Број 3403  сабота, 09 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter

Македонски Состоjби

Лустрацијата-леб за сиромаштијата

Манчо Митевски

Власта отвора простор за улична лустрација и за некои нови „ловци на скалпови“

Стана веќе неспорен факт дека за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ не може да се случи никаков позитивен исчекор напред во државата, без да се обезбеди каков било профит во вид на „задолжителен данок“ за партијата, во чија функција се инструментализираат сите државни и општествени проекти до степен да се профанисаат или да дадат спротивни ефекти од замислените. Такво нешто се случува и деновиве со стартот на лустрацијата. Проектот за општествено прочистување и помирување - поради доцнењето од дваесет години од промената на системот - се покажа како голем товар за еден ваков процес и се претвори во лов на вештерки. До тоа дојде поради отсуство на политичка волја кај власта за успешен процес и поради политичка инструментализација на нискокапацитетната комисија. Власта си доби играчка за замајување на јавноста: кодошите од 1964 година станаа поважни од денешната 31,1-процентна сиромаштија, 32-процентна невработеност, катастрофалните состојби во економијата, одливот на млади мозоци, поделеното општество, застанувањето на земјата на опашката на евроинтеграциите, неисполнетите ветувања...

Првиот лустрациски случај со претседателот на Уставен суд, Трендафил Ивановски, ја отвори Пандорината кутија и покажа како не треба да се одвива процесот, како не треба да работи Комисијата (селективност, контроверзни факти, партиско прегласување) и како не треба да се однесува власта (сатанизација на Уставен суд!).

Според Стојан Андов, иницијаторот и еден од авторите на Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција, или поразбирливо Закон за лустрација, за надлежната Комисија да верификува дали досието на поткажувачот е релевантно или не „мора да постои недвосмислена изјава на лицето дека се согласува да биде кодош на службите. Потоа, мора да постои континуитет во кодошењето, односно соработката. И, трето, мора да постои јасно изразена корист од поткажувањето, било да е таа директна (добивање пари) или во лесно напредување во кариерата и слично“. Во случајот на Трендафил Ивановски, кој најави жалба до Управен суд, во најмала рака, лабави се фактите на Комисијата по сите основи предвидени во Законот (чл. 4, став 4): „Под соработка, во смисла на овој закон, се смета свесна, тајна, организирана и континуирана соработка и активност, заснована со писмен документ, со органите на државната безбедност, во својство на таен соработник или таен информатор... во автоматизирани или рачни збирки на податоци и досиеја, оформени и водени за одредени лица со кои се кршени или ограничувани основните права и слободи на граѓаните од идеолошко-политички причини и од која е остварена материјална корист или погодности при вработување или напредување во службата“.

Првиот случај на лустрација на македонски начин излезе во стилот „нека виси Педро“! Комисијата оцени дека од неколкуте стотини поднесувачи на изјави дека не се кодоши, сите се чисти - претседателот, премиерот, спикерот, пратениците, министрите, градоначалниците, па се до советниците - и им даде и црно на бело за да можат да ги покажуваат на своите телевизии. Кабаетлија излезе само Педро, што го доведе во ситуација премиерот, за момент да ја замрзне својата функција и како граѓанин да го каже своето „лично“ мислење, фрлајќи дрвја и камења по претседателот и по Уставниот суд, оној човек од оној суд кој и' ги „сопирал реформите на Владата“, уривајќи ги законите кои биле подобри од Уставот! Ајде сега Груевски нека убеди некој дека не се работи за нафрлена топка, како низ спортските сали на Владата, каде што тој дава ефектни голови! Со тоа e определена насоката на процесот: погром на неистомислениците!

По сето ова јавноста може да ги верифицира неспорните факти што од македонскиот начин на лустрација на стартот направија и допрва ќе прават нејзина негација. Значи, откако се утврди дека големите ѕверки на македонската политика се „чисти“, а лустрацијата мора да продолжи поради оставање впечаток на ЕУ за „посветеност на процесот“ и како забава за народот за да не се сети дека е гладен, без работа и без перспективи - власта подготвува проширување и надградување на Законот. И еве ја новата шема. Тие што биле моќни во минатиот систем, си ги исчистиле кодошките делови од своите досиеја или поедноставно, ги снемало целите досиеја. Нели така вели и Комисијата: едикојси нема досие - но, проверија ли дали навистина нема или тајната служба не и' го дала?! Слично направиле и моќниците во новиот систем од 1990 до 2010: СДСМ и нивните 1992/1998 и 2002/2006 и ВМРО-ДПМНЕ и компанија 1998/2002 и 2006/2010. Оттаму, не треба да се отфрла изјавата на Љупчо Георгиевски дека министрите му тврделе дека нема досиеја за лустрација!

