Број 3617  среда, 29 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Миграцијата брише цели села

Живот со газиена ламба и со свеќи. Последнава деценија во селата Путурус и Црничани останале да живеат по две семејства

БИТОЛА - Во срцето на Пелагонија, најплодната житница во државата, се наоѓа селото Горна Чарлија. Во ова село одамна нема жители. Сите до еден се иселиле и заминале во град или на печалба во далечните земји. Таму само одвреме-навреме се навраќаат потомци на тамошните жители колку да ги посетат старите огништа.

Но, Горна Чарлија не е осамено. Само на неколку километри подолу се празнат уште две села, Путурус и Црничани. Таму последнава деценија останале да живеат само по две семејства во секое од нив. Сите што можеле го фатиле патот по белиот свет. Најчесто од овие села се иселиле во Австралија и во Америка.

Миграцијата целосно ја промени сликата за плодната Пелагонија. Во Општина Могила, која се протега на површина од 250 квадратни километри и брои 23 населени места, ретки се оние каде што куќите се полни со млади луѓе и каде што се слуша џагорот на децата.

Белата чума ја демне Пелагонија. И не само Пелагонискиот регион. Сериозни последици оставила во ��ариово, во пограничните села со Грција и во демирхисарскиот крај.

Жителите на Горна Чарлија не го напуштиле родното огниште без причина. Иако е оддалечено само неколку километри од РЕК „Битола“, таму ниту во 21 век не стигнала електрична енергија. Секојдневјето им било уште потешко без вода и отсеченост од градот поради немање патишта.

„Среде Пелагонија, каде што оџаците на РЕК се гледаат од секое село, од секоја куќа, срамота е да нема струја. Среде лето готвиме на шпорет на дрва. А за капење топлиме вода и се потураме. За патиштата да не зборувам. Ни пеш ни со кола до Чарлија не се оди. Само трактор помага, ама по суво. И тоа е невозможно ако падне дожд. Тогаш сите сме заробени“, раскажуваат поранешни жители на Горно Чарлија, сега граѓани на Битола.

Истата судбина им се заканува и на селата Црничани и Путурус.

„Пиле не пее во Црничани. Пред некој ден носев сено за кравите. Патот не беше пробиен. Целосно е обраснат во треви. Останале само уште една рака луѓе. А селото има одлични услови за земјоделство и за сточарство“, вели Гоце Кантаровски, сточар, жител на Општина Могила.

Причините за масовното иселување од Пелагонија се добро лоцирани и за локалната власт. Основна причина е немањето услови за нормален живот. Најголем дел од селата во оваа општина се' уште немаат пат, вода, струја, училишта. Животот со газиена ламба и со свеќи е една од главните причини за целосното иселување на селото Горна Чарлија. Тука, се разбира, е и потрагата по подобра егзистенција и подобар живот во македонските градови или во странство, велат од локалната власт.

„Тоа што се случи со Горна Чарлија е загрижувачко. Таму веќе нема луѓе. Сериозно не' згрижува и состојбата во неколку соседни села каде што останеле само по неколку семејства. Ние правиме се' да не се случи тоа и со другите населени места. Вложуваме не само во оние села каде што населението е бројно, туку и онаму каде има помалку жители“, вели Славко Велески, градоначалник на Општина Могила.

За жителите на Могила сточарството и земјоделството се единствените шанси за егзистенција. Само мал дел од граѓаните работат во државни или во приватни фирми. Општината располага со скромен буџет, но тврди дека ги презема сите неопходни чекори за задржување на жителите во селата. Со помош од државата, странски донации или, пак, кредити, во дел од селата веќе има донесено електрична енергија. Во последните години во поголемите села прв пат се асфалтирани улици, а голем дел од руралните подрачја се приклучени кон градскиот водовод на Битола.

Според евиденциите на Општината, најмасовните иселувања од пелагонските села се случиле во минатиот век. Пописите направени во 1961 година и во 1981 потврдуваат дека тогаш било најинтензивно иселувањето на овдешното население, и тоа во странство.

„Во 1994 година бројот на населението се движел до 8.734 жители. Во 2002 година се намалил на 6.711 жители. Значи, имаме околу 13,3 проценти помалку население како резултат на тоа иселување. Интересен е податокот дека по 2002 година, иселувањето речиси како да запрело. Бројката се намалила, но не толку драстично како порано. Сепак, со пописот што претстои, ќе имаме точна евиденција колку од нашите граѓани трајно се иселиле од Пелагонија“, нагласува Велески. (А.Б.)


