20.09.2012, 18:53 Си велам
Десетте најголеми лаги
Ерол Ризаов
Направете ваша ранг-листа на најголемите манипулации на политиката со јавноста
Кои се десетте најголеми лаги и манипулации на јавната политичка сцена во Македонија. Направив една моја ранг-листа, се разбира, пристрасна онака како што јас мислам. Направете и вие Ваша, па споредете ја со мојата. Може да биде интересно и корисно да видиме кој каде гледа и што видува. Нели, една од големите убавини на демократијата се разликите кои умните луѓе одамна ги нарекоа цветови во разни бои и мириси. Значи, мојот избор на десетте најголеми лаги и шпекулации не се по урнек на Десетте Божји заповеди, затоа слободно сменете им ги местата според ваши критериуми, или додадете си свои фаворити. Се надевам ќе ви биде возбудливо и поучно.
1. Една од најголемите лаги и манипулации со јавноста е како стандардот, подобриот, поквалитетен, посреќен, поубав, послободен живот не се главна тема на македонската политика и медиуми. Нашата најголема грижа, нашата ноќна мора, стресови, стравови од сиромаштија, беда и безработица не се најважна мерка за успешноста на една политика. Тоа е нашата грижа за дома, меѓу најблиските, како нешто срамно, единствено како наша вина, само наш неуспех и трагична интима кога децата ви одат на училиште гладни, кога немате да платите струја, вода и огрев и кога жената ќе ве праша што ќе јадеме денес. Можете како јунакот на еден од големите романи на Маркес во последната реченица гордо да одговорите: Гомна. Ете затоа маршот на гладните не е можен во Македонија колку и да ги има. Да се влезе во таа колона, сите да те видат, е небаре срамно питачење. Кога не можеме за сето ова што страдаме и боледуваме да побараме да биде основна и најважна работа на нашите политички водачи, а не да ги слушаме подзинати нивните басни за големите успеси и достигнувања, тогаш мора да се велемајстори за лаги и илузии. Навистина ако некој ве убеди дека вашата софра е богата, а вие не го гледате тоа, тој што од пустина прави оаза, совршена фатаморгана, тоа мора да е вашиот Господ. Признајте.
2. Демократија. Овој маѓепсан збор сите не' успа. Со полни усни слобода влеговме во новиот политички и економски систем со големи идеали и надежи. Некој порано, некој подоцна, сепак, сите разбравме дека тоа е големата, можеби и најголема измама. Наивно мислевме дека со повеќепартискиот парламент ќе умре едноумието. Сега кога гледаме дека тоа што го викавме режим и еднопартиски систем е недостижно, конечно, се сетивме дека во светот има многу повеќепартиски држави, ама нема демократија. На будалите отпосле им текнува дека промените не се во законите, туку во главите. Да, навистина има промени во нашите глави од едноумието до денес, ама не е на поарно. На полошо ќе да е. Им се извинувам на тие што не се чувствуваат излажани со дострелите на македонската демократија и слободи.
3. Реформи и промени. Точно 37 години како пишувам за реформи и неопходноста од промени. Политички, економски, структурни, здравствени, културни, образовни, социјални... и не знам се какви ти не. И што да ви кажам, како што течат реформите се' бетер и побетер станува. Се' поголема станува и политичката и економската криза. И пазете секогаш за тоа е виновен некој друг. Нема посилна манипулација и лага кога политичарите ќе ви отворат нов пакет-реформи. Колку поголеми и потемелни, тоа потрагични резултати. Зборот реформа во Македонија го изгуби своето вистинско значење. Македонските реформи во сите области се како двете големи диети - кинеската и јапонската. Многу слични, ама само едната дава резултати. Кинеската е по секое јадење, следува секс. Резултатот е катастрофа, станувате се' подебели. Јапонската е обратна, по секој успешен секс, добивате јадење. Дава одлични резултата. Нагло слабеете. Кинезите лажеле по три-четири пати на ден, а Јапонците некогаш не јаделе ништо и по една недела.
