Број 3617  среда, 29 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Кој пат ќе го фатиме?

Оливера Војновска

Македонија го доби новиот парламент, а многу скоро ќе ја добие и новата десничарска Влада, предводена од Никола Груевски. Трета во изминативе пет години и во неа по втор пат коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде ДУИ на Али Ахмети. Па, откако изминативе шест месеци целата политичка енергија ја потрошивме на предвремените избори, сега прашањето е како и каде понатаму? Кој пат да го фатиме?

Денеска земјата се наоѓа на истиот крстопат како и пред три години кога се конституираше шестиот парламент, а во кој Груевски и неговата ВМРО-ДПМНЕ (исто така, на вонредни парламентарни избори) добија апсолутно мнозинство. Заедно со ДУИ контролираа и двотретинско мнозинство во Собранието и Бадентер.

Македонија повторно е исправена пред истите предизвици - НАТО и Европската унија, на една страна, наспроти името на друга. Сега состојбите во однос на нашите евроатлантски перспективи се дури и посложени. Антиквизацијата не ја омекна тврдата бескомпромисна политика на Грција. Напротив, само ја засили егоцентричност�� на Атина по ова прашање.

Дополнително, споредено со 2008 година, државата се соочува и со многу посериозни економски проблеми, уште поголема невработеност, социјални тензии... И тоа што најмногу ни забележува меѓународната заедница, драматичен пад на демократските процеси и на слободата на медиумите.

Новата Влада ќе биде исправена пред предизвикот да поведе позитивни општествени и политички промени, со кои ќе се забрзаат реформите и ќе се подобри квалитетот на животот на граѓаните. Таа ќе мора да носи брзи, но добро промислени одлуки за круцијалните прашања. Старо-новиот премиер не смее да продолжи со колебливоста, развлекувањето и одложувањето на важните одлуки. Пред силен предизвик да ги придвижи процесите е исправена и ДУИ (која го презема раководењето на евроинтеграциите во Владата).

Во наредните месеци новата македонска власт ќе треба да покаже колку е навистина вешта да ги реши тешките проблеми со најмали последици за државата. Притоа, важна, а не епизодна улога, треба да одигра македонскиот парламент. Собранието ќе мора да направи конкретни чекори за да ја одбрани позицијата што му е дадена со Уставот. Не смее да продолжи традицијата парламентот да се исклучува од креирањето значајни одлуки. Ниту, пак, некој арогантно да го става законодавниот дом во деградирачка позиција, а пратениците во улога на статисти.

Долгогодишното новинарско искуство кажува дека пратениците (особено од опозицијата), за жал, немаат некакво влијание врз содржината на законите. Сепак, овој пат, опозицијата е побројна во Собранието, па мнозинството понекогаш ќе треба да го слушне и да го респектира ставот на опозиционерите. Барем за проекти за кои е потребно двотретинско и Бадентерово мнозинство.

И, конечно, власта, поточно премиерот ќе мора некако да се навикнува на критиките од опозицијата, интелектуалците, новинарите, странските дипломати. Не е ништо страшно ако јавноста слушне и поинакво мислење од она што го пласираат полтронските медиумски мегафони. Впрочем, тоа е добро за здравјето на општеството.