#
Статијата е прочитана 2305 пати.

Испрати коментар

Од: Nake Tufekciev
Датум: 29.06.2011 00:55:17
so koj ke vladeat politicarite koga site ke se otselat vo tugina
Од: Ljubotan-Trade Name
Датум: 29.06.2011 03:10:51
Pa eve imavme dvaeset godin na ,,SAMOSTOJNA" MAKEDONIJA, i pak Jugoslavija i Srbija ni se krivi!
Од: Tina
Датум: 29.06.2011 06:40:10
Eden razlog za iseluvanje e nedovolno vnimavanje od drzavata za razvitok na ekologija, po toa vnimanije za razvitok na tehnologijata, kao sto se, struja, komunikacija so lugeto okolu razvitok na novi nacini na proizvod, i opsti interes na drzavata za sekoj dnevni modernizaciji na zitelite, koi doprinesuvat mnogu so proizvod za ishrana na gradovite, koi imat se moderno i ubavo a nisto ne rabotat za unapreduvanje na tie selaci, koi hranat celata zemja. Znaci, nepocituvanje na tie rabotnici. Koj nema da izbega.?Se otepav raboteki, i sto dobivam? ni struja a kamo li bar edno priznavanje na mojata uporna rabota. I taka cenite otidoa na visocina, lugeto nemat dovolno za decata, po tehnologija, a da ne zboruvam za ishrana, bolkite ne gazat, a Babickata vo dalecno selo, odi peske na glasanje?nesto ne e vo red tuka. Neli?
Од: G. Stojanovic, Holandija
Датум: 29.06.2011 09:45:51
Zalosno, navistina! Normalno e deka site ke baraat care - koga se nemaat nitu osnovnite uslovi za zivot. So ovakvi (infrastrukturni) problemi bi trebalo da se zanimava nasata vlada - a ne so spomenici koi cinat grdni pari...
Од: deli
Датум: 29.06.2011 10:48:52
Ova tema e za mnogu dolga diskusija, tuka nema mesto, ni ja nemam sili za detailna analiza. Možda redaktor - autor na ovoj text bi možel da pokuša da napravi edna sporedba so drugi državi. Ne znam kako e napr. vo BG, GR, mnogu ni vo SRB. No naprimer Slovenija e prekrasen primer na sočuvuvanje na sela i mali gradovi. Kakov beše od poodamna i deneska e pristap na državata kon "vnatrešnosta" vo SL i vo MK i slično? Kako e vo centralna "istočna" Evropa? Češka, Slovačka, Polska? Mislam, deka na toj pat vo MK nema poveke vrakanje - toa, što se zanemarilo vo proteklite decenii, teško ke se obnovi. Zapadna MK ja napuštile Makedonci pravoslavni - vekina od nemanje rabota, nemanje solidna existencija. Ostanaa nekoi crkvi i manastiri - no za sreka i luge - Makedonci muslimani i Albanci. Vo mnogu drugi mesta izgleda, kako što čitam, - ni luge nema. Možda šteta, možda dobro - za priroda sigurno e podobro.
Од: vele
Датум: 29.06.2011 11:06:24
Poleka neodi toa naednas so strujata i vodata kako sakate vie za 20 godini voda da se postavi i struja. Poleka se ke bidi eden den i se ke ima samo .......luge ke nema. Ke bidi interesno koga eeeeeden den ke ne primat vo Evropa. E togas i tie sto se vo gradovite a kamo li vo selata masovno ke se iseluvaat kako vo Bugarija. 150000 luge se iselija vo Spanija a 150 gradinki ne rabotat.. zosto nema deca. Doprva idi ona sto najmalku nie go sakame. No da ne se lazime , nemozime nisto da smenime. Samo gledajte. I slikajte se so lugeto oti mozi za nekoe vreme nema da se gledate.
Од: SPASOT E VO PECALBARI
Датум: 29.06.2011 11:30:20
Kako da go sopreme fasizmot na iseluvanjeto!? Togas peevme-ne ja davame nasata zemja da ja gazat fasisti a potoa armija makedonski semejstva so brodovi preku okean i vo Evropa.Tito:evo zapelo je sa seljackim zadrugama. Da ama selata bea veke isprazneti i narodot ne veruvase poveke vo komunistite koi bea aknale da pravat komunizam (kolektivizacija). Tie moi rodnini od togas sega imat preku okean pra-pra-vnuci i se fali mojot tetin,sega sme stanale 40 dusi. Za Amerika, za Avstralija. A Makedonija umira. Vie koi ste se nafatile da vodite narod, politicari, soprete go konecno fasizmot na iseluvanjeto. Priznavam samo pecalbari, kako vo minatoto, a iselenicite se predavnici i jas so niv.No vo RM si kupiv stan i vikendicka i si idam bratce.
Од: albanec
Датум: 29.06.2011 16:40:05
isto e i vo gostivarsko, kicevsko, ohridsko, debarko i strusko. JAs sum od struga i tvrdam deka brojot na ziteli vo opstinata e za barem za 30% pomal od toj na minatiot popis!

Најди! во Утрински
Насловна
Воркохоличарка во мисија на безделништво
Печатено
Трет мандат за Груевски, прв од Иванов
Европски пари за македонското земјоделство
Џастин Тимберлејк - нова цел
„Време“ и „Шпиц“ ќе излегуваат, ама потенки
Дали атентатот врз Глигоров беше „дворски“!?
Кој пат ќе го фатиме?
Ламбринидис не му одговори на Милошоски
Актерката на граница на анорексијата
Младите ја повикуваат Јанкуловска на дебата
Иронија и сарказам
Бремена од бившото момче?
Името не може да се одложува бесконечно
Дијалогот на поетите со сликите на Омер Калеши
По „Карнеги хол", Дуке Бојаџиев ќе настапи на „Охридско лето"
Грчката криза против македонската криза
Катастрофален пад на Македонија од 13 места
Доксијадис, Танге и недовршените реченици (2)
Мајка ги фрлила децата од балкон, па си пресудила
Карикатура
Јанкулоска: Презедовме мерки за зачувување на безвизниот режим
Со „Виз Ер“ до Венеција за 26 евра
Онлајн вести

"""