4. Меѓуетничките односи и патриотизмот. Како се симнувате подолу од политичките и интелектуалните, верските и универзитетските врвови, на пазарите, на нивите, на улица, лагата е се' повидлива. Додека ги слушате политичарите, подготвени сте со пушка в рака да ја браните татковината од комшиите со кои живееме со векови во истиот двор. Штом имаат некој зорт нашите водачи со првата, втората и трета точка од овој список, тие кинисуваат во патриотска мобилизација на силите по наци��нална, етничка и верска линија. Мотивите за изборна победа се претвораат во јазик на омраза кој тргнува од парламентот и партиските седишта и секавично се движи по плоштадите, училиштата, факултетите, телевизиите и весниците. Неслучајно некој од мудрите луѓе беше рекол патриотизмот е последното скривалиште на криминалците.
5. Избори. Најмногу се лаже пред избори. Се ветуваат рајски двори. Се сатанизираат политичките противници. Ако се собере се' на едно место што им е ветено на граѓаните во овие 21 година, Македонија ќе беше без конкуренција една од најпросперитетните европски држави. А во суштина уште не можеме да ја стасаме 1989 година. Се' уште ниту едни избори не можат да се сведат под епитетот европски. Досега со Македонија владееја само СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со нивните помали партнери. Можеме да полемизираме кој повеќе лажел или крадел, но едно е сигурно - двете заедно се нанедминливи. Други нема.
6. Европа и проблемот со името е една од најголемите манипулации која може да добие и повисоко место на ранг-листата. Стана повеќедецениска сапуница определбата на мнозинството за влез во Европа и во НАТО. Сите се виновни освен народните избраници. Манипулацијата е во тоа што иако сите политички лидери се залагаат за компромис и заедничко прифатливо решение, едните се прогласени за предавници и грчки платеници, а другите за патриоти кои го бранат името, националниот идентитет и јазикот. Некој дебело лаже.
7. Лустрација. Празник на лагата. Потрагата по кодоши е само медиумски спектакл и оцрнување луѓе со закон кој не ги исполнува основните правни стандарди. Наредбодавците на монтираните судски процеси никогаш нема да ги дознаеме, како што нема да дочекаме целосна рехабилитација на најголемите и најзначајни жртви на прогоните. Ординарна лага е дека во сите поранешни комунистички режими е направена лустрација. Со просветлување се нафатија само неколку источноевропски земји и ниту една од поранешна Југославија.
8. Историја. Тоа е единствена наука која која верификува лаги како научни вистини. Најмоќно оружје на политиката за манипулации, дури поопасно од производство на оружје и опиум е злоупотребата на историјата. Потрагата по пославно минато носи чудесни политички резултати. Доказ: проектот „Скопје 2014“. Нигде толку пари не се потрошени за олеснување на градските гулаби.
9. Државна стратегија и приоритети. Тоа е домашна работа само за академиците. Такво нешто не постои, освен во библиотеката на МАНУ покриена со една педа прав. Доктрината на партиите да ја освојат власта е единствената наша стратегија.
10. Кој е крив за сите грешки и лаги. Секогаш друг. Природно. |
|
Статијата е прочитана 4487 пати.
