Број 3403  сабота, 09 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter

Поглед

Бајки за ЕУ

Слободанка Јовановска

„Ова е пенкало од времето кога добивме кандидатски статус. Тоа веќе не пишува, се потроши одамна, а ние се' уште расправаме за истата тема, кога ќе добиеме преговори со Унијата“. Вака вчера Радмила Шеќеринска ја објасни состојбата на духот на нацијата, по милион исцрпувачки дебати за евроинтеграцијата, која стои на иста точка пет години по давањето кандидатски статус на Македонија. Побајата тема од оваа моментно е само спорот околу името на државата, па отворањето на овие прашања почнува да губи смисла, колку и да сакаме да станеме членки на НАТО и на Европската унија.

Впечатокот порано беше дека колку повеќе зборуваме за неа, толку помалку работиме на реформите, односно дека со реторика ги супституираме промените. Сега зборуваме за да не заборавиме дека сакаме прием во Унијата и во НАТО и за да ги увериме тие во ЕУ, бидејќи сериозно почнаа да се сомневаат во намерите во Македонија.Парадок��от е дека Македонија на некој начин влегува во Унијата, а во државава никој не го официјализира тоа. Македонските граѓани наголемо бараат и добиваат секакви можни европски пасоши, децата ги праќаат на студии во европските земји, купуваат таму имоти, имигрираат за подобри услови за работа и живот или бараат масовно азил. Некои од нив почнаа и да се бранат од сопствената држава барајќи заштита од некоја друга во Унијата, а тоа никого не вознемирува и натаму во Македонија. Евроинтеграцијата петнаесет години беше најдобро продаваната политичка тема кај нас, но очигледно последнава година на граѓаните повеќе им личи на бајка отколку на реалност. Потврда за тоа е последната анкета во која 78 отсто од граѓаните сакаат во ЕУ, но повеќе од половината од нив не веруваат дека има лидер кој може да ги одведе таму.


