Бригит Нилсен
Шварценегер ја изневеруваше сопругата и со мене
Сосема е сигурно дека има уште домашни помошнички и актерки со кои Арнолд Шварценегер имал вонбрачни излети, но тие мудро молчат за тоа. Сепак, данската актерка Бригит Нилсен, бев влакна на јазикот, отворено проговорила за страсната љубовна врска со ѕвездата на „Терминатор“ што се случила пред 26 години.
Арни тогаш бил во сериозна врска со Марија Шрајвер, а идната година се венчале, но тоа не го спречило на снимањето на филмот „Црвената Соња“ да започне афера со згодната данска актерка, која тогаш имала 22 години.
„Сакавме се' да пробаме, не се воздржувавме. Немаше ветувања, забрани... Тоа беше една од најдобрите фази во мојот живот“, вели Нилсен и додава дека Арнолд никогаш не и' зборувал за својата врска со Марија Шрајвер.
„Начинот на кој живеевме ме увери дека сум му единствена. Но, не било така. Никогаш не ми спомена дека ќе се ожени со Марија и дека нивната врска е толку сериозна. Ако кажеше, брзо ќе излезев од триаголникот“, заклучува Бригит. |