Парис Хилтон
Бремена од бившото момче?
Според пишувањето на американските медиуми, само неколку дена по раскинувањето со момчето Сај Вејтс, старлетата Парис Хилтон, наводно, е бремена. Според гласиштата, Парис и' се доверила на својата мајка Кети, која воопшто не се воодушевила од таа информација.
„Јас го запознав својот сопруг кога имав 15 години, а се венчав со него на 19 години. Забременив една година подоцна и родив три деца. Заедно сме прекрасни 33 години, па сакав тоа да им се случи и на моите деца. Прво да се венчаат, а потоа да раѓаат деца“ - изјавила Кети.
Сепак, таа истакнала дека нема ништо против бившото момче на Парис. „Тој е прекрасен. Го обожавам и моето срце е скршено откако не се заедно. Токму поради тоа не сакам да се зближувам со луѓето со кои моите деца се во врска. Парис оди од момче до момче, а сега ќе биде сама некое време. Ја советува дека сега треба малку време да им посвети на пријателките и на семејството. Раскинувањето не е работа што може да се поправи со обичен фластер“- изјавила Кети неодамна. |