|
|
|
|
|
|
Мислења
Грчката криза против македонската криза
Нано Ружин
Јавниот долг на Грција изнесува 120 отсто од БДП, додека буџетскиот дефицит надминува 13 проценти. Македонија има 26 отсто јавен долг и буџетски дефицит од 2,5 отсто
За Балканците се смета дека имаат сличен табиет и менталитет. Дали ние и Грците имаме заеднички црти? Геополитички нашите држави се соседи сместени на Балканот. Поседуваат територија што го носи библиското име Македонија. Историчарите и популистите веруваат во ексклузивноста на античкото минато и тоа го користат како успешен опиум за мобилизација на јавното мислење.
„Македонија е само наша, а вие сте дојденци” извикнуваат во хор баритоните од двете страни на границата. Ние и Грците покажавме дека умееме да негуваме и исти иконографски симболи. Ѕвездата од Кутлиш или од Вергина, Филип Втори, Александар, Македонија до Авганистан и Индија. Во последно време почнавме да градиме и споменици со идентични јунаци, коњи, лавови и останата фауна. Политичките системи ни се слични, живееме во парламентарна де��ократија со протоколарни ингеренции на претседателот на државата. Во политичкиот живот на Атина и во Скопје доминираат две партии. Пиеме исто кафе, јадеме исти летни манџи и салати, слични овошја и зеленчуци, десерти и вина. Факт е дека имаат поистенчен вкус и морска храна, повисок животен стандард, море и острови, но ниту охриѓани, ниту преспанци или дојранци не би ги смениле своите пастрмки, крапови и костреци за грчките ципури, оради и зубатци. Затоа, пак, јагнето од Мрзенци почесто завршува во стомаците на Грците отколку на Македонците. Зурлите на „Тешкото“ и бузуките на „Сиртаки“ како да се компатибилни, исто како и рифовите на Тоше и Сакис.
Некој од надвор би констатирал дека се работи за хармонични и идилични односи меѓу две држави. Впрочем, во граничните простори меѓу Гевгелија и Солун Македонците и Грците живеат пријателски. Можеби лекциите од минатото ги научиле да го почитуваат соседот. Македонците и Грците, според нашите историчари војувале едни против други уште од времето на Филип и Александар. Потоа, преку Самуил и Василие Втори на Беласица, се' до граѓанската војна во 20 век што ќе предизвика голгота на Македонците, оставиле непријатна колективна катарза на двете страни. И Македонците и Грците заеднички биле под Отоманската Империја и се бореле против истиот непријател за време на двете светски војни. Православната црква игра значајна улога во зачувувањето на идентитетот и си дозволува да се меша во политичкиот живот на двете земји. Денес државите водат културолошко-идентитетска војна со политички димензии. И двете држави подолго време се по потрага на сопствениот историски и финансиски идентитет. Од 2008 година Македонија ја започна својата монументалистичка фаза со антички димензии, а Грција својата реваншистичка фаза што заврши неславно за евроатланските амбиции на Македонија. Сепак, во 2010 во Грција заигра „црниот поп“ и западна во тешка финансиска криза. „Господ им врати, денес Грција е задолжена како Грчка“, ќе истакне новинарот на една позната провладина македонска телевизија. Во овој миг и двете држави живеат во тешка економска криза. Македонците полесно ја преживуваат, иако се посиромашни. Можеби поради тоа што кризата овде трае повеќе од две децении. Македонија по Косово и БиХ има највисока стапка на невработеност од околу 32 отсто, или 300.000 невработени. Од нив, 200.000 имаат меѓу 18 и 27 години. Во Грција стапката на невработеност е малку над 10 проценти, а 24 отсто од нив се млади. Јавниот долг на Грција изнесува 120 отсто од БДП, додека буџетскиот дефицит надминува 13 проценти. Во Македонија јавниот долг е 26 отсто од БДП, а буџетскиот дефицит достига 2,5 отсто. Просечната плата во Грција е околу 2.400 евра за мажите и 1.800 евра за жените, додека во Македонија 320 евра. Гарантираната минимална плата во Грција е 750 евра, а државната администрација до пред некој месец земаше 14 плати. Кај нас не постои гарантирана минимум плата, но неостварениот сон на македонскиот синдикат е 150 евра. Нашата администрација е пет пати послабо платена од грчката и тоа со 12 плати годишно. Социјалната држава во Грција функционира, но не и во Македонија. Отсуството на социјалната држава кај нас е компензирано со социјална солидарност на семејството. Тоа се ситните предности на неразвиеноста. Заедно живеат и го делат семејниот буџет повеќе генерации. Изгледа дека сме поотпорни, а богами и поуспешни и во други домени. На островот Родос постоел бронзениот џин кој се сметал за едно од седумте светски чуда. Огромната статуа паднала по катастрофалниот земјотрес. Македонија си изгради колосален Александар на коњ, едно од седумте балкански чуда. Според експертите споменикот имал статика да издржи и земјотрес како оној од 1963 година.
