Број 3598  понеделник, 06 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

МВР

Приведен Љубе Бошкоски (дополнето)

06.06.2011, 15:22

Лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски денеска околу 14:30 часот е приведен пред скопскиот ресторан Воденица под сомнение за сторено кривично дело нелегално финансирање на изборната кампања и за злоупотреба на службената положба и овластување како одговорно лице во неговата партија.

За време на приведувањето Бошкоски не давал отпор, по што е однесен во полициската станица Гази Баба.

При извршениот претрес, информира портпаролот на МВР Иво Котевски, кај Бошкоски биле пронајдени 100 илјади евра, пари кои му биле предадени во хартиени кеси и за кои постојат сомненија дека требало да му послужат за исплаќање на долговите од кампањата, односно за незаконско финансирање на кампањата.

- Врз основа на судска наредба изминатиот период неколку месеци се применети посебни истражни мерки токму поради сомнение дека ја злоупотребува службената положба и незаконски ја финансира кампањата. Освен овој случај МВР досега има документирано уште два други случајаво кои осомничениот на ист незаконски начин зел пари 20 и 10 илјади евра кои беа употребени во кампањата, изјави Котевски додавајќи дека Бошкоски во трите случаи парите ги примал од исто лице. Во интерес на истрагата, како што рече, нема да се открие лицето од кого се земени парите.

Според Котевски, станува збор за две тешки кривични дека за кои законот предвидува минимална казна затвор од три односно пет години.

- Покрај парите при извршениот претрес во неговото возило „ланчиа“ пронајден е и еден пиштол и дозвола која најверојатно не е за тој пиштол така што ќе се постапи и во однос на евентуално кривично дело недозволено псоедување и тргување со оружје. Ќе бидат извршени и дополнителни претреси и ќе биде информирана Управата за јавни приходи за дополнителни проверки во однос на целокупното финансирање на неговата политичка кампања, најави протпаролот на МВР.

По завршување на службениот разговор во полициската станица Гази Баба и целосно документирање на кривичните дела, против Бошкоски ќе биде поднесена соодветна кривична пријава и тој ќе биде изведен пред истражен судија



