По фондовските директори и корумпираните лекари, Владата сега тргна во лов на директори на болниците. Прашање е на време кога и нив ќе ги видиме со лисици на рацете пред судовите. Здравствените власти ги растресоа клиниките и болниците и открија дека некои директори правеле криминал со лековите. Купувале лекарства и до 30 отсто поскапо од највисоките цени, кои ги дозволува државата и со тоа ја оштетиле здравствената каса.
За ваквите злоупотреби директорите ќе бидат разрешени. Но, тука не завршува казната за нивното незаконско работење. Некои директори ќе завршат и в затвор, а за направената штета тие ќе платат и со сопствените имоти.
Веќе нема попуштање. Владата реши на грешните директори на јавните здравствени установи повеќе да не им прогледува низ прсти. Опомените, предупредувањата и разрешувањата не помогнаа. Па, Владата мораше да ја активира долгонајавуваната крајна опција за сузбивање на криминалот - да се бара лична и материјална ��дговорност. Досиејата за тендерите и извештаите за лошото работење сега ги чешлаат МВР и Јавното обвинителство.
Да нема недоразбирање, оној што незаконски го трошел здравствениот денар треба да биде казнет. Владата укажа што ги очекува директорите ако грешат уште пред да бидат именувани. Од некого мораше да се почне, па овој пат настрадаа директорите на болниците. Министерот вели дека криминалот бил случајно откриен со контролата што била наменета да открие дали долговите што ги генерираат болниците и клиниките се реални, па буџетите им се мали или, пак, директорите лошо менаџираат.
Но, дали незаконитостите во јавното здравство ќе се решат само со санкции за директорите? Со ваквата мерка менаџерите ќе се дисциплинираат и ќе им се влее страв во коски да не прават криминал. Но, треба да се најде коренот на криминалот, за да не се повторува.
Ако подлабоко се навлезе во проблемот, тогаш на виделина ќе излезе дека сите реформи што беа направени за овие четири години, не дадоа плод. Се намалуваат референтните цени на лековите, се воведоа нереални цени на здравствените услуги по ДРГ-системот, Фондот гледа на секој чекор да направи заштеди, што јавното здравство само уште повеќе го кутна на колена.
Со еден збор, владее таков хаос што ни странски менаџери не би можеле да го поправат и да му помогнат на македонското здравство. За состојбите не се виновни директорите, но најлесно е по нив да се удри. Џабе на менаџерите им се даде власт самостојно да работат кога од едно треба да прават две. Ако нема пари, нема. Ако не е така, зошто недостигот на лекови и на материјали за лекување се решава само ако за проблемот се проговори во јавноста. И тогаш, обично, решенијата се чисто популистички со кратко времетраење и помнење.
Едно е сигурно, ако продолжи ваквата политика Владата само ќе ги тера болниците и клиниките да не работат и да не лекуваат пациенти за да не создаваат долгови. Зашто, ако парите им се доволни, болниците сигурно нема намерно да одат во минус.
Дали навистина овој пат директорите ќе одат в затвор ќе покаже истрагата на МВР и на Јавното обвинителство. Но, повеќе од јасно е дека за да и' покажат на јавноста колку работат, на здравствените власти им текнува секогаш кога ќе се открие дека закашкале некоја работа. Така и овој пат. Министерството обелодени што покажала контролата во болниците токму кога здравствените власти се најдоа во тесно за пропустите околу тендерот за вакцините и останаа без објаснување зошто тие биле направени. Со фалбите што открило Министерството за здравство, веројатно, требаше да се забошоти случајот со вакцините. Па, на јавноста и' беше фрлена друга коска. Се фатија директори кои незаконски набавувале лекови во болниците. Како да се скрие лошото работење на Министерството, ако не со свртување на вниманието на јавноста кон друг проблем. Веќе видено. А, на јавноста полека и' станува јасно како функционира власта, посебно кога ќе биде фатена дека и таа греши.
Ако „треба од едно да прават две“, а тие прават едно од 1,3, то��аш треба да им се суди. Од каде ја најдовте владата виновна сега?
Од: јас
Датум: 09.10.2010 17:28:20
Секое чудо за три дена , па и ова...
Од: ФЕЛИКС
Датум: 09.10.2010 20:11:40
Интересантно резонирање на новинарот.Кога се вели дека ќе одговараат директори за сторен криминал тогаш имаме теза,,почнува лов на директори,, кога има ловостој тогаш власта ги штити криминогените директори.Никако да им се угоди на независнава медиумска фела.
Од: zk
Датум: 09.10.2010 21:46:42
im velev na toa direkorive: da dadat navreme uste pred nekoja godina ostavka "od semeji pricini" kako toj janezot sto napravii..
oni, ke bidele "managers", e sega skoprijata si gi jade partnerite.. (megu dve postavuvanja na spomeici vo skopje 2014)...
Од: Феличита
Датум: 10.10.2010 10:28:56
Портокаловата револуција веќе нема што да јаде,па си ги јаде своите деца!
Од: jovan
Датум: 10.10.2010 23:18:43
Sigurno ova ne se nivni direktori ili pa nesto im zgresile, a voedno, sigurno se cisti pat za nekoj pogolem biznis. A najsigurno pa e,deka nema vrska deka im stalo do drzavata i pacientite.Vo pozadina se "gotvi" nekoj drug plan za uste pogolemi biznis grabezi.Vaka e skoro sekade, gradezen biznis, banki, vinarii, mediumi,...i da ne nabrojuvam. Nema nisto od reformi, ima samo "biznis planovi"za uste pogolemo prigrabuvanje.Prerodbata vazi samo za "nivnite",samo oni se preporodia od ovie reformi, ostanatite tivko izumiraat.Branko i ponataka neka im"cuva ledza"so donkihotski vostanija i revolucii.