Мојот пријател од Париз, професорот на Универзитетот „Сорбона Парис-1“ Жорж Превелакис објавил текст во „Фигаро“ со наслов „Осудени да ја спасуваат Грција“. Во него пишува дека „во 1947 за време на граѓанската војна комунистите помогнати од СССР претендирале да победат во Грција со што би создале голем геополитички дисбаланс во Средоземјето во полза на Москва. Прагматичните Аериканци ја презеле судбината на Грција во свои раце и благодарение на воената, економската и финансиска помош ги победиле комунистите и обезбедиле стабилност и функционирање на правната држава“. Пет години подоцна веќе се зборувало за грчкото економско чудо. Во 2011 година Западот е повторно ја спасува Грција. Овој пат за да се избегне опасната спирала на банкрот на евро-зоната која може да повлече уште најмалку 5 држави. ��ри тоа јасно е дека интервенцијата не може да се сведе само на економски алатки, туку и на битка против корупцијата, организираниот криминал, фискалната политика. Строгата политика на штедење предизвика реакции во Атина во духот на филозофијата на Стефан Хесел. Во Македонија барањата на младите се многу скромни и засега се ограничени на одговорноста на МВР. Можеби прашање на време е кога ќе се прошират. Новинарот од Атина, Стелиос Кологлу вели „и кај нас почна со несреќниот случај на младиот студент во Атина, но подоцна незадоволството експлодира“.
Грчките интелектуалци сметаат дека кризата во Грција може да попречи во решавањето на спорот со Македонија. Меѓутоа се лажат оние што сметаат дека сега можеме да ги притисниме и да ја наметнеме нашата солуција. Сите што живеат на просторот меѓу Брисел, Париз, Лондон, Берлин ќе кажат дека во Европа така не се размислува. Во ЕУ и НАТО не важи системот „сега му е мајката“. Неопходно е да има взаемна почит, дијалог, позитивна енергија, аргументирани предлози, чуство за компромис. Македонија е посиромашна и со понеповолни последици. Европа не е индеферентна, но молчи. Во 2001 ЕУ ни' помогна и воено и економски и политички. Денес граѓаните се мирни и живеат со сопствениот товар. Грција е побогата, но е во тешка финансиска криза. Секој Грк должи 30.000 евра кон останатиот свет. ЕУ ја обзема паника. Помага, но бара строго штедење. Грците протестираат и немаат намера да се откажат од подобностите стекнати преку задолжувања. За нив очигледно важи еврејската „тешко е да си сиромашен, но уште потешко е да си богат па сиромашен“.
