Број 3403  сабота, 09 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter

Нобелова за мир на кинески дисидент

Лиу Ксиаобо затворен во 2009 година на 11 години за субверзија, ја доби наградата за ненасилната борба за човекови права

ПЕКИНГ - Лиу Ксијаобо затворен во 2009 година на 11 години за субверзија, ја освои наградата за неговата еднодецениска ненасилна борба за човекови права, ставајќи го кинеското досие за човекови права во центарот на вниманието во време кога најнаселената земја почнува да игра поголема улога на глобланата сцена.

Кинеските продемократски дисиденти веруваат дека доделувањето на Нобеловата награда за мир на еден од нив би можело да донесе промена во најнаселената земја во светот, изјави неговата сопруга.

„Неговите пријатели во неколку наврати ми кажаа дека многу повеќе сакаат тој да ја добие наградата, отколку што тој самиот го сака тоа, бидејќи сметаат оти тоа би било можност за промена на Кина“, изјави таа во телефонскиот разговор за Ројтерс.

Норвешкиот Нобелов комитет го награди Лиу за неговата „долга и ненасилна борба за фундаменталните човекови права во Кина“. Кинеските власти ја окарактеризираа наградата како „безобразност“ што е против целите на наградата и предупредија дека тоа би им наштетило на односите меѓу Кина и Норвешка.

Лиу беше уапсен во 1989 година поради приклучување на штрајкот со глад во знак на поддршка на студентските демонстрации за демократија на плоштадот Тјенанмен во 1989 година, кои беа задушени на 4 јуни со големи жртви. Во Кина движењето за демократија во голема мера е заборавено, голем број Кинези го напуштија активизмот и наместо тоа се фокусираа на материјализирање на економските реформи.

Пекинг драматично се промени од 1989 година и економскиот бум овозможи да ја надмине Јапонија како втора економија во светот. Комунистичката партија продолжува да има монопол врз политиката и ја отфрла демократијата во западен стил. Кинеските власти строго ги контролираат медиумите и Интернетот.

„Слушав директен пренос по телефон и не можев да поверувам кога го слушнав името на Ксијаобо“, изјави Лиу Ксија. Таа за Ројтерс во неделата изјави дека се сомневала во тоа оти нејзиниот сопруг има некакви шанси за освојување на наградата поради се' поголемата дипломатска и економска сила на Кина.

Лиу Ксијаобо беше затворен како водечки автор на Поглавјето 08, манифест издаден од кинеските интелектуалци и активисти во кое се повикуваше на слобода на говорот и повеќепартиски избори. Пекиншката полиција се понуди да ја однесе Лиу Ксија во затворот во Џинжу во североисточната провинција Лијаонинг, каде што е затворен нејзиниот сопруг, во очигледен обид да се спречи странските новинари да разговараат со неа. „Тие ме принудуваат да го напуштам Пекинг“, изјави Лиу Ксиа додека нејзините браќа и' ги пакуваа торбите, а полицајци во цивилка ја чекаа пред домот. „Тие сакаат да одам во Лијаонинг да го видам Ксијаобо. Тие сакаат да ме дистанцираат од медиумите“, изјави таа. (Ројтерс)


#
Статијата е прочитана 530 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Македонско-бугарски историски контроверзии (2)
Лов на директори
Стил
Радомир Антиќ ќе го наследи Јонуз?!
Катерина Богоева од „Утрински весник“, добитничка на наградата „18 Мај“
Лустрацијата-леб за сиромаштијата
Сериски ТВ-манијаци од балкански тип
Чесите не го сакаат еврото
И „повелете“ веќе не помага, облека ретко кој купува
Бајки за ЕУ
„Дис-печ“ - Rocket Number 9!
Одиме на победа против Русија
Настап на музичкиот дел од ВОМЕКС
Вртење во круг
Помеѓу минатото и иднината
Руската црква си се рекламира на „Јутјуб“
Дали се' уште еволуираме?
Десет часа над бездна длабока 500 метри
СДСМ и прати порака на власта од Прилеп
Распутин бил убиен од англиски агенти !
Бегаат од фотографи, а се' си кажуваат на „Твитер“
Подготвен сум за петте минути светска слава
Тивко замина спикерот што пушташе музика
Востанија и револуции






Former Croatian PM scrutinised by parliamentary committee
European Parliament VP investigated for rallying Hungarian minority
Bulgaria calls on World Bank to help manage EU funds