|
Испрати коментар
|
|
demokrat, 21.09.2012 00:15:44 | Erole, vo izborot ne Ti se mesam no mozam da najdam nekolku zabeleski vo nekoi Tvoi obrazlozenija, no za toa vo druga prilika. Naslovot na tekstov slobodno trebalo da go krstis ,,Stote najgolemi lagi,,. Makedonija za zal e sampion vo negativni vesti, lagi. manipulacii i dvolicnost. Navistina e tesko da se izberat najgolemite lagi i manipulacii. Ete po malku razmisluvanje sepak na celo na kolonata ke ja stavam lagata za 8. milijardi evra. Erole, ke ne potsetis li vo nekoja naredna kolumna za sto tocno stanuvase zbor? |
| Tode, 21.09.2012 05:24:42 | Erol, si bil legende i ostanuvas.Mnogu ubav napis.Silen si na peroto-ne zamenliv.Samo napred! |
| seirdzija, 21.09.2012 06:12:50 | Najgolema laga na ovaa vlast e PATRIOTIZAM!!!Vo medjuvreme gi unistuvaat site institucii na koi pociva edna pravna drzava,kako sto se zdravstvo,skolstvo,sudstvo,drzavnata administracija,policija...Najobicni lopovi koe vo edno minato vreme gi pustaa za vikend doma sega se gradonacalnici,ministri,dodeka partiskata vrhuska na vmro dpmne si tera anti makedonska agenda.Makedonija stana drzava vo koja spomenicite se povazni od zivi ludje,pa tuka i nema prostor opozicijata da bide konstruktivna...tuku se znae sto treba da napravi!!!!!!! |
| pameten, 21.09.2012 06:53:05 | Najgolemata manipulacija e deka Makedonija takva kakva beshe za vreme na SFRJ mozhe nekako da se zachuva vo novite geopolitichki i geoekonomski realnosti. Ubaviot zhivot togash beshe shuchajna sostosba, megju Istokot i Zapadot. Po 1991 morashe da se sfati deka se mora da pochne od 0. Ekonomijata brgu da se denacionalizira i privatizira, sudstvoto da bide vistinski nezavisno, politichkiot sistem da se izgradi kako demokratija na gragjanite, ne na narodite i malcinstvata (sistem koj shto ja unishti Jugoslavija), istorijata da se ischisti od fantaziite i da se prifati kakva shto bila, brgu da se rashat site bilateralni sporovi prifakjajki deka Makedoncite ne se naslednici na antichkite Makedonci i deka Makedonskiot jazik e novo javlenie, integracijata vo EU i NATO da beshe vistinski prioritet... |
| ФЕЛИКС, 21.09.2012 07:58:56 | Токму така г-дине Ризаов,слика и прилика на политичката сцена тука и нејзините актери.На вашиов напис ќе има коментари и од подржувачите на власта и подржувачите на опозицијата,секој со свое негативно гледање на работите.Вашите 10 примери на политичко однесување се однесуваат во начело за сите политички субјекти. Не се согласувам со лустрацијата да ти била непотребна,тоа што ја нема на ексЈУ просторите говори за демократскиот нивен некапацитет.Треба да се оди по теркот на земјите од ексисточниот блок како пример за лустрирање.Примерот со споменичарството како непотребна алатка на власта за зачувување на идентитетот.Имање 5-6 става за името од страна на опозицијата во зависност од политичката положба. Политикантско негласање кога се носи закон за земјоделие.Одработка симулациона а поткрепена со амфорско-куферски аргументи за соседот.Критикување за бугарофилство на власта а правење коалиција со докажан благонадежник и др.примери.Тие примери вероватно другите коментатори ќе ги посочат |
| Трпе, 21.09.2012 08:04:23 | Македончето е народ кој го лажеле,го лажат и дозволува да продолжат да го лажат.И после Цацко бил крив.Само е способен да се чука во гради со лажен патриотизам.Македонецот е храбар само на мса со чашка алкохол или под јорган. |