(Авторот е универзитетски професор) |
#
|
Статијата е прочитана 1444 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Caki |
Датум: 29.06.2011 02:21:45 |
|
"se lazhat onie shto mislat sega treba da gi pritisneme i da nametneme nasha solucija"!? Avtorot zaborava deka nie ne sakame nishto da "nametneme" tuku nas eve 20 g. ni nametnuvaat!! Neli primetuvate g-ne Ruzhin deka izrazot "nasha solucija" e navredliv za nasheto ustavno ime! Bash bi sakal nekoj da napishe zoshto, i koga dvojnata formula beshe proglasena za "mrtva"...p. |
|
|
|
|
|
|
Од: cvete |
Датум: 29.06.2011 07:58:32 |
|
Ubav tekst, no ne ja razbiram poentata. Site ja spasuvaat Grcija, a nas nikoj ne ne esapi. Tolku ja idealizirate Evropa i nivnite me|usebni odnosi, sto e prosto smesno. Sp drugi zborovi, sakate da kazete deka treba da napravime se sto od nas bara Grcija, za da vlezeme vo klubot na nejzinite spasiteli. Ke mozeme li nie toa da go izdrzime i dali vredi taa zrtva. |
|
|
|
|
|
|
Од: dedo dimo |
Датум: 29.06.2011 08:16:33 |
|
Nano mnogu tropa a ne e kazuva vistinata deka nashata drzava strada so godini od Grcija i od tie zapadni zemji chlenki na EU .Tie go napravija siot koshmar na Balkanot koga e podelija Makedonija i ne vodeki ni malce pochit sprema Makedonskiot narod..Makedonija nikogash ne bila Grchka teritorija do 18 vek ,Tie zapadni kolonijalisti i denes gi drzat kluchevite za Makedonija da ne mozi da vlezi vo EU i NATO. |
|
|
|
|
|
|
Од: Nikola |
Датум: 29.06.2011 08:35:18 |
|
Vo denesna Makedonija nikogas ne se zivele anticki makedonci. - http://bkks.org/forum/index.php?topic=2005.0 |
|
|
|
|
|
|
Од: Lazo Stefanov |
Датум: 29.06.2011 08:38:21 |
|
Vednas po nasata nezavisnost eden intelektualec napisa deka patot do Brisel vodi preku Atina. No, moravme da go nahranime naseto nacionalisticko ego, po antimakedonskiot miting vo Solun, odrzavme i nie antigrcki miting vo Skopje. Rabotite trgna na steta na dobrososedskite odnosi. Zosto togas nemavme politicar-vizioner koj, uste pred da eskalira problemot, ne recese deka dobrovolno, samite, bez pritisok, ke go koregiravme imeto, so cel da ne go zagrozime sosedot i so nego da ostvarime dobrososedski odnosi.I zosto sega, i po 10-te sredbi na premiersko nivo nema resenie.Politicari ko 10 pati se sretnuvaat i za nitu malku ne gi podobruvaat odnosite megu drzavite, tesko mozat da se narecat uspeni politicari i koi i posakuvaat dobro na sopstbvenite zemji. Ke se najde li politicar vo RM koj seriozno ke raboti na podobruvanje na odnosite so Republika Grcija? |
|
|
|
|
|
|
Од: B. Betinski |
Датум: 29.06.2011 09:00:06 |
|
Mozeme li da ja ubedime EU da zastane na nasa strana zatoa sto sporot so Grcija e iracionalen? Mozeme, no treba vednas da sfatime deka vo borbata megju interesot i sovesta sekogas pobeduva - intersot. Ili: EU si ima svoi interesi kako sto i nie si imame svoi. Kratko receno, pravdata i politikata ne odat sekogas raka pod raka, a toa znaci deka kakva e tvojata sila, takva ke bide i tvojata politika (nadvoresna) i - pravda. |
|
|
|
|
|
|
Од: deli |
Датум: 29.06.2011 09:31:48 |
|
Se slagam potpolno, deka, pogotovo za čovek od strana, Makedonija i Grcija imaat mnogu sličnosti, ako ne i identični raboti. Šteta, što vo 21. vek, koga čovečanstvo se smatra na visok vrv na civilizacija, ovie dve zemji nemat na politički plan ni sorabotka ni dogovor. Mislam, deka toa nanesuva šteta na dvete zemji, a sigurno ni na edna ne i e do nikakva korist. |
