20.09.2012, 18:51 Мислења
Нови методи на дисциплина на ’рбетот
Ана Павловска-Данева
Професорите на УКИМ беа шокирани од поканата на ректорот да заминат на литургија. Но, беа шокирани сако кога шепотеа во кулоарите. Потоа, целосен молк
Молкот на Талат Џафери во Собранието идеално соодветствува со молкот што ни се случува во општеството последниве години. Не, не станува збор за тишина како што вели Талат, ниту пак, оваа нова болест што ни го зарази општеството може да се споредува со она што големиот Ацо Шопов сакал да го каже во својата „Тишина“. Состојбата во Македонија со молкот е сосема поинаква. Ем не е тишина ем никој ништо не кажува. Тоа е пострашно и полошо одошто да беше тишина.
Кога ректорот на УКИМ (порано велевме на најстариот, најголемиот и најпрестижниот универзитет во нашата држава, но сега би звучело потсмевливо да зборувам за престижот на УКИМ) од само нему познати причини одлучува да го повика цел универзитет в манастир на литургија, истиот момент по кулоарите на универзитетот веста се шири и се квалификува како шокантно однесување на ректорот.
Тоа не е тишина, туку озборување!
Отворањето на академската година, сепак, се случи онака како што ректорот замислил дека тоа ќе води кон најголем успех на Универзитетот или можеби кон негов личен успех во научната кариера, не знам. Но, знам дека е спротивно и на Статутот на УКИМ и на Уставот на РМ. И, знам дека тоа го знаат огромен број професори, проректори, декани, продекани, сенатори, административци вработени во Универзитетот, дури и самиот ректор го знае законот, ама ваквото однесување, најверојатно се чини прагматично.
Тоа не е тишина, туку молк! Молк на најповиканите да бидат гласноговорници и бунтовници!
Лекарите се креваат за своите права. Нема болница, здравствена установа, здравствен дом или клиника во која има задоволни лекари и пациенти. Сите се незадоволни, сите гласно негодуваат, фрустрациите се нескриени. Акумулираното незадоволство решија да го изразат низ штрајк. Одеднаш се појавија двајца нови лидери на два нови синдиката кои проговорија пред камери нешто што никој не го разбра, ама пораката требаше да биде, приближно, дека штрајкот не е потребен зашто Владата е супер!?
И ова не е тишина, напротив зборуваа овие луѓе нешто во камера, но токму тие говори беа израз на нивниот молк!
Во гротескнава ситуација со барањето судот да го спречи штрајкот молчи, всушност, и самиот министер за здравство. Зар некој верува дека тој самиот одлучил да поднесе тужба против Синдикатот на лекарите? Зар некој мисли дека министерот би сакал по завршувањето на мандатот да остане во најцрната меморија кај најзначајната фела во секоја држава? Се разбира, дека некој од него побарал вака грубо и лекомислено да влезе во костец, во отворена „војна“ со секој што нешто значи во здравството. Но, има ли избор министерот? Мислам дека нема, постапува според наредбите, што е еднакво на молк!
Јавното обвинителство на чело со Државниот обвинител се едни од ретките институции и личности кои работат и во тишина и во молк. Сега се огласија и ја разбија тишината: по допрен глас ќе истражувале кој наредил, спровел (можеби отпеал?) изведување на албанска химна за отпочнување на академската година во Тетовскиот државен универзитет. Па уште издале наредба МВР да испита кој е одговорен за ова? Демек, тешко е да се лоцира одговорноста, па МВР ќе истражува. Јавното обвинителство навистина на овој начин успеа да ја разбие тишината и се појавија на сите медиуми, а одамна ги немаше. Но, сето ова ќе заврши со молк! Подобро да останеа во старата добра тишина во која и до сега (не)работеа. Секоја чест на исклучоците!
Се прашувам дали до јавното обвинителство допре глас дека ги снема бистите на Рајко Жинзифов и Јане Сандански од училишните дворови во Чаир? Во најмала рака станува збор за кривично дело кражба, ама не слушнавме дека јавното обвинителство покренало предистражна постапка. Допре ли гласот на Мите сопственикот на „Макоил“ до јавното обвинителство? Глас за давање мито на високи владини функционери. Допре ли глас до јавното обвинителство за направен фалсификат на пописот во обид во 2011 година? Допре ли глас до обвинителството дека градоначалникот на една општина прегази и усмрти човек? За жал, гласот за химната на ДУТ ја прекина тишината на јавното обвинителство, но и во овој случај, не станува збор за тишина, туку за молк со кој ќе заврши целата приказна во јавноста.
И, не само оваа. Секој негативен настан во државава (а, ги има безброј, се случуваат секојдневно) започнува со гласно говорење и силно удирање во гради од страна на најповиканите функционери, а завршува со молк! Тој општествен молк кој ни го наметна власта ни преостанува да го разбиеме сите заедно, политичари, храбри професори, лекари, административци, судии, работници, секој слободоумен граѓанин во државава. Во спротивно, истиот тој молк сите ќе не' проголта, најбрзо и најлесно најмолчеливите и прагматичните.
