Број 3403  сабота, 09 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter

Тивко замина спикерот што пушташе музика

Поранешниот претседател на Собранието, Љупчо Јордановски имаше сон Македонија да биде космополитска држава

Оливера Војновска


Поранешниот претседател на Собранието, Љупчо Јордановски, човекот со богата политичка и професионална кариера, кој имаше сон „Македонија да биде космополитска држава, во која сите ќе се чувствуваме рамноправни и ослободени од фрустрациите дека некој некому дава или одзема права“, тивко си замина. На една од скопските клиники, каде што завчера доцна попладнето бил во посета на близок член од семејството, одненадеж му се слошило. Лекарите се обидувале повеќе од еден час да го реанимираат 57-годишниот професор од Сеизмолошката опсерваторија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Но, за жал, не успеале да го спасат. И како една неверојатна коинциденција, само неколку часа откако почина докторот по земјотресно инженерство, Скопје го потресе земјотрес!

Политичарот, кој не робуваше на шаблоните и на клишеата, типични за нашите македонски услови, кој во парламентот пушташе музика, повикуваше „да го ослободиме нашиот ум од националромантизмот“ и пресмета дека за тоа ќе ни бидат потребни од 10 до 15 години, вчера на неговата комеморација во Собранието ги собра најголемите политички противници. Додека спикерот Трајко Вељаноски му оддаваше признание за големиот влог во изградбата на парламентарната демократија, во првиот ред на пленарната сала заедно со членовите на потесното семејство со внимание ја следеа комеморацијата: претседателот Ѓорѓе Иванов и поранешниот претседател Бранко Црвенковски, премиерот Никола Груевски и тројцата експремиери Љупчо Георгиевски, Владо Бучковски и Хари Костов, како и поранешните спикери Стојан Андов, Тито Петковски и Никола Поповски. Освен актуелните пратеници, на комеморативната седница дојдоа и поранешни парламентарци, колеги на Јордановски и од власта и од опозицијата. Со оние исти колеги со кои пиеше кафе и муабетеше и кога беше шеф на парламентот.

На новинарите им велеше дека оваа работа ја сфаќа како секоја друга.

„Утре нема да бидам претседател на Собранието, не мислам дека функцијата треба да ме оддалечи од пријателите и од колегите“. Тој ќе остане запаметен како претседател на парламентот, кој во негов препознатлив стил кажа: „сезаме отвори се“ и за прв пат ги отвори портите на Собранието за граѓаните.

Јордановски себеси се сметаше за „необичен политичар, а обичен семеен човек“. Онака неконвенционален и непосреден, тој своевремено со пратениците сподели една интимна тајна и со омилената песна на неговата сопруга „Една година љубов“ од култниот филм „Високи потпетици“, на шпанскиот режисер Педро Алмодовар, му го честиташе роденденот на пратеникот од ДУИ, Ејуп Рустеми.

На вчерашната комеморација во Собранието, спикерот Вељаноски, изразувајќи им сочувство на сопругата Соња и на трите деца рече дека „зад него остануваат неговите дела, како на полето на земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, така и во политичкиот живот на независна и самостојна Македонија“.

„Оние што добро го познаваат Љупчо Јордановски, ќе кажат дека тој беше пред се' упорен, принципиелен и чесен човек и политичар, кој цврсто веруваше во демократијата, во неприкосновеноста на човековите права и слободи и во европската иднина на Македонија, можеби на моменти и неконвенционален“, ќе каже Вељаноски.

Во оваа пригода тој ќе потсети на една изјава на Јорданоски од пред повеќе од седум години: „Приклучувањето кон Европската унија е долгорочна задача, која не припаѓа само на една влада“. Притоа додаде дека токму во време на неговиот мандат како претседател на Собранието, Македонија го доби кандидатскиот статусот.

„Добро знаејќи ја улогата и одговорноста на парламентот во процесот на хармонизација со европското законодавство, Љупчо Јордановски посветуваше особено внимание токму на овие задачи“, рече Вељаноски. Притоа напомена дека Јордановски како претседател на Собранието, целиот свој интелектуален и политички капацитет го насочил кон развој на парламентарната демократија, како и остварувањето на визијата за граѓаните на Македонија за евроатлантски интеграции. Тој уште кажа дека идејата за нов Деловник, Декларацијата за воведување на е-парламент, периодичните извештаи за работа на Собранието се дел од проектите, кои своевремено ги иницираше Јордановски.

Во биографијата на Јордановски е запишано дека е роден на 13 февруари во Штип, а основно и средно училиште завршил во Скопје, каде што во гимназијата „Јосип Броз Тито“ бил првенец на генерацијата. Електротехнички и математички факултет завршил на Загрепскиот универзитет, а докторската дисертација на Катедрата за градежништво на Универзитетот во Јужна Калифорнија, Лос Анџелес, Калифорнија, САД.

Во богатата академска кариера, Јордановски од 1998 до 2003 година беше редовен професор при Сеизмолошката опсерваторија на Институтот за физика при Природно математичкиот факултет, а од 1993 до 1999 на Рударско-металуршкиот факултет во Штип. Како меѓународно признат експерт по земјотресно инженерство и сеизмологија престојувал и учествувал во санирањето на последиците од земјотресите во Мексико Сити, во Иран и на други места низ светот. Член е на Меѓународната група на експерти што подготвија изосеизмички мапи и бази на податоци за силните земјотреси. Беше и визитинг професор на Универзитетот „Јужна Калифорнија“ во САД.

