Број 2600  петок, 01 февруари 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Фељтон
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска


Site Meter

Коштуница ќе го решава дуелот меѓу Тадиќ и Николиќ


Сакавме да го поддржиме Тадиќ, но... Коштуница и Илиќ

Премиерот пропушти не само да го поддржи Тадиќ, туку и да објасни зошто не може да го поддржи Николиќ

Белград - Решението на српскиот премиер Воислав Коштуница да не го поддржи Борис Тадиќ во вториот круг претседателски избори в недела, телевизиската дебата меѓу двајцата кандидати за претседателската функција и започнатите разговори Србија-ЕУ за либерализација на визниот режим се главни теми во српските весници, еден ден пред молкот што започнува денес - 48 часа пред вториот круг претседателски избори.

„Со откажувањето да го поддржи коалицискиот партнер Борис Тадиќ, Воислав Коштуница пропушта во вториот круг да ја поддржи и нивната заедничка политика“, пишува весникот „Политика“.

Минатите три години двајцата, како лидери на две сродни демократски партии, со помала или поголема соработка, успеваа да се обединат околу главната политика за Косово. Коштуница пропушти не само да го поддржи Тадиќ туку тој ја пропушти можноста да објасни зошто не може да го поддржи Томислав Николиќ. Во историјата Воислав Коштуница ќе се запамети како човек кој со победа над Слободан Милошевиќ и донесе демократија на Србија.

Со завчерашниот телевизиски дуел кандидатите требаше да се обидат да го убедат народот, кој се уште не решил за кого ќе гласа, пишува „Политика“.

И двајцата кандидати се обидоа да ги придобијат бирачите на коалицијата Демократска партија на Србија - Нова Србија. Тадиќ се повика на заедничката политика со премиерот за прашањето за Косово, а Николиќ се заблагодари на Коштуница и Велимир Илиќ што не го поддржале Тадиќ, имено, поради косовското прашање.

И двајцата кандидати изјавија дека нема да испратат српската армија во војна, наведува „Блиц“.

Весникот пишува дека еврокомесарот за правда, слобода и безбедност, Франко Фратини, истакнал дека Србија  е првата земја од Западен Балкан, со која започнуваат такви преговори и тоа е јасна политичка порака.

Тој посочи дека „го прифатил ризикот да каже дека визите ќе бидат укинати во 2009 година“, но, сепак, не се знае кога ќе се случи тоа поради повеќе услови кои Србија треба да ги исполни и кои се однесуваат, пред се', на безбедноста на границите.

Фратини  истакна дека привремената спогодба за соработка со ЕУ, која Србија би требало да ја потпише на 7 февруари, е многу важна поради тоа што во неа прв пат се спомнува „членство“.

Од друга страна, српскиот вицепремиер Божидар Ѓелиќ наведува дека Србија ќе ги исполни сите услови за укинување на визите  до крајот на 2008 година, ако Тадиќ победи на изборите, додека роковите не се јасни  ако победи другата алтернатива, пишува „Блиц“.

Кандидатите за претседател на Србија, Борис Тадиќ и Томислав Николиќ, во телевизиски дуел во средата разменија мислења за прашањето на ЕУ, Косово, Хаг и други важни внатрешни, надворешни и економски теми. Додека демократот Борис Тадиќ како стартегиски цели на својата политика ги изнесе понатамашното приближување кон ЕУ, подобрување на животниот стандард и спречување на изолацијата на земјата каква што постоеше во деведесеттите години, радикалот Николиќ  истакна дека покрај економскиот напредок, за земјата е важно подеднакво добро да соработува и со ЕУ и со Русија, но и да го смени претседателот, кој, според неговата оцена, не донел ништо добро.

Кандидатот на Српската радикална партија тврдеше дека цела кампања на Тадиќ се заснова на тоа тврдење.

 - Вие кампањата ја засновате на заплашување на луѓето со мојата победа, констатира Николиќ и додаде дека „Србија никогаш нема да биде руска губернија, но ни европска колонија“.

Тој го осуди Тадиќ поради тоа што кампањата и телевизискиот дуел ги заснова на критики на лидерот и додаде дека Тадиќ би требало повеќе внимание да посвети на проблемите кои се случиле во земјата ��о 2000 година, апострофирајќи на корупцијата како еден од клучните проблеми.