| Marioec, 21.09.2012 09:35:03 | Prvata laga manipulacija na narodot.Avtorot sovrseno ja vladee,i treba da mu se cestita.Vtorata laga demokratijata.Super nikade vo Evropskite zemji nemalo demokratija tuku samo vo ednoumuito.Za kajnas vo pluralizmot znam deka nepostoi demokratija,pred se zatoa sto celo opstestvo e pratizirano,na primer vasiot vesnik i Vecer.Ako avtorot zboruva za demokratija,neka dozvoli i drugi da komentiraat vo vasiov vesnik,ne samo,Jovan,pile,mile,pameten i red slicni kako niv sto se na ista branova dolzina so gosp junostalgicari.Ima dosta da se pisuva za site lagi,a oktopodot avtorot go zaborava isto kako i privatizacijata,koferot,roleksi i dr.E drag kolumnistu nikogas ne se proiznesovte za ovie raboti vo sto e problemot,najverovatno nekoj drug e kriv. |
| Livadarski naucni suski, 21.09.2012 09:43:13 | Erole, se slogam so tvojata rang lista na lagi i manipulacii kontinuirano plasirani od vladeeckite eliti. Mozebi mestata na ranglistata po moe bi bile nesto poinakvi, no nejse.Jas bi ze zadrzal na onaa laga i manipulacija ,koja pripadja pod tocka 3,plasirana pod parolata:Znaenjeto e sila znaenjeto e moc i otvoranje na visoko skolski ustanovi na sekoja slobodna livada, so navodno objasnuvanje, da mu stanele fakultetite podostapni na idnite studenti. Vsusnost se raboti za manipulacija i laga so cel otvaranje na dopolnitelni tezgi na profesorite, kako i steknuvanje so naucni tituli i profesorski zvanja , preku noc,na nauscni anonimusi i suski, predavajci na tie fakulteti.Eve i nekoi nevladini org. preku noc stanaa instituti, a pokasno so amin na Vladata stanaa i univerziteti. I ona falenje deka preku 96% od srednoskolcite prodolzile na fakulteti , a ete vladata ne bila zadovolna , pa se stremi da se dostigne 99% od da prodolzatna fak.Dali na planetava Zemja ima drug takov primer? |
| PAVLE ALIMASKA, 21.09.2012 09:50:08 | Ероле,понекогаш се срамам,не од тоа што сум горд Македонец,туку се срамам што има многу Македонци кои треба да се срамат сами од себе си.Замислете,на последните избори 2011 година 440000 луѓе,со име и презиме ги поддржаа овие кои народот го доведоа до лудило,на работ на животниот опстанок.Дали ги сметате за разумни луѓе оние под името ИЗГОР ПРИВАТИЗАЦИЈа,ЖРТВИ НА ТРАНЗИЦИЈАТА,оние кои од Фрчкоски со жив штит ќе ги бранеле спомениците,оние кои ги нападнаа заштитниците на плоштадот,тој Аризанов од Кавадарци,докторите кои направија синдикат лојален на власта,тие во образованието,кои 2008 година се спротивставија на сопствениот штрајк,тие кои веруваат дека Груевски е патриот и го штити името,од една страна,а од друга страна Албанците ни ги земаат териториите плански и со утврдена стратегија,Груевски кој не се откажува од крвниците Ванчо Михајлов и Тодор Александров,а се откажува од Кочо Рацин и многу други слични на него кои ни ја донесоа со своите животи оваа државичка,која тој немилосрдт |
| kemal --- kovac, 21.09.2012 10:14:30 | Erol - Stvarno i poznat komentar,za Mak.no sebepot-pricinata. Site nie znaeme deka Mak.naucila dosta i uspesno da zaze od: Ilirite,Trakite,Turcite,Srbite itn...... I ne e ni cudo .Koga deneska vo 21 milenijum bi se odrzalo svetsko prvenstvo vo LAGI - MAK. bi bi osvoila 1 mesto - Zlaten medal.Ama MAK ja nema vo drugite natprevaruvanja :Sportot,politicki-socijalni-ekonomski i ekoloski itn.... natprevari.
Dasme ni zdravi i zivi.Dodeka laje neka traje.Kade site Turci tamu i gol Asan.Site ne plukaat Mak.misli deka dozd padza.
