Број 3403  сабота, 09 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter

Боби Серафимовски

Подготвен сум за петте минути светска слава

Во САД, во „Мјузик он Мекавенју“ од Лос Анџелес се лиценцирани над 70 мои музички дела и тие им се нудат на познати филмаџии и музички супервизори во Холивуд и низ Америка. Две композиции веќе се примени да бидат музичка подлога на иден филмски проект од американска продукција

Јасминка Павловска

Во почетокот од својата музичка кариера Боби Серафимовски претендираше на стилот и прекарот Бајага од Куманово, но со текот на времето се сврти кон корените. Така, во почетокот од веков го издаде албумот со етноинструментални нумери, а потоа почне да експериментира со џезот... Сега неговите амбиции се насочени кон американскиот сон. Неговите композиции веќе се лиценцирани и на американскиот музички пазар. Две од нив наскоро ќе може и да се најдат како музичка подлога во еден американски филм. Боби Серафимовски вели дека во оваа ситуација „петте минути светска слава“ нема да го најдат неподготвен.



Долго време си дел од македонската музичка сцена, минуваше низ различни музички жанрови - поп, етно, фолк, блуз-инструментали... До кој степен на музичка еволуција стигна?

- Годините навистина бргу минуваат. Од моето прво издание, мојот прв албум минаа речиси 20 години. Во далечната 1991 година се појави моето дебитантско ЦД под наслов „Ивона“ за Македонската радио-телевизија. Оттогаш па досега имам уште две изданија „Најдоброто од Боби Серафимовски“ и инструменталниот албум „Кон корените“, кој се појави 2001 година, исто така, во издание на Продукцијата на МРТВ .

Ги минав сите фази на музичко еволуирање, зад себе имам големо искуство како музичар, автор и композитор. Покрај тоа што создавав музика за себе, паралелно компонирав и за други пејачи и соработував со многу познати имиња од светот на шоу-бизнисот и естрадата. Благодарение на музичкото образование и познавањето на повеќе инструменти, како мултиинструменталист истражував во инструменталната и во филмската музика.

Значи, преобразбата е очигледна. Се надевам дека со новите музички проекти кои не останаа незабележани од страна на светските музички супервизори, допрва ќе дојдат моите пет минути на светската музичка сцена.



Се чини дека се' повеќе се насочуваш кон музичкото авторството, отколку кон изведувачката кариера... Што те мотивира за таква ориентација?

- Да, навистина е така. Авторството, односно талентот за создавање дела е божја дарба - ја имаш или ја немаш. За моја среќа, јас го имам талентот за создавање и за компонирање. Креативноста е дел од моето битие, божја дарба која секогаш бара надградба, многу работа и користење инспиративни моменти за создавање.

Многу музичари кои се одлични инструменталисти и прекрасни репродуктивци, за жал, ја немаат дарбата за создавање музички дела.

Што се однесува до изведувачката кариера, мора да кажам дека сум подготвен да имам настапи во живо и моите композиции да бидат промовирани на сцена, со бендот што ќе ме придружува.

Доколку наскоро се појави моето следно ЦД со инструментална и смут џез- музика секако дека ќе го промовирам со настапи во живо во Македонија и низ светот.



Неодамна беше во САД, со најава за соработка со студија за филмска музика. Каква е, всушност, твојата американска приказна?

- Да, летово еден месец престојував во САД, но тоа беше работна посета. А договорот, кој беше потпишан уште пред да заминам за Америка, е склучен со познатата менаџерска и издавачка куќа од Лос Анџелес, „Мекавенју рекордс“, односно нивниот бренд за музика за филм „Мјузик он Мекавенју“.

Мора да напомнам дека компанијата со која имам договор ги застапува најпознатите имиња од светот на џез и блуз-музиката во Америка, а меѓу нив е и синот на Клинт Иствуд, Кајл Иствуд. Оваа куќа ги застапува и Стенли Џордан, Каунт бејзи оркестра, Ричард Елиот, Рик Браун и многу други познати имиња.

На мое задоволство, во САД, односно во Лос Анџелес и „Мјузик он Мекавенју“ се лиценцирани повеќе од 70 мои музички дела, а тие веќе им се нудат на познати филмаџии и музички супервизори во Холивуд и низ Америка.

Остварив средба со соработниците и со менаџмент-тимот од Америка и имам убави вести. Ме уверуваат дека постои голем интерес за моите дела и оти веќе две композиции се примени да бидат музичка подлога на филмски проект од американска продукција. Станува збор за игран филм, а активностите ќе се одвиваат во текот на февруари-март идната година, а тогаш ќе се финализираат сите договори.



Дали интензивирањето на работата во САД значи дека заминуваш од Куманово?

- Искрено размислував и за опцијата со семејството да заминам од Македонија. Меѓутоа, престојот во Америка, далечината од нашата татковина, кај секој емотивен човек (а себеси се сметам за таков) остава посебни чувства на носталгија, на припадност на еден народ, на една држава, која се вика Македонија.

