Скарлет Јохансон
Џастин Тимберлејк - нова цел
Актерката Скарлет Јохансон, која се разведува од актерот Рајан Рејнолдс, а неодамна имаше кратка авантура со Шон Пен, сега најде нова цел - Џастин Тимберлејк.
Откако ја прекина врската со колегата Шон Пен, со кого беше неколку месеци, актерката Скарле Јохансон, на која и' е во тек постапката за развод од Рајан Рејнолдс, во еден њујоршки клуб е видена во друштво на Џастин Тимберлејк. Според зборовите на сведоците, актерката и пејачот, кој исто така се испроба во актерските води, разменувале нежности во клубот, а потоа се упатиле кон станот на Тимберлејк, пренесува магазинот „Сан“.
„Беа многу блиски и не ги симнуваа рацете еден од друг. Воопшто не им обрнуваа внимание на пријателите што беа со нив во ВИП-одделот“ - рекол еден од посетителите на клубот.
Можеби врската на Скарлет и Тимберлејк ќе биде поуспешна од нејзината романса со Шон Пен, која наиде на неодобрување од семејството на актерот поради големата разлика во години. |