Број 3617  среда, 29 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Ексклузивно

Доксијадис, Танге и недовршените реченици (2)

Скопје, американски град со балкански карактер

Иднината бара да се размислува поотворено и да се разгледаат сите опции

Од нашиот дописник
Миркица Поповиќ


Во вчерашниот број на „Утрински весник“ беше објавен првиот дел од разговорот со архитектот Томас Доксијадис. Тој е внук на Константинос Доксијадис, човек што, паралелно со Кензо Танге, ја има клучната улога во постземјотресното урбанистичко планирање на Скопје. Томас има свое студио за архитектура, урбан и лендскејп дизајн во Атина. Тој неодамна присуствуваше на „Скопската недела на архитектура“ и тоа беше негова прва посета на Скопје реализирана речиси 50 години по земјотресот и работата на неговиот дедо околу обновувањето на градот. Учеството во манифестацијата за него претставуваше добра можност да ги спореди оригиналните планови со она што е денес архитектонска реалност на Скопје.


Атина - По анализите на разурнатите дел��ви, прогнозите за раст на населението и за промените во домаќинствата и социјалните услови, заклучокот на Константинос Доксијадис бил дека е потребен план на основни принципи што ќе може да се модификуваат независно од динамичниот развој на Скопје.

„Некои од главните принципи беа дека автомобилите треба лесно да циркулираат околу населбите, да има добри паркинзи, но секоја населба да нуди и простор за лесно движење на пешаците или на велосипедистите. Во голема мера Скопје требало да личи на американски град, а да го задржи балканскиот карактер на тесни улички и зближени станбени згради за луѓето да живеат заедно. Врз основа на овој план почнува да се градат инфраструктурата, железничките линии, водоводниот систем, патиштата“, вели Томас Доксијадис и отвора мапа на Скопје за да објасни практично кои делови од градот го следеле планот на дедо му. Веднаш го спомнува Аеродром како населба што личи на дел од тој план.

За неговото архитектонско око е интересно дека Скопје е град со многу различни, силни карактеристики. „Ја имате чаршијата што го има задржано отоманскиот дух, има и градби со модернистички црти од 50-тите до 70-тите години, од времето на социјализмот, како и нешто од работата на Доксијадис за организацијата на градот. Аеродром е една од поубавите населби за живеење во светот, ме потсетува малку на Берлин. Во Скопје ја имате логиката на метаболистите на Танге со визија за град на иднината и неговата организација на центарот. Потоа има една пауза и следи сегашниот архитектонски период што, главно, нуди симболични градби, но не и станбени“, коментира Томас.

За него како архитект се интересни овие слоеви на Скопје што оставаат впечаток за еден хуман град, убав за живеење. Смета дека градот го има постигнато балансот и дише лесно, не е ни премногу збиен, но не е ни многу слободен со што би го изгубил брзиот ритам на еден град. За Скопје дава комплименти за зелените површини и, генерално, добро решени станбени прашања, но потенцира некои работи што треба да се коригираат, како што е сообраќајниот хаос во центарот, како и да се внимава во новите населби да не се повторуваат некои грешки, на пример, градење големи згради во населби од збиен тип со мали улички.

Сепак, и покрај зелените површини Скопје може уште повеќе да се развива и да се надградува во насока на заштита на животната средина. Томас предлага полека да се размислува во насока на давање приоритет на пешаците и велосипедистите. „Во светот, просторот предвиден за автомобили се ослободува за пешаците. Така е во Париз, Берлин, Амстердам, Копенхаген, па полека и во Атина. Автомобилот е еден начин на транспорт, но не треба да се заборават и другите. Еден автомобил блокира огромен простор, а градот треба да има се', не само простор за автомобили, туку и за пешаци и велосипедисти. Тука се отвора дебата за добри велосипедски патеки, а Скопје изгледа како да има потенцијал за тоа“, вели младиот архитект отфрлајќи го изговорот дека климата е причина за фактичката состојба.

„Типично балканско оправдување“, возвраќа тој со објаснување дека за многумина во Атина изговорот е дека градот има премногу ридови. Но, вели дека ако можат Холанѓаните да возат велосипеди на снег, би можеле и ние да успееме.

