Број 3617  среда, 29 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Авиосообраќај

Со „Виз Ер“ до Венеција за 26 евра

29.06.2011, 13:45

Нискобуџетната компанија „Виз-ер“ од 20 септември ќе лета од Скопје до Венеција за цена од 25,99 евра во еден правец.

Раководството на компанијата на денешната прес конференција појасни дека летовите ќе бидат до аеродромот Ревизо, а во цената се вклучени и аеродромските такси.

Оваа компанија од 19 јуни почна да лета кон Лондон за цена од 35 евра, а досега за таа релација место букирале 8.250 граѓани.

Од компанијата изразија очекување, дека до крајот на годината најмалку 25.000 лица ќе букираат за лет кон Лондон или Венеција.

Картите за лет со нискобуџетните компании се купуваат исклучиво преку интернет, а до поевтина цена се доаѓа, доколку резервацијата се направи многу порано пред летот.

Засега остануваат на овие две дестинации, но од менаџерскиот тим на авиокомпанијата посочуваат дека се разгледуваат и други можни дестинации, но оти прво мора да се видат резултатите од оваа почетна фаза.

„Оваа фаза е многу важна за да видиме како ќе се одвиваат работите со овие две дестинации. Постојат многу нови идеи и разгледуваме многу опции, но најнапред мора да видиме дека понудата функционира. Внимателно ќе извршиме евалуација на можните нови дестинации. Имаме список со можни дестинации, но мора пред се да се земе предвид побарувачката и трошокот за нашето оперирање“, истакна генералниот комерцијален директор на „Виз Ер“ Георги Абран.

Според директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство Дејан Мојсовски, влезот на „Виз Ер“ на македонскиот пазар е доказ дека потенцијалот на воздушниот транспорт во Македонија е добар и оти има нагорен тренд за што говорат и статистичките податоци за зголемување на бројот на патници за над 20 отсто во изминатите месеци.

„Како Агенција за цивилно воздухоловство ги поддржавме сите активности во насока на развојот на воздушниот сообраќај и направивме напори за регулаторните и административните промени со цел да се овозможи што повеќе авиокомпании да оперираат на повеќе дестинации. Доказ за тоа е зголемениот број на авиокомпании кои ќе оперираат ова лето“, рече Мојсовски.

Од менаџерскиот тим на ТАВ Македонија најавуваат нови летови за претстојната летна сезона. Така од јули ќе оперираат Air Belin до Цирих, XL Airport кој ќе лета еднаш неделно од Дизелдфорд, италијанската Ber Air четири пати неделно од Анкона и Венеција, а од средината на август турската Пегасус трипати неделно од Истанбул и двапати неделно од Измир.

Првиот човек на ТАВ аеродромите Мурат Орникол најави и завршување на реконструкцијата на скопскиот аеродром пред планираниот рок, односно до 8 септември - Денот на независноста на Македонија. Според концесискиот договор, реконструкцијата на скопскиот аеродром требаше да заврши до 21 октомври.

„Виз Ер“ е основана пред седум години, во 2004 година. Ја покрива речиси целата Европа со евтини летови. Оперира на воздушниот простор во осум држави меѓу кои Унгарија, Бугарија, Украина и Чешка, а најприсутни се во Полска и Романија. Од годинава почнале со работа и во Србија и Балтичките држави. Авиокартите се купуваат исклучиво преку интернет. Минатата година имале 10 милиони патници, а за годинава очекуваат околу 11.000 патници. Располагаат со 37 воздухоплови „ербас 320“ со 180 седишта, а бројот на вработените е 1.450.



#
Статијата е прочитана 963 пати.

Испрати коментар

Од: Jas
Датум: 29.06.2011 14:22:52
E ako ocekuvaat 11000 patnici ovaa godina, ke zatvorat pred da pocne Juli :) Inaku, so ovie kompanii kartite se eftini ako gi kupis nekolku meseci odnapred, kako sti se doblizuva denot na letot, cenata raste. Vo ovaa cena ne se vkluceni bagaz i ostanati taksi, pa ako imate namera da nosite baagi kuferi, ke vi izleze poskapo otkolku "normalna" linija. Vnimatelno so nisko-budzetnite kompanii :)
Од: Mudrec
Датум: 29.06.2011 14:43:06
Letav minatiot vikend do London i nazad i mozam samo da kazam deka Wizz Air e kompanija za pochit i odlicno e sto raboti vo Makedonija.
Од: frequent traveller
Датум: 29.06.2011 14:50:15
Како корисник на услугите на "Wizzair" можам да потврдам дека се работи за солидна компанија и соответна услуга, за разлика од "компаниите" кои оперираат со еден изнајмен авион по астрономски цени. Дирекцијата за цивилна пловидба и ТАВ конечно треба да почнат да работат во интерес на граѓаните на Република Македонија, а не, како што изгледа, да го штитат приватниот интерес на привилегирани групи, кои дебело профитираат од непостоење слободен пазар и слободна конкуренција во авио-сообраќајот во Македонија.
Од: Perica
Датум: 29.06.2011 15:18:50
Trevizo ve molam ne Revizo ,se nadevam deka e pecatna greska?

Најди! во Утрински
Насловна
Воркохоличарка во мисија на безделништво
Печатено
Трет мандат за Груевски, прв од Иванов
Европски пари за македонското земјоделство
Џастин Тимберлејк - нова цел
„Време“ и „Шпиц“ ќе излегуваат, ама потенки
Дали атентатот врз Глигоров беше „дворски“!?
Кој пат ќе го фатиме?
Миграцијата брише цели села
Ламбринидис не му одговори на Милошоски
Актерката на граница на анорексијата
Младите ја повикуваат Јанкуловска на дебата
Иронија и сарказам
Бремена од бившото момче?
Името не може да се одложува бесконечно
Дијалогот на поетите со сликите на Омер Калеши
По „Карнеги хол", Дуке Бојаџиев ќе настапи на „Охридско лето"
Грчката криза против македонската криза
Катастрофален пад на Македонија од 13 места
Доксијадис, Танге и недовршените реченици (2)
Мајка ги фрлила децата од балкон, па си пресудила
Карикатура
Јанкулоска: Презедовме мерки за зачувување на безвизниот режим
Онлајн вести

"""