|
| Оливер, 21.09.2012 10:18:20 | Не само што сте пристрасен (кон опозицијата) г-не Ерол како што признавате во текстот, туку и немате некој посебни познавања од историја или да не речам делувате тотално неписмен во тој дел или можеби така ви одговара да се однесувате со една од најстарите науки на човештвото само поради лична инспирацја, задоволство и потреба. Ранг-листата пушта некој крик како од некој бунар и доаѓа како ехо, се повторува само првиот глас од вашиот возвишен, па дури на крај се слуша како мелезот на глас (на возвишениот и вашиот-полтронскиот).Јас искрено и не знам Вие дали воопшто имате чувство кон оваа држава или ја сметате за сеуште како југословенска република, оти верувам дека тогаш во делот на братство и единство сте биле ВОЃА ВО РАБОТНИ АКЦИИ штом имате ваков класичен ударнички текст. Г-не Ерол не постои веќе вашето време(тоа време) Македонија има нов дух и тек на живеење, подбуцнувањето и угодувањето на други туѓи имоти заврши. Коњите ви ја матат водата... |
| Ivan, 21.09.2012 10:34:26 | Ероле, мислам дека се малку 10 лаги. Не ги
споменуваш Окта, Телеком, НПК, комјутерите, двокатните автобуси, тужбата на ЕВН (па спогодба со нашиве за повлекување на тужбата - и вишкај ги вените до небо = компензација за тужбата). Се плашам дека веќе дека сигурно
размислуваат да формираат здружение против
тебе....Пази се! |
| bezanec, 21.09.2012 10:36:37 | Ероле знај дека власта ќе те нареди во луѓето кодоши. Толку отворено да речеш за власта а народот толку глупо и верува, со овој народ нешто се случува или баш го гајле и така е на работ на голата егзистенција. Браво единствен меѓу првите што си го брани дигинитетот, стручноста и достоинството. |
| milan, 21.09.2012 11:09:47 | Sekoja od desete tocki moze da se analizira posebno.Na mene mi zapadna za oko tockata 6.Nenadmasna laga e politickite protivnici i neistomislenici da gi proglasis za predavnici,platenici isl. togas normalno site lagi legnuvaat ubavo.Ovoj narod poveke se plasi od predavnici,sto mu gi prezentira i go laze ovaa vlast odkolku od gladot sto mu go donese segasnata vrhuska. Mene licno pred 2006g.nikoj ne me izlagal,ama segasnive sekoj den me lazat.Ne mi e krivo sto lazat, no krivo mi e sto se ubedeni deka narodot im veruva.Za tie sto ne veruvat,treba da se na nekoj nacin zaplasat,ucenat,ili dovedat na prosjacki stap.POZDRAV DO E.R. |
| Narodot!, 21.09.2012 11:12:26 | *Voljata na narodot* ili *narodot saka*. Demek saka spomenici, operi, reklami, ..., a ne leb, ogrev i drugo shto mu e neophodno za prezivuvanje. PS: Onoj *mostot na umetnosta* da se krsti *most na gluposta* ili *Kicho*, bidejki e vistinski kicheraj, kako i celoto Skopje-2014. |
| НЕ БЕ АНТИМАКЕДОНОСТУ ВО еуГрција и еуБугарија има демократија, 21.09.2012 13:29:55 | Колку пати сакаш да ти кажам да си одиш од Македонија штом толку не е добра, нема демократија, штом толку многу несакаат етничките Македонци да го сменат името по грчки уцени. |
| Istocna Makedonija, 21.09.2012 13:49:02 | Erole, se e potaman vo analizava.Mal osvrt za 10 to
rangiranite greski i za vinovnicite.Vo momentov,
se razbira Branko i Ljubco i cat/pat Kiro Gligorov.
Ama,kaj nas i vo nasava nebidnina,se e revansizam
niski udari,animozitet,razubavuvanje na surovata realnost na bedno ziveenje i eden den,pak poln
so greski,e,drugi ke bidat etiketirani kakoi vinoniv
niciIKoi?I malite deca znaatIPanta rei,se se menuva ,
se tece vo krug.Kaj nas vo lavirint,denes na tronot,
utre na magareto,a zadutre,koga ke tresnes nazemi,
ke se osvestis.No,docnaISto pravis,ke ti pravatI |
| od proliver do oliver, 21.09.2012 14:42:39 | Dobro be Oliver zosto go napagjas kolumnistot, ako ne ti se svigja napisanoto ,kazi go tvojot stav za napisanoto , a ne za onoj sto go pisuva pisanoto.Kazi im na tvoite da se navrtat na tekstot a ne na pisuvacot, togas ke ja pogodis celta, normalno ako ja gledas. |
| tihi, 21.09.2012 17:14:35 | Megalaga e koga nekoj 20 god. vergla edno te isto i pritoa 300 i kusur iljadi glasachi slepo da mu veruvaat.Zatoa i se samobendisani bez prichina. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 8°C
Ведро
|
Сабота
Ведро
Макс: 23°C, Мин: 11°C
|
Недела
Сончево
Макс: 29°C, Мин: 13°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (6)Голооточки и дедињски молчаливци. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
|