Број 3617  среда, 29 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Поглед

Иронија и сарказам

Горан Адамовски

Иронијата е јазичен израз и фигура во која вистинското значење на зборовите е или прикриено или спротивно од буквалното значење на изразот. Иронијата е форма на црн хумор.

Ова е „научното“ толкување на иронијата. На терен и во практика тоа би изгледало приближно вака: полициски специјалец до смрт претепува момче од 22 години во центарот на Скопје и пред повеќе очевидци, кои не дозволуваат забошотување на случајот. Младите се собираат на секојдневни протести, се бара одговорност од сите инволвирани, се вжештува атмосферата во земјата.

Точно три недели подоцна, Министерството за внатрешни работи ги поканува медиумите да присуствуваат на показна вежба на „алфите“, во кои пред полицискиот врв, на чело со министерката Јанкулоска, ќе демонстрираат како работат на терен. Дваесетминутното сценарио мина во одлична глума на полицајците. Културни, одмерени, ненасилни, ти доаѓа да ти е мерак да те запрат на улица. Вежбите им биле една третина од времето, а ако посакале, слободно можеле да добијат и екстра време за тренинг.

И така истренирани, излегуваат на улица. Не е точно дека се агресивни, невоспитани, дека забораваат и да се легитимираат. Па вчера видовме со свои очи како работат на терен. Ама, убаво вика и Јанкулоска, дека одредени ситуации не можат да се предвидат, ама битно е полицајците да имаат капацитет да проценат ситуација и да реагираат соодветно. Боже мој, ако треба со боксови и со удирање од земја на невини деца - тогаш така.

Од иронијата, посилни се сарказамот и гротеската. Но, имаме семејство завиено во црно на кое не му е до смеа.


#
Статијата е прочитана 2007 пати.

Испрати коментар

Од: ivona
Датум: 29.06.2011 08:47:33
sto me cudi vo seta ovaa tragedija za semejstvoto Neskovski ,koj gi stiti i koi se tie dvajca sto go prenesuvale teloto na ubienoto momce ,a so toa se skrivaaat tragite na krivicnata postapka sto ne e sprovedena kako sto nalaga zakonot da ne se dira nisto dodeka ne dojde istrazen sudija i krim policija, mora da se golemi cverki od vrvot na vmro koga tolku bescuvstvitelnost jankulovska govori pred kamerite i sekogas spored zakonite ..............
Од: slobodoumie
Датум: 29.06.2011 08:50:05
ili narodski kazano: prdi i vo oci te gleda!
Од: sitno mravče
Датум: 29.06.2011 09:24:08
Znam, deka site luge ne se isti, deka site policajci ne se isti, deka gi ima mnogu solidni, pošteni a vredni, znači luge, koi si ja vršat svojata opasna i nikako lesna rabota kako što najdobro znaat. Vo slučajot na UBISTVO na Martin po moe imat učestvo 2 raboti: ubiecot postapuvaše kako policaec - mu braneše na momčeto da odi kade što ne e dozvoleno, no so merki, koi ovlasteno lice nikogaš ne smee da gi upotrebi (sem vo odbrana na život(i)! Očekuvam poveke vesti vo ovoj slučaj. Koga ke bide sudenje? Ništo na ova pole ne se dešava?! Znači: čovek, što ima nekoja funkcija (naprimer državna), položaj, titula (napr. "tigar"), čestopati dobiva iluzija, deka sega - eve, gledajte me, koj sum JAS - mu e sve DOZVOLENO, deka TOJ bil ODBRAN. Nee taka. Takov čovek ima samo edno a toa mnogu golemo: ODGOVORNOST! No mislam, ne samo vo MK, voopšto vo čovečko opšestvo, SKROMNOST I PAMET e mnogu retka pojava. Pozdrav i podrška do site policajci, i do site luge, koi pošteno si ja vršat svoja rabota :-)

Најди! во Утрински
Насловна
Воркохоличарка во мисија на безделништво
Печатено
Трет мандат за Груевски, прв од Иванов
Европски пари за македонското земјоделство
Џастин Тимберлејк - нова цел
„Време“ и „Шпиц“ ќе излегуваат, ама потенки
Дали атентатот врз Глигоров беше „дворски“!?
Кој пат ќе го фатиме?
Миграцијата брише цели села
Ламбринидис не му одговори на Милошоски
Актерката на граница на анорексијата
Младите ја повикуваат Јанкуловска на дебата
Бремена од бившото момче?
Името не може да се одложува бесконечно
Дијалогот на поетите со сликите на Омер Калеши
По „Карнеги хол", Дуке Бојаџиев ќе настапи на „Охридско лето"
Грчката криза против македонската криза
Катастрофален пад на Македонија од 13 места
Доксијадис, Танге и недовршените реченици (2)
Мајка ги фрлила децата од балкон, па си пресудила
Карикатура
Јанкулоска: Презедовме мерки за зачувување на безвизниот режим
Со „Виз Ер“ до Венеција за 26 евра
Онлајн вести

"""