#
Статијата е прочитана 4111 пати.

Испрати коментар

Од: stiven
Датум: 06.06.2011 15:49:52
Slucajno i tie 100.000 da ne bile vo sise.
Од: ne iznenaden
Датум: 06.06.2011 15:55:19
Epa dosega dvaeset dena se bese mirno a sega ke pocnat apsenjata-namesteni se razbira.Mnogu raboti se otkrieni i sega mora da se napravi cistka.Ete toa e vistinskoto lice na ovaa vlada strav i pritisok vrz narodot.Ajde sega Makedoncinja naslednici na Aleksandar da ve vidam dali ke se osvestite i ke ja branite demokratijata.?Neka ni e nazdravje so ovaa vlada cetiri godini.Tesko nas.
Од: Сергеј
Датум: 06.06.2011 15:55:50
Не чекаа ни еден ден за да почнат со реваншот.... Незаконско финансирање на избори?! Активист на ДПМНЕ во саботата просто го купи половина мое село, па никому ништо.( http://otpor.log.ph/ )
Од: ivo
Датум: 06.06.2011 16:04:04
A koi drugi ne se fateni vo vrska so nezakonito finansiranje na kampanjite ili zaradi namerno i organizirano laziranje na izborni rezultati? Ili takvi nema?! Stanuva interesno! So tolku pari Ljube ako dozivea debakl na izborite, kolku pari investirale drugite nezakonito? Ili oni rabotele preku posrednici i smetki? Dobro e da funkcionira "pravnata drzava", ama uste e podobro da se poceka da se sogleda dali eventualno paralelno funkcionira i " institucionalno - voninstitucionalniot" softver za izluduvanje na gragjanite , sto voobicaeno politicarite go narekuvaat "nenormalna drzava" ! Kako da e , posle tolku "dosaden den" na izborite, se slucuva nesto interesno! Steta sto sluzbite koi bea obvinuvani od Ljube, nemale soznanija od prethodno! Barem nemase da gi slusame negovite tvrdenja! Kako da e , nikogas ne e docna , iako imam vpecatok deka Makedonija docni barem 20 godini so pravnata drzava!Toa, go misli i EU , ama pobednicite na izborite , mozebi ke go napravat praviot poteg ?!?
Од: Dedo Jonche - Avstralija
Датум: 06.06.2011 16:28:27
Dokolku se dokaz'i deka za izbornata kampanja toj se posluz'il so so crni par, vednash da se deregistrira negovata partija.
Од: srebre
Датум: 06.06.2011 16:48:47
taka e koga se iznesuvat javno vistini za duceto i negovite zdelki toj se odmazduva kako kuce uapano og bes................
Од: mikimaus
Датум: 06.06.2011 17:12:58
Sramota,mu se svetat za zborovite sto gi iskaza vo kampanjata. Policiska drzava. Ete kogo izbra narodot
Од: ЗАНИМАЦИЈА ЗА НАРОДОТ
Датум: 06.06.2011 17:15:07
имал “валкани пари“ за кампања,а на грујо “чисти“ ли се парите ???? ке дочекаме ли нив некој да ги апси !!!
Од: Film
Датум: 06.06.2011 17:32:21
Anotherone bites the dust
Од: tripun
Датум: 06.06.2011 17:42:34
bravo majstori,site da gi poapsite,a toj predavnik na sud i maksimalna kazna
Од: Ајван Доктор®
Датум: 06.06.2011 17:51:04
Започна прогонот и одмаздата кон неистомислениците!Од денес,ќе го гледаме филмот што сè ни следува,ако се обидеме да се спротиставиме!Уапсен е Бошкоски,Ѓ.Исмаил е исфрлен од стан без да заврши правно постапката!Што ли е следно?!Изгон на неподобните?Прогон на оние кои се осмелуваат да пишуваат против нив во весниците?Не е ни чудо!На денот на изборите,Латас (некодошот со диплома)почна да заговара контрола врз Фејсбук профилите и Јутјуб снимките!Наздравје демократија,народе!Започнуваат да ве следат на работното место,потоа продолжуваат во вашите домови,преку подобните комшии кои добиле по неколку општествени станови во минатиот систем...Каде ли ќе завршиме?Навистина е Силна и Моќна оваа демократија!Недостасува,само знаењето!Тоа изгледа им е единственото кое засекогаш ќе им е инсуфиентно!Нешто,што никогаш нема да го поседуваат и поред бројните дипломи и новостекнати научни титули!
Од: od jas
Датум: 06.06.2011 19:09:43
Se cudam sto cekavte tolku dolgo da go privedete ovoj ganster. Toj toa go zasluzuva od poodamna site toa go znaat. Bravo za policijata Bravo.
Од: MEMATI
Датум: 06.06.2011 19:10:01
Вовед во фашизам,"портокаловите" тотално се забегани.Дали и до кога ќе се молчи.Крај на оваа ТИРАНИЈА мора да се стави,веднаш и сега.ПС:Утрински,бидете коректни и ОБЈАВЕТЕ ги СИТЕ коментари.
Од: vlatko
Датум: 06.06.2011 19:21:22
E sega koga ke propee, ke se odvrze klopceto...... Ljube i Ljupco so 45000 glasa mu odzemaa na VMRO 5 pratenika i vodea naj negativna kampanja, a se znae za civi interesi. Da ne bea oni VMRO ke imase 62- 64 pratenika zatoa sto izleznosta ke bese pomala kako rezultat na smirenosta na kampanjata. Sega VMRO zavisi od DUI, ama sto ne se izdrzalo pa i ova ke se izdrzi..

Најди! во Утрински
Насловна
ВМРО-ДПМНЕ ги доби трите мандати во дијаспората
Славата, митот и крвта на ВМРО (7)
Каде се живее најдобро во Европа?
Ливчето се сликало, списокот се читал наглас...
Беспарицата ги растура браковите
Не е време за големи прослави
Заврши романсата со Шон Пен?
Нова Влада до 10 август
Завршува магијата на Груевски
Живот на дијализа загорчен и со жолтица
Шварценегер ја изневеруваше сопругата и со мене
Протести по смртта на 23-годишниот Даниел
Замина Лоренс од Македонија
Гага-викенд на Водно
Шара магнет за туристи
ДИК: ВМРО-ДПМНЕ освои 56 пратеници, СДСМ 42, ДУИ 15, ДПА 8
Молчат, трпат и не кажуваат кој ги тепа!
Изборите добро спроведени, оценка на меѓународните набљудувачи
На Скопје му требаат прогресивни урбанистички идеи
Јован Манасиевски поднесе оставка
Карикатура
Изречени мерки за медиумите што го прекршиле молкот
Поскапува дизелот за еден денар
Онлајн вести

"""