- Се согласувам дека корупцијата е огромен проблем, но таа се случи во изолацијата во деведесеттите години. Тогаш се случувале и ѕверски убиства...Не го спомнувам Шешељ приватно, туку неговата политика, одговори Тадиќ. (МИА)

Тадиќ: Никогаш нема да се откажам од Косово

Приштина- Актуелниот претседател на Србија и кандидат за реизбор на функцијата, Борис Тадиќ ја посети најмалата српска енклава на Косово, Церница, кај Гњилане, каде порача дека никогаш нема да се откаже од Косово.

Тадиќ истакна дека како претседател ќе стори се "Србите и Србија да постојат на Косово и Метохија".

Тој во Церница во училишниот двор беше пречекан од српските деца со нивните родители и роднини, облечени во народни носии со погача и сол, со развеано знаме на Србија и со химната "Боже правде", која Тадиќ ја отпеа со нив.

- Косово мора да не обедини и само заедно, единствено можеме да обезбедме сигурна и подобра иднина за сите. Никогаш нема да ја прифатам независноста на Косово и Метохија, изјави Тадиќ.

Тој додаде дека нема да ја турка земјата во војни, туку ќе трага по мирно решение преку преговори.

Тадиќ потенцираше дека мора да се грижи за човечките животи, бидејќи "интересот на државата мора да биде интересот на секој наш човек".

- Ние од нашето Косово и од нашите луѓе никогаш нема да се откажеме и јас ќе сторам се ние да постоиме тука и Србија да постои тука, порача Тадиќ.

Во врска со мисијата на ЕУ на Косово, Тадиќ нагласи дека секој кој сака да дојде на Косово со цел да придонесе за сигурноста и безбедноста, тоа може да го стори само преку Советот за безбедност на Обединетите нации. (МИА)


#
Статијата е прочитана 995 пати.

Испрати коментар

Од: srbinka
Датум: 01.02.2008 09:20:45
Francija i Germanija bea neprijateli a denes tie se tie koi ja obedinele Evropa, gi otstranile granicite i carinite. Pa taka ke bide i megu Srbija i Kosovo. Nema potreba od otcepuvanje od Srbija tuku site Balkanski zemji vo Evropa bez granici i carini so Evropski standardi za site a Rusija e sekako partner na Evropa kako sto bese i za vreme na vtorata svetska vojna.
Од: ne e vazno
Датум: 01.02.2008 11:46:24
Ubav e komentarot deka nema potreba od otcepuvanje na Kosovo i Metohija i deka po vleguvanjeto vo EU nema da ima granici...No,toa e smetka bez krcmar.Zarem ne vi e jasno zosto e napravena tolkava amerikanska voena baza tamu.Evropa e seuste politicko i vojno djudje koe mora da igra kako sto svirat Amerikancite.
Од: Jasno vreme
Датум: 01.02.2008 12:08:47
Tocno e ... sve se znaese od pocetokot;rusija ke vladee na Balkanot.Samo sega Rusija ke poceka Balkancite da se prestrojat.EU da dade nekoja para i da gi primi, apotoa Balkancite sami si go znaat patot do Moskva.Neli e taka?Istocna Evropa e pomudra od Zapad i nema zbor.Rusija gi ceka vo zaseda i EU i USA.Naskoro Putin ke ja poseti i Srbija i MAkedonija i Albanija itn.Inace nema nafta i gas .I tocka....
Од: rezim
Датум: 01.02.2008 19:58:42
Sto ste zapnale bre so taa Rusija? Barem da e saglam drzava pa site da trcame po nea. I tamu mafija vladee kako kaj nas, 95% beda, 5% oligarhija. Bila jaka, imala ova imala ona. Da, ima, ama za kogo, za narodot ili za burzoazijata? Na koj mu se tolku dopaga Rusija, ajt, neka odi tamu da zivee... Jas sakam na zapad.

Најди! во Утрински
Насловна
УЈП ќе му го проверува имотот на гувернерот Гошев
Гаврилов_ И порано добивав закани, ќе живеам како и досега
Зденко
Печатено издание
Лековите за февруари ќе доцнат најмалку една недела
Еленовски на тенка жица
Тоше глумел во филмот „Миротворец“ покрај Никол Кидман и Џорџ Клуни
Коалицијата за Европа ја почна работата
Лекарите куртулија
Да изградиме цркви и џамии на сите плоштади
Владината Комисија се обидува да ја одблокира истрагата за хеликоптерот
Ти реков ми рече... и некои други работи
Пушачите со текст и слика ќе се одвраќаат од цигари
Колективен срам за јавниот сектор
Реклама за вести
Арачиново станува еднонационално
Земјите од регионот го амортизираат ценовниот удар
Брисел ќе ја оценува Македонија по НАТО
Verbatim