Број 3403  сабота, 09 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter

Опозицијата и власта во битка со митинзи

Александра М. Митевска


Опозицијата влегуваа во нова кампања контра владините политики, спроти битните настани во ноември за натамошното позиционирање на државата на меѓународен план. Во очекување на извештајот на Европската комисија за Македонија, на домашната политичка сцена станува жешко. Притисокот врз власта, веројатно, уште повеќе ќе се засили по самитот на НАТО во Португалија, кога опозицијата ќе почне да го спроведува најавеното сценарио за детронизирање на ВМРО-ДПМНЕ.

Шансите да се испровоцираат предвремени избори, навистина, изгледаат минимални, особено по информациите од Брисел дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети не е заинтересиран да ја напушти Владата и да предизвика предвремени избори. Но, тоа не значи дека опозицијата нема да ги искористи сите механизми што и' стојат на располагање за да и' го загорчи животот на власта.

Серија антивладини протести во наредните денови ќе се одржуваат низ македонските градови. Опозиционери��е очекуваат поддршка од различни социјални групи што во изминатиот период на разни начини го изразуваа својот револт поради одредени владини политики што ја засегаат егзистенцијата на граѓаните. Првата опозициска пушка ќе „пукне“ на 11 Октомври на т.н. востание на СДСМ во Прилеп. Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, деновиве најави дека слични собири и митинзи ќе се одржат и во други градови, како логично продолжение на големиот протестен митинг пред зградата на Владата во Скопје што се одржа на 27 јуни.

Социјалдемократите од Прилеп ќе и' испратат порака на Владата дека неправедно го потценува и релативизира значењето на НОВ и дека е време македонските граѓани наместо да се оптоваруваат со минатото и да се делат по сите основи, да се свртат кон сегашноста и кон иднината.

Неколку дена пред објавувањето на годишниот извештај на ЕК за Македонија, на протести ќе излезат и поддржувачите на Обединети за Македонија. Но, бунтот на партијата на Љубе Бошкоски има и идеолошка заднина, бидејќи една од неговите цели е да се покаже дека политиките на владејачката партија немаат ништо заедничко со доктрината на историското ВМРО.

Не се открива како владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе одговори на протестите насочени кон неа откако се откажа од намерата да го саботира „востанието“ на социјалдемократите. Во политичките кругови се зборува дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ ќе се стрпи десетина дена. Дека ќе го почекаат следниот државен празник - 23 Октомври, Денот на ВМРО, за кога се подготвувало нешто спектакуларно што би го турнало во заборав сдсмовското востание и априори би ги побило тезите на Бошкоски. Засега нема официјална потврда за ваквите наводи.

Илија Димовски, директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, единствено вели дека е легитимно право на секоја партија да протестира. Според него, Црвенковски и Бошкоски се во координација. „Сепак, за нив би било подобро наместо со агресивни протести, да се промовираат во јавноста со нови идеи и решенија“, вели Димовски.

Црвенковски најави дека СДСМ и во наредниот период ќе продолжи да ги објавува своите проекти како алтернатива за владините политики. Според него, невообичаено е во една парламентарна демократија опозицијата да биде таа што ќе предлага економски проекти. Опозицијата обично го прави тоа во предизборниот период за да најави каква политика ќе води ако ја формира Владата по тие избори. „Но, имајќи предвид дека се работи за целосна безидејност од страна на власта, ние решивме наместо да чекаме предизборие, многу порано да ги обелодениме нашите идеи и проекти. И не само тоа, туку и да и' ги ставиме на располагање на власта“, рече Црвенковски. (А.М.М.)