#
Статијата е прочитана 1876 пати.

Испрати коментар

Од: Realen
Датум: 09.10.2010 13:41:33
Se oshte nekoi evropski politichari kazuvat neshtu po temata, no vo EK ima golem pesimizam za namerite na Makedonija da se reformira i da reshi nacionalnite se problemi. Poveke sum vo Paris i znam kak lugeto ne znajat deka postoi deneshna drzava Makedonija.Ovde se dovolni od bugarite, poljacite it.n. no ne sakat romanci, kako i novi zemji vo Unijata.
Од: Гуто
Датум: 09.10.2010 16:54:29
Ме изненади вашиот (Слободанка Јовановска) парадоксален став. Парадокс е ,констатирате дека влегуваме во Европа а тоа не се официјализира. Се согласувам со таква констатација. Секој успешен потег, ќе речам на државата (не на владата), чекор кон некаков напредок... НЕКОЈ го обструира, потценува, потиснува. Пр. „некој“ медиум ќе информира дека граѓаните на Македонија ќе патуваат без визи во Европа, но во најавата, а потоа и во разработката на информацијата ќе се пласираат веќе чуени „опозиционерски реплики“
Од: jovan
Датум: 09.10.2010 23:45:00
Vo bajki ne veruvaat poveke ni malite deca. I niv zivotot mnogu rano pocnuva da gi uci poveke da go prifakaat realniot horor, otkolku da veruvaat vo ubavi bajki. Se e jasno. Neznam samo zosto site gubime vreme, debatirame, mudruvame, a i strakame po tastaturive za dzabe.
Од: sv dimitrija
Датум: 10.10.2010 07:59:18
Me interesira ,zoshto Makedonija pravi golemi napori koga znajme deka EU i NATO so nasheto IME imaat problem i ne sakaat da ne primnat.Ne e vazno shto Makedonija ke napravi i kakvi drugi raboti ke usovrshi ,problemot e imeto REPUBLIKA MAKEDONIJA i MAKEDONSKIOT NAROD .Pa ne li tie zapadni zemji e podelija Makedonija a sega nie barame spas od niv .SMESHNO.Edno kako ROBOVI i pod drugo ime Mozime vo EU i NATO , odnosno od kako MAKEDONIJA ne ke postoi.I do kolku imeto samovolno go prodajme, na MAKEDONIJA i MAKEDONCITE e kraj ,ali ovaj pat za sekogash ZBOGUM.Poveke ke nema ne samo Makedonija tuku i MAKEDONCI. 3000godshnata bitka za opstanok na Makedonija i Makedonskiot naro ke ugasni za sekogash.
Од: Amab. Gj. Misalovski
Датум: 10.10.2010 19:18:21
Drzava neguva razni istorijski i kulturni identitet,ama sekogas poseduva praven ili drzaven identitet, ako e drzava!! Drzaven (praven) identitet e ustavno ime. Bez dzavno ime zemja, dakle, nepostoi, a od druga strana e suverena polnopravna clenka na OON! Ako nema drzaven idntitet, barem ne bi mozela da bide SUVERENA. Bez identitet pravno proizleguva deka Makedonija e prva bezimena zemja vo istorijata na Megunarodnoto pravo. Pravniot identitet vo megunarodnoto pravo e samo ime: sluzi za pravni postapki pred sudski tela (kako identifikacija), za pravno pretstavuvanje, za sklucuvanje dogovori i vrsenje site drugi pravni raboti za koji se bara identifikacija. Pravniot identitet e pravna kategorija: nemoze da se nametne i odzeme i postoi obvrska da se poseduva (samo mafijaski organizaciji namerno nemaat identitet =ime , od pricina nikoj da nemoze da gi tuzi). Ottuka , nemoze da se pregovara za pravniot identitet! Drzava bez praven identitet nee pravno lice i nepostoi kako praven subjekt (o
Од: Миле - Охрид
Датум: 11.10.2010 16:40:28
Зошто би се ангажирала Грција во процесот на блокирање на нашиот напредок кон ЕУ? Па, тие ја имаат својата пропагандна машинерија, инсталирана во Македонија. Подржувачите на грчките шовинистички уцени за промена на нашето име, како сеопфатно решение за сите проблеми во државава, одработруваат за неа. Како се препознаваат тие? Дали имаат рогови како знак за препознавање? Дали се заведени ви централниот регистер како даночни обврзници за парите кои ги примаат за своето деструктивно работење во државава? Не. Тие се препознаваат по своите активности за слабеење на македонските позиции во процесот на одбрана на правото на Македонците да се нарекуваат така и перманентниот напор кој го чинат да внесат раздор меѓу нас. Тие се препознаваат по насоката кон која ја туркаат државава. А тоа е : промена на името на државата како последен чекор кон исчезнување на македонскиот народ и коначно бришење на Македонија од картата на светот.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Македонско-бугарски историски контроверзии (2)
Лов на директори
Стил
Радомир Антиќ ќе го наследи Јонуз?!
Катерина Богоева од „Утрински весник“, добитничка на наградата „18 Мај“
Лустрацијата-леб за сиромаштијата
Сериски ТВ-манијаци од балкански тип
Чесите не го сакаат еврото
Нобелова за мир на кинески дисидент
И „повелете“ веќе не помага, облека ретко кој купува
„Дис-печ“ - Rocket Number 9!
Одиме на победа против Русија
Настап на музичкиот дел од ВОМЕКС
Вртење во круг
Помеѓу минатото и иднината
Руската црква си се рекламира на „Јутјуб“
Дали се' уште еволуираме?
Десет часа над бездна длабока 500 метри
СДСМ и прати порака на власта од Прилеп
Распутин бил убиен од англиски агенти !
Бегаат од фотографи, а се' си кажуваат на „Твитер“
Подготвен сум за петте минути светска слава
Тивко замина спикерот што пушташе музика
Востанија и револуции






EU considers its division on Kosovo status an advantage
Bulgaria's Borisov loses ground and temper
Romanian former tennis star enters Roma controversy