Чувството за самодокажување, промовирање на нашето национално битие, традиција и култура победи во мене. Тоа значи дека останувам на релација Македонија - САД, со сите обврски и ангажмани кои ќе ги имам на професионален план. Засега останувам дома ... Но, животните патишта се чудесни и никогаш не се знае каде ќе те одведат... Да оставиме времето да покаже што ќе се случува на тој план.


#
Статијата е прочитана 1409 пати.

Испрати коментар

Од: Anastasia
Датум: 09.10.2010 12:45:15
Bravo sekoja cest, Bobi navistina zasluzuvas da napravis uspeh na svetsko nivo. Veuvam deka toa naskoro ke se sluci. Mnogu sreca.
Од: Holandija
Датум: 09.10.2010 17:59:14
E koga Bobi Serafimovski vristese (toa ne bese peenje) - site znaat od Kumanovo. i taka clenska karta vo VMRO - dojde do potpisuvanje dogovori. filmska muzika ? da sekako, film od vtora kategorija. sepak odamna go nemam slusnato pa mozebi so nekolku casovi peenje - se ima podobreno. ali ajde neka mu e so sreka i uspeh sekoj plan...
Од: Нада
Датум: 10.10.2010 07:44:42
Браво Боби,целиот живот го посвети на музиката.Таа е во тебе.Добро велиш дека имаш талент,тоа е точно.Не се опстојува во светот на музиката без талент и упорност.Полека но сигурно твојата музика е во нас.Ти посакувам остварување на сите соништа.
Од: Mirjana
Датум: 10.10.2010 11:58:01
Bravo Bobi, Bas mi e drago sto nekoj od nasata familija uspeva na si napravi svetsko ime. ...A za zlobnite komentari, Tolstoj rekol: ako imas cel-, i odejki po patot mavas so kamenja po sekoe kuce sto te lae, tesko ke dojdes do celta. Mnogu pozdravi od Avstralija
Од: Tuti, Marjan
Датум: 11.10.2010 05:50:05
Bravo Bobi. Ako se nekoj secava na tvojata zelba i upornost da uspees togas sum eden od onie koi toa dobro go znaat. Vreme e da bides priznaen i nagraden za svojata upornost. Inaku doticniot od Holandija verojatno te pobrkal so nekogo. Mozebi e pod dejstvo na "golemata sloboda i demokratija" vo Holandija pa halucinira. Uste ednas Bravo..
Од: Nenad
Датум: 11.10.2010 08:20:38
Samo napred Bobi!!! Sekoja cest! Svetot ce go prepoznae tvojot kvalitet....Site mozeme da bideme gordi na nacinot na koj sto ne pretstavuvas...Majka Makedonija ni zboruva preku tvoite dela!!!
Од: Realen
Датум: 11.10.2010 11:16:48
Bravo Bobi, samo napred!!!! Sigurno e deka uspehot doadja poleka no sigurno ti go zasluzuvas toa! A zlobnite i nedokazani i iskompleksirani od sekogas postoele i ke postojat. Pocituvaniot gospodin ili gospodja koja sto dava komentari sigurno e nekade na dnoto i na marginite na opstestvoto a svojot neuspeh i frustracija se obiduva da ja nasoci na nesto sto znaci kvalitet a toa si ti.
Од: Z
Датум: 11.10.2010 22:33:03
Upornosta e onaa sto go krasi ovaa skromno momce inaku moj (vo toa vreme)prekrase skolski drugar,sto ne znaci deka veke ne e. Dusevnoto bogatstvo koe go imavme vo toa vreme nagovestuvase mnogu poveke. Negovite roditeli isto taka bea prekrasni luge ,se sekavam na nasite denovi koga ponekogas zaedno ucevme i gi pisuvavme domasnite zadaci. Od se srce mu pozeluvam golem uspeh zosto navistina ostana veren na negovata opredelba. Ne samo toj,tuku i negovite roditile gi imam vo najubavi spomeni. Od se srce uste ednas -mnogu uspeh- osmo-b- od Z.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Македонско-бугарски историски контроверзии (2)
Лов на директори
Стил
Радомир Антиќ ќе го наследи Јонуз?!
Катерина Богоева од „Утрински весник“, добитничка на наградата „18 Мај“
Лустрацијата-леб за сиромаштијата
Сериски ТВ-манијаци од балкански тип
Чесите не го сакаат еврото
Нобелова за мир на кинески дисидент
И „повелете“ веќе не помага, облека ретко кој купува
Бајки за ЕУ
„Дис-печ“ - Rocket Number 9!
Одиме на победа против Русија
Настап на музичкиот дел од ВОМЕКС
Вртење во круг
Помеѓу минатото и иднината
Руската црква си се рекламира на „Јутјуб“
Дали се' уште еволуираме?
Десет часа над бездна длабока 500 метри
СДСМ и прати порака на власта од Прилеп
Распутин бил убиен од англиски агенти !
Бегаат од фотографи, а се' си кажуваат на „Твитер“
Тивко замина спикерот што пушташе музика
Востанија и револуции






Former Croatian PM scrutinised by parliamentary committee
European Parliament VP investigated for rallying Hungarian minority
Bulgaria calls on World Bank to help manage EU funds