Протести
Младите ја повикуваат Јанкуловска на дебата
29.06.2011, 16:22
Младите што протестираат против полициската бруталност, денеска упатија барање до министерката Јанкуловска да присуствува на нивната јавна дебата зад спомен куката на Мајка Тереза.
Не отстапуваат и од барањето Јанкуловска и Котевски да поднесат оставка. Со протестите по скопските улици продолжуваат по конституирањето на новата влада.
„Денеска формално е упатено отвореното барање за разговор со министерката, односно ние ја поканивме на отворена граѓанска дебата зад спомен куќата на Мајка Тереза. Нагласивме во самото барање дека инсистираме на отворена средба со сите заинтересирани граѓани и бараме да разговараме за полициската бруталност, односно за расчистување на случајот со Мартин Нешкоски“, изјави Кирил Ефремовски.
|