#
Статијата е прочитана 2472 пати.

Испрати коментар

Од: zagrizen
Датум: 09.10.2010 13:07:54
GO CITAM TEKSTOV I ZAMISLETE ILIJA DIMOSKI GO UCI BRANKO I LUBE KAKO DA SE PONASAAT. NARODOT REKOL DOSLO MORE VO REKA DA SE DAVI DIMOSKI UM DA PRODAVA, ZATOA I DRZAVATA E NA OVA DEREDZE DOJDENA. SAMI SI GO BARAVME PA SEGA SO DECA MASTENICA KE SRKAME.
Од: забеган.
Датум: 09.10.2010 14:40:52
Нема-Нема предвремени избори?.Уште ШАРКА има лој за лапајне.Ко ќе и го соголат до коските е тогај ќе има,За жал ќе биде предоцна.
Од: tihi
Датум: 09.10.2010 15:05:59
Ako prvata puska e Branko , togas bi rekol "znam te pusko kad si pistolj bila".
Од: Antonio
Датум: 09.10.2010 18:30:27
Ne razbiram koja mu e poentata na portokaloviov pilistarec bez biografija???
Од: ФЕЛИКС
Датум: 09.10.2010 20:05:45
Tihi ме претекна со паралелата но го очекувам Феличита да каже обратно,био је пиштољ сад ќе бити калашњиков,,.Вероватно на митинзите како увод ќе ја пуштаат песната од Бреговиќ ,,Калашњиков,,оној оркестар за погреби и за свадби.Инаку се надевам да идеите им се како за бескаматни кредити за станови,така да имаме плима од просветлени идеи бескаматни. Каматите отпосле стигаат.,така било секогаш.
Од: taipov abdula-turk intelektualec
Датум: 09.10.2010 20:24:49
Zosto se site ovie gluposti na opozicijata?koji matni nadvoresni sili stojaat pozadi niv?koga na makedonija mu treba edinstvo okolu resavanjeto na svoite poblemi opozicijata zedna za vlast bara vonredni izbor,borba za fotelja. Za vreme na ovaa vlada se ukinaa vizite so evropa,se uvezuvaat koli so povolna carina,sto baraat opozicijata?Ne zavisno od turskite partii gragjanite od turskata multietnicka zaednica Istocna makedonija pak ke ja podrzuvaat denesnata vlada odnosno gospodinot Gruevski. Makedonskiot i turskiot segment se garant za opstanokot na RM vo idnina.
Од: sv dimitrija
Датум: 10.10.2010 06:59:14
A shto misli Branko i negovata SDSM deka Makedonskiot narod zaboravi koj e stavi drzavata vo kor sokak , mnguse lazi ako misli Makedonskiot narod e BUDALA.Makedonskiot narod raboti tifko i kaznuva isto kako na predhodnite izbori taka sega ali uste po surovo.Ovaj pat za SDSM i Branko mozda nosi i KRAJ.Kako chovekot saka ponovo na vlast koga narodot znaj ako toj pobedi ne samo imato Makedonija ke odi tuku i cela drzava ke ja snema.
Од: Феличита
Датум: 10.10.2010 10:13:27
Среќко остана без идеи,па спадна на дереџе да го цитира Tihi.A на митингот мислам дека Косара Мазнева ќе ја пее „Смрт мајке Југовиќа“!Инаку пиштолот и камата се симбол на БМОРК (Б’лгаро Македоно-Одрински Револуционерен Комитет“!Малку повеќе се измешавте вие портокалчињата,па не знаете дали сте „Удбашки Срби со говорна мана“ или благонадешни!Еве,пак го воскреснавте патолошкиот убиец Владо Черноземски, Бугарин од село Каменица кај Велинград,кој го убил не само кралот Александар,туку и Димо Хаџи-Димов,Наум Томалевски,Славчо Ковачев,првиот бугарски премиер Александар Стамболиев и многу други!Како бугарски психопат станува вмровски херој: Лесно,како што го претворивте Бате Шефкет во Дада Ферхунде!
Од: skopjanec
Датум: 10.10.2010 15:32:27
Branko,Branko i pak Branko. Se se vraka na Branko.Bez Branko ne se moze.FAKT. Sekogas koga e tesko i nema izlez op tuka e Branko da ja vadi drzavata. Mu se dopaga na nekogo toa ili ne sepak e taka. Neli Branko e predavnik bidejki ja prifati referencata???? Sega decava se fatile za nea ko slep za stap i ne ja popustaat. So nea vo EU i Nato. Pa do vcera be Vmro-vcinja ne sakavte da ja cuete a kamoli da ja spomenete referencata "na Branko" a sega vi e edinstveno nesto na sto mozete da se povikate. Sepak Branko si e Branko. Nikola ima uste mnogu za ucenje. neka se vrati 2049 moze ke ni bide srekna.