Во таква ситуација, власта се подготвува да го продолжи временскиот опфат за лустрација, наместо до 1990, до 2010 година и опфатот на професии - бидејќи големите функционери се „чисти“, да им се пушти по малку крв на оние што не се во власта: професори, писатели, академици, попови, новинари... поточно оние кои се критички настроени кон власта и чии досиеја со софистицираната технологија можат да се прошируваат и дополнуваат со „договори за дело“, „101 приказна во континуитет“ и со „каса прими“, за да се исполнат условите за кодошлак. Со ваквиот пристап, власта отвора простор за веќе најавената улична лустрација и за некои нови „ловци на скалпови“ - да почнат жигосувања со некакви списоци стекнати додека биле во службите.

Професорот Димитар Мирчев изнесува во „Дневник“ принципиелна забелешка на процесот на лустрација. Според него, „Наместо да се гонат и идентификуваат протагонистите, актерите, егзекуторите на тие постапки, денес ќе ги криминализираме нивните жртви. Дваесет години по прогласувањето на независна, суверена, демократска Македонија, педесет, шеесет, седумдесет години по извршувањето на ’инкриминираните дејства‘. А што правиме денес? Зарем денес полицијата и тајните служби не регрутираат информатори, кодоши?“ Мирчев повикува: „Разумно и неполитикантски да се процени дали овој закон повеќе и' користи или и' штети на консолидацијата на демократските процеси и на човековите права и слободи во Македонија. Се' ми се чини дека е повеќе второто“.

По првиот и според многу нешта контроверзен случај, се поставува клучното прашање: дали во Македонија власта и политичките партии сакаат лустрација во вистинската смисла на зборот или забава за народот за сметка на судбините на многу луѓе. Затоа, пред да почнат да се поднесуваат предлози за дополнување на Законот, треба добро да се процени дали со фалична, селективна, политикантска и фингирана лустрација ќе се оствари посакуваната цел, ќе се зајакнат демократските процеси и ќе се елиминира еден од многуте генератори на делбите во македонското општество?


#
Статијата е прочитана 1307 пати.

Испрати коментар

Од: kristo
Датум: 11.10.2010 11:33:56
Da ne si ja ima nekoj novinar muvata na kapata pa pisuva kako sto pisuva?
Од: exorcist
Датум: 11.10.2010 13:39:59
bre majkata.. znaci narodot treba da ja batali lustracijata, demek nema da ja ima.. pa narodot ne ceka da se sokrijat listite na kodosite, a i ne mu trebaat listi.. se znae koj e koj.. a lustracijata e tokmu pocetok na zapiranje na siromasijata za edna vakva stalinisticki kontrolirana drzava i po 20 godini nezavisnost..

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Македонско-бугарски историски контроверзии (2)
Лов на директори
Стил
Радомир Антиќ ќе го наследи Јонуз?!
Катерина Богоева од „Утрински весник“, добитничка на наградата „18 Мај“
Сериски ТВ-манијаци од балкански тип
Чесите не го сакаат еврото
Нобелова за мир на кинески дисидент
И „повелете“ веќе не помага, облека ретко кој купува
Бајки за ЕУ
„Дис-печ“ - Rocket Number 9!
Одиме на победа против Русија
Настап на музичкиот дел од ВОМЕКС
Вртење во круг
Помеѓу минатото и иднината
Руската црква си се рекламира на „Јутјуб“
Дали се' уште еволуираме?
Десет часа над бездна длабока 500 метри
СДСМ и прати порака на власта од Прилеп
Распутин бил убиен од англиски агенти !
Бегаат од фотографи, а се' си кажуваат на „Твитер“
Подготвен сум за петте минути светска слава
Тивко замина спикерот што пушташе музика
Востанија и револуции






Former Croatian PM scrutinised by parliamentary committee
European Parliament VP investigated for rallying Hungarian minority
Bulgaria calls on World Bank to help manage EU funds