#
Статијата е прочитана 1447 пати.

Испрати коментар

Од: Сергеј
Датум: 29.06.2011 00:09:56
Не негувајте илузии дека новата влада ќе донесе нешто ново, од причина што таа влада и не е нова, иста е веќе пет години. Не само партиите, исти се дури и лицата во неа! Најпосле, ни владата не е важна, туку само нејзиниот претседател. А тој ќе прифати критика и поинакво мислење само кога ќе биде развластен, а никогаш додека седи во премиерскиот кабинет! ( http://otpor.log.ph/ )
Од: Hari
Датум: 29.06.2011 00:18:50
GOSPOD NA POMOS!
Од: bale
Датум: 29.06.2011 06:30:42
Па...... се знае кој пат.........село Здуњи...Мариово????????????!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Друг, ионака немаме.................
Од: Dragica Lapajkoska-Belchevski
Датум: 29.06.2011 06:47:58
Kamo toj k'smet da bese razbran "nasiot premier". Makedonija ce cutese i nemase da bide na ova deredze. Sto se krie pozadina javna tajna e,ja sovlada Makedonija.
Од: skeptik
Датум: 29.06.2011 08:13:21
tekstot e dobar i se soglasuvam so avtorkata za skoro site nesta. Megjutoa vleguvamketo vo EU po sekoja cena so ovie straotni finansiski problemi ne e povekje tolku atraktivno. Slusame deka se povekje clenki se protivat da krevaat krediti za pomos na Grcija. Nitu NATO vekje i ne e nekoe eksluzivno "civilizirano" idrustvo.
Од: eu
Датум: 29.06.2011 10:48:59
slepiot pat vo koj mkd se naodja vece 20god.....a skepcitite na koi vlada im go pere mozok i gi zaplasuva so eu da im kazam nikade nee tolku loso kolku vo mkd kolku ste zatvoreni so toa sto neste vo eu se gleda vo toa nemozeme da dojdeme do mak i da sakame zatvorena zemja 500 evra karta a taa grcija i eu se stiga za 100evra kakov prospertet sakate koga se samoizolirate sakate turizam ama za ohrid nepostoi let ni so konekcija preku viana,ljubljana,budimpesta pa pred 30god polresno se stignuvase do mak i ohrid........celiot um vi e zamaen ce se slikal nekoj so spomenici kutri zalosni makedoncinja vi go ispi vmro umot...........so vmro idnina nula.
Од: Lucija
Датум: 29.06.2011 14:35:54
Sto novo moze da se ocekuva od staro -noviot politicki establisment , so malku shminka? Gruevski mu ponudi na narodot neodzivean nacionalizam na pragot na 21-ot vek i toa dobro pominuva. Toa najdobro se zabelezuva vo medjucoveckite odnosi, dolu vo bazata, kaj obicnite ludje. I toa ke trae izvesno vreme, dodeka ubavo ne ni prosvirat crevata. Duri potoa mozeme da se nadevame na promeni.
Од: maria
Датум: 29.06.2011 15:04:14
Avtorakata neka se zagrizi za nivniov vesnik , da se izborat da ostane kako medium, mnogu places na pogresno mesto , dali i za vasiot medium kriva e Vladata, pisete ubavo za celata sostojba kaj vas, gazdi, gazdarici uspesni novinari -poslusni -neposlusni , a koga "pagjaa"fabrikite togas trcave da gi slikata istostenite rabotnici-izbrkani od rab. mesto, togas ubavo vi bese si stvaravte rabota, namesto da gi kritikuvate Direktorite sega oligarsi, dojde red i do vas i ne placete ni Gruevsski vi e kriv nitu nekoja partija, tuka ne znaete kako i rabotnicite nekogas da se izborite A ZAMISLETE NOVINARI STE , VO RACE VI E penkaloto, ajde kritikuvajte, ke najdete drugo rab. mesto lesno e za vas. I ne se grizete za opozicijata taa e tamu kade treba da bide, a mozebi i ne takva opozicija -arogantna, frustriracka, kriminalna vrzana so A1 i slicni na nea.

Најди! во Утрински
Насловна
Воркохоличарка во мисија на безделништво
Печатено
Трет мандат за Груевски, прв од Иванов
Европски пари за македонското земјоделство
Џастин Тимберлејк - нова цел
„Време“ и „Шпиц“ ќе излегуваат, ама потенки
Дали атентатот врз Глигоров беше „дворски“!?
Миграцијата брише цели села
Ламбринидис не му одговори на Милошоски
Актерката на граница на анорексијата
Младите ја повикуваат Јанкуловска на дебата
Иронија и сарказам
Бремена од бившото момче?
Името не може да се одложува бесконечно
Дијалогот на поетите со сликите на Омер Калеши
По „Карнеги хол", Дуке Бојаџиев ќе настапи на „Охридско лето"
Грчката криза против македонската криза
Катастрофален пад на Македонија од 13 места
Доксијадис, Танге и недовршените реченици (2)
Мајка ги фрлила децата од балкон, па си пресудила
Карикатура
Јанкулоска: Презедовме мерки за зачувување на безвизниот режим
Со „Виз Ер“ до Венеција за 26 евра
Онлајн вести

"""