Од: Валерија
Датум: 10.10.2010 18:13:22
Вонредни избори се уште ќе нема, зашто оваа багра не си ја има задоволено патолошката глад за пари и недвижнини. За жал, мојот народ излезе најнекадарниот на Балканот, сите други на клоци ги избркаа криминалците и диктаторите, само пустото Македонче чека да го сотрат од корен и пак нема да реагира. Повторувам дека реномето и квалитетот на Утрински весник се обратно-пропорционални со одредени здодевни платени креатури кои со јавувања и коментари ги малтретираат луѓето во Македонија. Аман, има ли соас од Феликс-овци, Тихи-овци и слични? Интелектуално бледи персони кои освен партискиот став, немаат што друго да напишат. Жално....
Од: oceski
Датум: 11.10.2010 10:38:48
sdam na celo so branko se tie koji bez proleana kapka krv ja stekna samostojnosta na makedonija, se izborija za clenstvo na makedonija vo OON i makedonija stana megunaroden priznat subjekt,vo nivno vreme makedonija pod ustavno ime ja priznaa nads 127 drzavi megu koi amerika,kinja i rusija, uspea makedonija da se stekne so status-kandidat za eu, gi finisiraa rabotite za partnerstvo so nato,biometriski pasosi i smnogu m,nogu uste. VMRO_DPMNE se tie koi baraa vojna so togasna JNA, se tie koi velea-smrt za siptarite,gasni komori i secenje na kandzi, se tie koi predizvika voen konflikt vo 2001 i sakaa teritorijalna podelba na zamkjava i razmena na luge,se tie koi gi rehabilitiraat vanco mihajlov i drugi bugarski dejci, se tie koi vrsat bugarizacija na makedonskiot narod kade na bugarskite borci-todor aleksandrov,cernozemski ,buneva i dr.im drzat panahidi, se tie koi narodov go podelija na predavnici i patrioti, na anticki i slovenski makedonci, se tie koi trosat narodni pari za spomenici
Од: exorcist
Датум: 11.10.2010 13:34:39
koalicijata sdsm-dpmne si pocnuva so mitinzite prema scenarioto za predvremeni izbori so cel da se blokira vlezot na drzavata no NATO i EU.. prilepskiot gradonacalnik i javno im posaka dobredojde haha.. ne se znae dali i ceca ke pee na mitingot.. pa koga sdsmovcite go izbraja za gradonacalnik po vtor pat toj sega treba da im se oddolzi.. no seuste ne im e jasno dek nema da ima predvremeni izbori, a za redovnite ke nemaat koncenzus za uspesni izbori..
Од: nacional-patriot
Датум: 11.10.2010 23:38:51
Do Oceski.Panihidi za tie licnosti pravese partijata od Ljubco VMRO-NP,a ne ovaa vlast.Licno Ljubco ja predlagase idejata od 2001 godina.Koga bese premier, Buckovski predlozi zaednicko slavenje na nekoi praznici so Sofija,a takvo nesto odbiva ovaa vlast.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Македонско-бугарски историски контроверзии (2)
Лов на директори
Стил
Радомир Антиќ ќе го наследи Јонуз?!
Катерина Богоева од „Утрински весник“, добитничка на наградата „18 Мај“
Лустрацијата-леб за сиромаштијата
Сериски ТВ-манијаци од балкански тип
Чесите не го сакаат еврото
Нобелова за мир на кинески дисидент
И „повелете“ веќе не помага, облека ретко кој купува
Бајки за ЕУ
„Дис-печ“ - Rocket Number 9!
Одиме на победа против Русија
Настап на музичкиот дел од ВОМЕКС
Вртење во круг
Помеѓу минатото и иднината
Руската црква си се рекламира на „Јутјуб“
Дали се' уште еволуираме?
Десет часа над бездна длабока 500 метри
СДСМ и прати порака на власта од Прилеп
Распутин бил убиен од англиски агенти !
Бегаат од фотографи, а се' си кажуваат на „Твитер“
Подготвен сум за петте минути светска слава
Тивко замина спикерот што пушташе музика






Former Croatian PM scrutinised by parliamentary committee
European Parliament VP investigated for rallying Hungarian minority
Bulgaria calls on World Bank to help manage EU funds