Катерина Богоева од „Утрински весник“, добитничка на наградата „18 Мај“
Заводот и музеј - Битола за проектот „Постојана поставка“, проектот „Архитектонска декоративна пластика на сакралните градби во кумановско од 4 до19 век“ на авторката Славица Крстиќ од Заводот и музеј - Куманово и новинарката на „Утрински весник“, Катерина Богоева се годинешните добитници на наградата „18 мај - Меѓународен ден на музеите“ за 2009 година.
Наградата во три категории „Музеј на годината“, „Проект на годината“ и „Надворешен музејски соработник“ вчера им ја додели Македонскиот национален комитет на ИКОМ.
Таа се доделува по втор пат во земјава, а прв пат во три категории е посветена на поттикнувањето на напредокот на музејската дејност во доменот на истражувањата и презентирањата на културното и природното наследство. За неа годинава конкурираа 11 проекти а надвор од категориите беа доделени и две пофалници. (К.Р.) |