Јорданов��ки беше активен и на политичката сцена во последниве 20 години.

Од 1991 до 1995 е член на Претседателството на СДСМ, во наредните четири години член на Централниот одбор на таа партија, а од 1999 до 2003 повторно член на Претседателството. Од 2007 година е претседател на Партијата на слободни демократи. На парламентарните избори во 2002 година е избран за пратеник, а на 18 ноември 2003 за претседател на Собранието. По трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски ја вршеше функцијата претседател на Македонија. Од 2007 година е на чело на Партијата на слободни демократи.

Јордановски кратко време (летото 2006 година) беше и амбасадор во САД. Пред да замине во Вашингтон, на сите пратеници за спомен им подари МП3 „Диџеј Президент“, со околу 1.000 музички нумери: класична музика, евергрини, но и староградски македонски песни. Токму пред заминувањето за САД го доби и најголемото признание од своите сопартијци, кога на предизборниот митинг на СДСМ на Градскиот стадион во Скопје го поздравија со овации. А, тој, преплавен од емоции, знаеше да им покаже колку многу се радува.






#
Статијата е прочитана 8871 пати.

Испрати коментар

Од: митко василевски
Датум: 09.10.2010 14:21:40
Љупчо пријателе нека ти е лесна земјата,нека имаш вечен мир.
Од: Гуто
Датум: 09.10.2010 15:56:48
Беше политичар од генерација на која не и припаѓаше - беше пред неа. Сочувство до семејството.
Од: Makedonskata zaednica ood Detroit
Датум: 09.10.2010 16:12:18
Izrazuvame socuvstvo do semejstvoto na Dr.Jordanovski, kako i do site negovi bliski rodnini i prijateli. Makedoncite od Detroit, a osobeno onie od POLOG i od Tetovo...na 14 tata ulica ke se sekavaat na nego po svojata neposrednost i iskrenost. Na politickoto nebo nad Makedonija zgasna edna svetla dzvezda.
Од: od Zvonko
Датум: 09.10.2010 20:36:56
Pocivaj vo mir golem coveku
Од: sebastian
Датум: 09.10.2010 21:27:09
добрите бргу си заминуваат ... останува само „фукара и раја“...
Од: Alek
Датум: 09.10.2010 22:58:16
Беше светла фигура и како човек и како политичар. Нека му е вечна слава!
Од: redovna citatelka
Датум: 10.10.2010 14:26:25
Isklucitelna osoba, imav cest da go zapoznaam i negovoto semejstvo. Ovaa sredina treba da e gorda i srekna sto go imase, i da najde nacin da mu se oddolzi.
Од: Васко К.Битола
Датум: 10.10.2010 16:16:21
До кога Вие новинарите ќе се потсмевате на функцијата ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕ НА МАКЕДОНИЈА именувајќи ја со терминот „спикер“. За страмота!
Од: maak2010
Датум: 10.10.2010 16:54:41
Замина еден од најучените( во права смисла на зборот ) Македонци. Со образование кое е светлосни години пред оваа сегашното „селско-вечерно-популистичко“ .
Од: Slavica Ciunova
Датум: 10.10.2010 22:58:33
neka ti vecna slava profesore,najdi mir
Од: Dragan Markoski
Датум: 11.10.2010 08:45:56
Dlaboko socustvo do semejstvoto rodninite i prijatelite na profesorot Jordanoski.Neka pociva vo mir lesna mu zemja.
Од: Марија и Цветан-Лозово
Датум: 11.10.2010 21:09:31
Беше голем човек а едноставен.Лично го познававме.Од сите политичари најмногу во Лозово доаѓал тој исо часови седел и разговарал со обичните луќѓе. Почивај во мир!

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Македонско-бугарски историски контроверзии (2)
Лов на директори
Стил
Радомир Антиќ ќе го наследи Јонуз?!
Катерина Богоева од „Утрински весник“, добитничка на наградата „18 Мај“
Лустрацијата-леб за сиромаштијата
Сериски ТВ-манијаци од балкански тип
Чесите не го сакаат еврото
Нобелова за мир на кинески дисидент
И „повелете“ веќе не помага, облека ретко кој купува
Бајки за ЕУ
„Дис-печ“ - Rocket Number 9!
Одиме на победа против Русија
Настап на музичкиот дел од ВОМЕКС
Вртење во круг
Помеѓу минатото и иднината
Руската црква си се рекламира на „Јутјуб“
Дали се' уште еволуираме?
Десет часа над бездна длабока 500 метри
СДСМ и прати порака на власта од Прилеп
Распутин бил убиен од англиски агенти !
Бегаат од фотографи, а се' си кажуваат на „Твитер“
Подготвен сум за петте минути светска слава
Востанија и револуции






Former Croatian PM scrutinised by parliamentary committee
European Parliament VP investigated for rallying Hungarian minority
Bulgaria calls on World Bank to help manage EU funds