu ponadalekui posiroko. |
|
|
|
|
|
|
Од: ziko |
Датум: 06.06.2011 10:18:14 |
|
Pa toa ti e "Vodacot" od Radoe Domanovic.
No ima i nesto drugo- gnuite vo Afrika koi uporno ja minuvaat rekata tamu kade sto se krokodilite.
No ima i nesto treto no ne se bazira na dpmne tuku na pripadnosta duhovno, istoriska, geogravska so vodacot koi najmalku 99,99% se so vodacot i tuka nema pomos. |
|
|
|
|
|
|
Од: devicanecot |
Датум: 06.06.2011 10:54:31 |
|
Ako e avtorot analiticar, togas SDSM nadmocno gi dobi izborite vcera!
A be coek, Ivor...izberisi druga profesija, za analiticar voopsto ne te biduva. |
|
|
|
|
|
|
Од: Istocna Makedonija |
Датум: 06.06.2011 10:56:08 |
|
I pokraj dadeniot glas za VMRO treba realna analiza.
Narodot sekogas e pobednik,tokmu sega koga nema-
se seriozni incidenti.I da se kaze deka pobednikot imal poslab rezultat od prethodnite izbori a slabata
opozicija podobar od prethodnite.VMRO da izvlece
pouka deka ne e dovolno ni edna tretina od gragani-
te vo Makedonija da bidat,kako taka,zadovolni!. |
|
|
|
|
|
|
Од: Igor Popovski |
Датум: 06.06.2011 11:26:00 |
|
Ke vidime dali ke si odi Gruevski koga ke zagubi. Zalno e koga toj sto zagubil se raduva. Neli e domokratski da ja napusti pozicijata toj sto zagubil? Toj namesto da si ja navedne glavata da se izvini i gordo da si odi ( bidejki sepak go podobri plasmanot na opozicijata) , toj se spremal da bide jaka i konstruktivna opozocija. Pa do koga be brat ( tvoja fraza ) !!! |
|
|
|
|
|
|
Од: glasac |
Датум: 06.06.2011 11:26:18 |
|
Ivo, gi citam komentarive na citatelite, i edno ke ti kazam- PROST NAROD, SILNA DRZAVA!
A vas gospoda komentatori- Siroti vie Makedonci! Raduvajte se na pobeda, na spomenici, na reformi... Ostanete si gladni, bosi i prosti. Ocigledno ne zasluzuvate nisto podobro. Prazni vi se glavite, isto kako i dzebovite i stomacite. Na zdravje neka ni' e portokalovata povrakjanica na Gruevski! |
|
|
|
|
|
|
Од: dzale |
Датум: 06.06.2011 11:36:31 |
|
Izvini mladichu, na koja planeta zhiveesh???
|
|
|
|
|
|
|
Од: Pero |
Датум: 06.06.2011 11:44:54 |
|
Кога еден ден ќе сфатите дека сте изгубиле се и кога повторно ќе ни се случуваат уличните тепачки по белосветските градови каде ќе живееме како БЕГАЛЦИ, ќе се сетите на големиот патриотизам на Вашиот Гуру - Никола Груевски. Жални македончиња. А сега, радувајте се. Но ќе плачат Вашите деца, зашто ќе немаат своја Татковина. |
|
|
|
|
|
|
Од: a_nesto |
Датум: 06.06.2011 12:28:11 |
|
Како прво победа си е победа, пример Ангела Меркел го победи Шредер со еден пратеник плус, значи во избори нема пирова победа како што рече Шеќеринска. Проблем е друго Вмро Дпмне победи веќе неколку циклуси по ред 5 или 6, не е важно тоа. Поважно е тоа што истата гарнитура што е на чело во СДСМ ги губи тие 5-6 циклуси. И на крај наместо да речат дека да ние изгубивме и сега сакаме да и помогнеме на опозицијата на начин што Бранко, Шеќеринска, Макрадули, Шема и т.н се откажуваат од политика, но тие напротив истакнаа дека борбата допрва доаѓа. Тотален апсурд во СДСМ. Затоа изгубија но никако да им дојде умот. |
|
|
|
|
|
|
Од: Jovan |
Датум: 06.06.2011 12:40:25 |
|
Aman be decko. Koj te proglasi za analiticar? Od Progres li gi gledase anketite ili od Velija u kelija analizite gi prenesuvas?! :)))))))))) |
|
|
|
|
|
|
Од: Ofleleee |
Датум: 06.06.2011 12:49:50 |
|
Абе Иво уште не си наполнил 30г па ќе анализираш, од кај па ти аналитичар, офлелееее!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: jovan |
Датум: 06.06.2011 14:05:13 |
|
abe ke ponese li nekoj od vas novinarite barem moralna odgovornost i javno da si ja priznae greskata za glupostite so koi go truete narodot.mesto da analiziras ti agitiras i toa pogresno.ajde sega analizirajte za oposiciskiot sdsm i za toa dali i koga treba da si odi b.c od celo na sdsm za konecno da imame zdrava opozicija,i zdrav korektor na vlasta |
|
|
|
|
|
|
Од: lidija |
Датум: 06.06.2011 14:22:49 |
|
komentarot e dobar koj saka da go razbere!Ako saka ovaa vlava da go izdrzi mandatot treba mnogu raboti da smeni vo nacinot na vladeenje!!!Raspololozenieto na narodot e opoziciono i poveke od postignatite rezultati!!!!Dokolku ne se promeni nacinot na vladeenje matematikata e sledna 43+22=novi izbori!!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: Jas |
Датум: 06.06.2011 14:42:15 |
|
Г-дине "аналитичар". Прочитајте утрешен весник за да видите кој победи на изборите... |
|
|
|
|
|
|
Од: Александар М. |
Датум: 06.06.2011 14:50:06 |
|
Малецок, каде те пуштиле мајка ти и татко ти сам? Зар не си свесен дека, за да излезеш од дома,треба некој да те држи за рака. Сам, ќе се загубиш, дете.
За да можам да ти ја утврдам возраста, те молам да одговориш на прашањето: колку се два плус два, само, да не бараш помош од татко ти и мајка ти. Поготово од татко ти. Сам да одговориш. |
|
|
|
|
|
|
Од: Glasac naturaliziran gragjanin |
Датум: 06.06.2011 16:35:02 |
|
Taka e PROST NAROD SILNA DRZAVA
E a dali ke ja imame utre????
I KOJ NORMALEN moze da glasa za dokazan kriminalec Amdi Bajram Koj normalen moze da glasa za da imame totalno nepismeni gradonacalnici
Koj normalen moze da glasa za zaloeni vlastodrzci FEUDALCI so ligavi glasila.
UUUUFFF gadno smrdi... |
|
|
|
|
|
|
Од: Od fakelaki |
Датум: 06.06.2011 19:34:11 |
|
Ako ti si analiticar bc e politicar nikogas poslatko ne sum se nasmeal koj raboti i ima Bravo za GRUJO i Kompanijata............... |
|
|
|
|
|
|
|
|