Број 3617  среда, 29 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Ламбринидис не му одговори на Милошоски

Шефот на македонската дипломатија во дилема дали ќе се види со грчкиот колега

Тамара Грнчароска



Новиот грчки министер за надворешни работи, Ставрос Ламбринидис, не му одговорил на нашиот шеф на дипломатијата дали утре ќе има средба во Будва. Од грчкото МНР информираат дека немаат договорено средба и дека за се' ќе се решава на самото место. И од македонското МНР ја даваат истата информација „најверојатно утре ќе се договара средбата“ иако поканата до Ламбринидис е испратена уште пред десетина дена. „Ние се' уште чекаме одговор од грчката делегација. Досега не одговориле дали нивниот министер има време и расположение за средба“, информираат од нашето МНР.

Милошоски и Ламбринидис се наоѓаат во Црна Гора на состанок на шефови на дипломатии на земјите од Процесот за соработка на Југоисточна Европа. Доколку се сретнат, тоа ќе им биде втора средба за десет дена. Првата се случи само три дена по именувањето на Ламбринидис за министер, на состанокот ЕУ - Западен Балкан на 20 јуни во Луксембург. Средбата во Луксембург била многу кратка, толку колку Милошоски да му го честита новиот мандат и да му посака успешна работа.

Меѓу двете средби на министрите во Брисел се видоа и премиерите на Македонија и на Грција, Никола Груевски и Јоргос Папандреу. Зачестените неофицијални билатерални средби меѓу двете страни и тоа на високо ниво, ја подгреаја можноста за рестартирање на замрениот процес на преговори за името.

Но, досега ниедна од овие средби не резултира со конкретни чекори или придвижување на процесот и се сведуваат само на штури соопштенија и изјави за заложбите на двете страни за што поскоро решавање на спорот. Тоа се повтори и по последната средба Груевски - Папандреу од која до јавноста единствено стигна информацијата оти двајцата премиери изразиле подготвеност за изнаоѓање решение околу прашањето за името, кое би се остварило низ дијалог и динамичен процес под покровителство на ОН.

Инаку Милошоски во Црна Гора учествува на регионалниот форум на кој ќе бидат разменети мислења за натамошно промовирање на европските перспективи на регионот, со посебен фокус на соработката.

Во рамките на црногорското претседавање со Процесот за соработка на Југоисточна Европа ќе се одржи и Самит на претседатели на држави и влади од регионот на кој ќе присуствува и македонскиот претседател, Ѓорге Иванов.

Во Будва состанок на Јадранската повелба

Министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, денеска во Будва ќе учествува и на состанокот на Партнерската комисија на земјите од Јадранската повелба. На состанокот на кој ќе учествува и генералниот секретар на НАТО, Андерс фог Расмусен, најавено е дека ќе се разговара за прашања поврзани со евроатлантската интеграција на регионот и заедничкиот придонес во операциите на Алијансата во Авганистан, како и да ги договорат идните активности во рамките на овој форум. (Н.Р.)


#
Статијата е прочитана 2172 пати.

Испрати коментар

Од: Hari
Датум: 29.06.2011 00:14:16
Ednostavno ne mu e nivo, kaj nas vo diplomatija moze da odi sekoj bukvalno!
Од: Nake Tufekciev
Датум: 29.06.2011 00:51:43
Zosto Milososki se brza da go resava problemot so imeto koga narodot toa ne go saka,se dodvoruva li na antomakedoncite,Propasta na Grcija toj problem sam ke go resi,
Од: koki
Датум: 29.06.2011 00:57:44
Ех Антонио, Антонио..........не е Дипломатија градење куќи во Бардовци.......изгледа овој Ламбринидис воопшто не те рецка.........не те забележува за жив....................
Од: spire
Датум: 29.06.2011 06:37:20
Детенцево очигледно не знае со кого има работа....................очигледно дека не знае што е Грк....... нека ги праша постарите????????
Од: Petar Veliki
Датум: 29.06.2011 08:44:52
што ке одговори кога секој ден им се менува влада.. не знае колку ке биде министер..
Од: zoro
Датум: 29.06.2011 08:52:30
Илинка Митрева да беше, можеби и вечера ќе истераа под свеќи...бре бре што поган народ живее во оваа Македонија, што погани усти коментираат во Утрински, па ова е бетер од времето на Ванчо Михајлов!!!
Од: Buntovnik
Датум: 29.06.2011 09:03:21
Dajte bre luge da mu pomogneme na detevo so dilemava. E vaka, Milose bre dete daj dojdi ovde vo Mariovo, ke ti dademe opanki, ako si iskocil od niv zadnive godini ama ti pasuvaat seuste. Dojdi ovde ovie pravi ovci te cekaat, ostaj tie vmrovci tie se lazlivi.
Од: antonjoni
Датум: 29.06.2011 09:37:44
neka se kaci na konjot na ace i neka vleze vo toa brisel i neka napravi picvajz so sabjata. hahahaha jadna i bedna e ovaa skapana drzava.
Од: MKD
Датум: 29.06.2011 11:36:13
Ushte eden dokaz kolku bezobrazni i debelni se ciganive! %$2#@*&^nivno!
Од: b
Датум: 29.06.2011 11:40:48
Нормално, Г-дин Ламбринидис нема време за трачење, поготово со вакви шалабајзери.
Од: Mudrec
Датум: 29.06.2011 17:44:47
Grckiot minister gospodin, a nasiot salabajzer. E**te komentarot napisan od makedonska raka. Dodeka sami ne naucime da si gi pocituvame nasite institucii, sigurno nema i drugite da ne pocituva.

Најди! во Утрински
Насловна
Воркохоличарка во мисија на безделништво
Печатено
Трет мандат за Груевски, прв од Иванов
Европски пари за македонското земјоделство
Џастин Тимберлејк - нова цел
„Време“ и „Шпиц“ ќе излегуваат, ама потенки
Дали атентатот врз Глигоров беше „дворски“!?
Кој пат ќе го фатиме?
Миграцијата брише цели села
Актерката на граница на анорексијата
Младите ја повикуваат Јанкуловска на дебата
Иронија и сарказам
Бремена од бившото момче?
Името не може да се одложува бесконечно
Дијалогот на поетите со сликите на Омер Калеши
По „Карнеги хол", Дуке Бојаџиев ќе настапи на „Охридско лето"
Грчката криза против македонската криза
Катастрофален пад на Македонија од 13 места
Доксијадис, Танге и недовршените реченици (2)
Мајка ги фрлила децата од балкон, па си пресудила
Карикатура
Јанкулоска: Презедовме мерки за зачувување на безвизниот режим
Со „Виз Ер“ до Венеција за 26 евра
Онлајн вести

"""