(Авторката е пратеничка
и потпретседателка на СДСМ) |
|
Статијата е прочитана 1900 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Itar Pejo, 21.09.2012 00:53:15 | Pokornosta e vo genot na makedonskiot narod, pratenicke! Ne site narodi vo svojata tradicionalna mudrost ja imaat pogovorkata NAVEDNATA GLAVA SABJA NE SECE! Eve, gi molam narednite komentatori da kazt ako ja znaat na drug jazik. |
| kaktus, 21.09.2012 00:54:42 | Формула за мирен живот: Ќути си, трај си, ако ти бараат-дај си...
|
| seirdzija, 21.09.2012 06:44:30 | Do koga ke sedite u parlament,ke zemate plati i ke izigravate konstruktivna opozicija???Ako znaete deka poslednite izbori se falsifikat,ako znaete deka vo drzavata se krade na golemo,ako znaete ,a znaete i toa mnogu povece od tie sto ve izbrale,togas sto cekate????Ako se udirate u gradi deka ste napravile drzava sega ke gledate kako nekoj ja unistuva????Vreme da se vratite medju narodot i zaedno so nego da ja razvlastite vlasta koja ja unustuva drzavata!!!!! |
| Кире, 21.09.2012 07:37:19 | Овие од СДС, ако не дај Боже дојдат на власт, ќе ни ја укинат и црквата! Не знам што им пречи нашата православна вера? И не знам зошто е „гротескна ситуацијата“ кога судот правилно одлучил лекарите прво да се грижат за нас пациентите, па после да си штрајкуваат. Срамота е оваа професорка по право да е против владеењето на правото, законите и уставот во Македонија. Зарем партиската заслепеност не и дозволува да напише дека судот правилно постапил??? |
| Mila, 21.09.2012 07:50:44 | Taka e profesorke. Tisina i molk ne e isto. Dosta beshe molk na vakva vlasst.A toa shto go napravi rektorot na UKIM e navistina golema stramota. Nie sme so Vas. |
| ФЕЛИКС, 21.09.2012 08:09:39 | Громогласната тишина ќе стивне само тогаш кога ќе се има кадарна опозиција која ќе го наметне своето политичко-идејно решавање на проблемите кои ја тиштат државата.Со испразни митинзи не може да се наметнат како сериозни чинители.Со лицемерн��от однос кон оние кај што ноќеваа нема сериозност.Оти кога се нуди закон токму за таквите да државата го исплати поголемиот стимул ,политикантски се опструира законот.Несереозно е да се договара предизборна коалиција во Кичево за потоа лицемерно се нуди партнерски однос со лутиот политички опонент да не се избере кандидат од страна на оној со кого се договараш.Инаку богословскиот факултет е дел од УКИМ,и ако е пракса секоја год. да се одбележува почетокот на наставата,зошто би биле тие подолу од другите факултети. |
| девичанецот, 21.09.2012 08:55:04 | Професорка Ана,
Некогаш ќутењето е злато.А некогаш и протестите, ако се ептен изместени,..како оние кога го браневте Велија, или оние потези на вашиот Папа, кога го аболираше Заев, или помилуваше младиот Александар Верушевски, навистина водат кон анархија. |
| gjoko, 21.09.2012 09:52:11 | Koga Pol Volers kje isprati pokana , izleguvaat kako vo spotot na Majkl Jakson, Thriler , zombii.. |
| Se si odi po red so molk i tisina, 21.09.2012 10:13:11 | Posle ovaj moleben i molbite isprateni od dedo Stefan do Gospoda, ce vidis kakvi vrutovci od znaenja ce nava.Samo dali dedo Stefan i rektorot se dogovorile onaj eretik Darvin da go isvrlat od nastavata. I vreme bese da ne mu pravi zabuna kaj studentite.Na Min.za zdravstvo, naredbata mu ja dal istiot onaj koj porano primal takvi naredbi od svojt lider i staval potpisi na dogovori za prodazba.Sega kaj nego e skiptarot pa toj ce dava naredbi. Svrgo vece temelno ja pocnal istragata za himnata. Najprvo go bara kompozitorot i ako e ziv ce pokrene obvinitelen akt, ako ce mu go predade na Adjiev za lustriranje, oti toj e odgovoren slicno kako Sv. Petar za Onaj svet.I gladas deka se si odi po red so molk i tisina. |
| Caki, 21.09.2012 10:32:22 | Bog da chuva i da brani...vo uslovi na specijalna vojna koja se vodi protiv Makedoncite i Makedonija (Smilkovci e startot) g-gjava najde jaka tema za pishuvanje !! |
| Кире Пациент, 21.09.2012 11:27:55 | Каква врска има црквата со православната вера? Па нели вие дпмневчињата велите дека Б.Ц. е дваесет години на власт? Ја укинаа ли црквата комунистите или ја направија? Кој ја направи Соборната црква? Не постои ,Кире , лекар , кој може да згрижи и излечи пациенти како тебе , Феликс и девичанецот! Ви нема спас! За вас е само доктор Вангел Божиновски ,со лековитите споменици. |
| milan, 21.09.2012 12:20:35 | Vie profesorite(akademski gragani,intelektualci)po se izgleda imate uplav od rektorot,a so toa i od pastirot,pa ne e cudo sto i studentite molcat, site molcite ne ste vo tisina. POZDRAV. |
| Istocna Makedonija, 21.09.2012 13:52:07 | Odenjeto na liturgija,veruvanjeto vo Boga e licno
pravo i izbor na individuata i zosto reakcii,Respekt
kok vernicite i kon ateistite.Lugevo se cenat po niv
nite doblesti,gi ima dobri i losi,ne sto se nacionalnost
koja vera se,ateisti,koj pol,vozrast.... |
| tihi, 21.09.2012 17:26:19 | Profesorkava predava na univerzitet chie ime e sv. Kiril i Metodija.Ili mozhebi i smeta toa deka bile svetci i prosvetiteli.Neka se zalozhi togash i za menuvanje na imeto na univerzitetot. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 10°C
Ведро
|
Недела
Ведро
Макс: 28°C, Мин: 13°C
|
Понеделник
Сончево
Макс: 30°C, Мин: 14°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (7)Грубата смена на аѓутантот, генерал Рапо. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
|