„Не велам дека е пријатно, но иднината бара да се размислува поотворено и да се разгледаат сите опции. Може да се користат транспортни средства според сезоните, кога е потопло или постудено да се има на располагање повеќе автобуси за граѓаните да користат јавен транспорт. Атина, за жал, доцни 15-20 години и ги повторува грешките на американските и на европските градови. Се надевам, Скопје нема да го направи истото тоа“, раскажува Томас Доксијадис.

Според него, не се потребни многу грешки за еден град да изгуби од својата убавина. Во таа смисла посочува дека во овој поглед Скопје треба повеќе да го цени празниот простор бидејќи ако еднаш се изгуби тешко е да се врати назад. „Сепак, да бидам искрен, би сакал да дојдам повторно. Ми се допадна Скопје и она што успеавме да го направиме со ’Неделата на архитектурата‘“, вели со насмевка Томас на крај од разговорот.

Зошто Скопје сака да биде блондинка кога е убав како природна бринета?

Томас Доксијадис го коментира и проектот „Скопје 2014“. „Новите згради се како скулптурите, немаат вредност како згради туку како симболи. Може да се види како една значка што се става над градот. Значката сјае бидејќи е нова и сите гледа��т во неа, но вистинскиот град не е овој план. Вистинскиот град е се' друго“, оценува тој, додавајќи дека едно гледање на работите е дека овој план е дел од една политичка ситуација и реалност во Скопје денес. Според него, градот со текот на времето сам ќе одлучи дали ќе го цени овој проект и ќе го прифати како дел од себе или, пак, ќе го потцени и ќе се обиде да го отфрли како канцер како страно тело. Ситуацијата ја споредува со периодот во Атина кога биле урнати зградите во неокласичен стил со обид да се заборави периодот на сиромаштија и со желба да се изградат висококатници како симбол на нов живот. Можеби жителите на Скопје не ја гледаат вредноста на модерната архитектура во градот или, пак, на зградите од времето на социјализмот.

„Слушнав дека дел од луѓето, можеби, мислат дека затоа што градот не минал низ ренесанса и барок треба сега да изградат згради во таков стил. Напротив! Ниту Њујорк нема ваква историја, иако потоа се изградени ренесансни згради, но никој нема да оди во градот за тоа, туку ќе оди да ги види облакодерите и модернизмот. Берлин како град на 20 век гордо си ја чува архитектурата на 20 век. Јас во Скопје би дошол да седнам во чаршијата, да ги видам зградите на Танге, но не и за овие нови зданија што не се од автентично време. Не го велам ова навредливо или со цел да потценам. Грците ги имаат истите проблеми. Мислиме дека не сме многу убави и мора некако да се дотераме за да имаме подобра вредност. Тоа дотерување ме потсетува на зградите и на скулптурите. Јас во Скопје видов вреден град, град што не мора да ја бојосува косата и да биде блондинка, затоа што е убав и како бринета. Нема потреба за леќи во боја. Убав е како што е“, вели Томас Доксијадис.


#
Статијата е прочитана 2779 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Насловна
Воркохоличарка во мисија на безделништво
Печатено
Трет мандат за Груевски, прв од Иванов
Европски пари за македонското земјоделство
Џастин Тимберлејк - нова цел
„Време“ и „Шпиц“ ќе излегуваат, ама потенки
Дали атентатот врз Глигоров беше „дворски“!?
Кој пат ќе го фатиме?
Миграцијата брише цели села
Ламбринидис не му одговори на Милошоски
Актерката на граница на анорексијата
Младите ја повикуваат Јанкуловска на дебата
Иронија и сарказам
Бремена од бившото момче?
Името не може да се одложува бесконечно
Дијалогот на поетите со сликите на Омер Калеши
По „Карнеги хол", Дуке Бојаџиев ќе настапи на „Охридско лето"
Грчката криза против македонската криза
Катастрофален пад на Македонија од 13 места
Мајка ги фрлила децата од балкон, па си пресудила
Карикатура
Јанкулоска: Презедовме мерки за зачувување на безвизниот режим
Со „Виз Ер“ до Венеција за 26 евра
Онлајн вести

"""