|
|
|
|
|
|
Од: Petar Veliki |
Датум: 29.06.2011 10:23:12 |
|
НЕ лажи.. никогаш не сме го присвојувале само за себе географскиот термин Македонија, за разлика од грците. А околу идентитетот и јазикот, бесмислено е да измислуваат грците сега македонци - потомци на ант.македонци, тоа е гротескна глупост, посебно што јазикот се изучува во цел свет |
|
|
|
|
|
|
Од: Mudrec |
Датум: 29.06.2011 13:01:36 |
|
Aman be Nano, do koga ke ni se pravis evropeec? Nie i grcite sme slicni vo nekolku raboti, no ima edna bitna razlika - tie se genociden narod, nie ne sme. Tie nas ne negiraat, a nie ne im nastetuvame na bilo koj nacin. Zatoa, zatni ja muckata i ostavi ni go dostoinstvoto na raat. |
|
|
|
|
|
|
Од: Marina |
Датум: 29.06.2011 13:33:03 |
|
Razlikata megju Makedoncite i Grcite e golema. Vo toa sto nie sme Varvarsko pleme sto ja primilo kulturata na anticka Grcija Helenizam. I toa so cel da im dokazeme na Grcite deka i nie sme vredni kolku niv, koga ke se civilizirame. A Grcite mnogu dobro znaat koi sme nie, deka nie sme Varvari. So toa sto zborot varvari e Grcki zbor za nekoj sto ne zboruva Grcki i ne ja neguva Helenistickata kultura. A jas sum sigurna Grcite go zele zborot od nas Makedoncite kako primer za lugjeto koi ziveat pokraj rekata Vardar. Znaci nie sme Vardari. Razlikata vo Vardar i Varvar i Barbar e mnogu mala. So ogled na toa sto Grckiot i Makedonskiot se dva razlicni jazici. Grcite po primerot na nasite Vardarci pocnale site drugi narodi da gi narekuvaat Varvari. Primerot na Aleksandar Makedonski koj trgnal vo Atina da se dokaze, isto taka i denes e prisutno. So primanjeto na Helenistickata kultura sme go primile i pismoto. No svedok e i Grigor Prlicev od Ohrid koj se dokazal kako poet na Grcki jazik vo Atina |
|
|
|
|
|
|
Од: Миле - Охрид |
Датум: 29.06.2011 14:23:42 |
|
Само човек без чувсво и достоинство би се осмелил да пишува за Грција, после дебаклот кој и го донесе на сопствената партија на изборите кои, всушност, беа референдум за зачувување или продавање на името. ЛДП беше на дофат на да стане многу значајна алтернатива за сите оние кои сакаа да го сочуваат името, а да не гласаат за СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ. За жал, заложбите на Ружин, Жерновски и Најческа за прифаќање на грчките шовинистички уцени, како сеопфатно решение за сите проблеми во Македонија, ги одвратија од намерата да се „откачат“ од големите партии. Тие немаа алтернатива, да бидат за правото да си го сочуваат името, а да небидат со ВМРО. Или да го казнат ВМРО, а да не придонесат во рушење на правото на македонскиот народ да постои. А ти и неколку останати грчки лобисти во ЛДП велевте „доколку не сакаме да бидиме силувани, најдобро е да легнеме и да уживаме“ во сексот кој ни го прават. Така ширевте лажна слика за ЕУ И НАТО делка се гангстерска банда за која правото не значи ништо. |
|
|
|
|
|
|
Од: pero |
Датум: 29.06.2011 17:54:56 |
|
"...Грчките интелектуалци сметаат дека кризата во Грција може да попречи во решавањето на спорот со Македонија. ..." - moze li podetalno za ova nekoj da objasni? |
|
|
|
|
|
|
|
|