Број 2600  петок, 01 февруари 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Фељтон
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска


Site Meter

Владината Комисија се обидува да ја одблокира истрагата за хеликоптерот

Тимот задолжен за расветлување на несреќата кај Блаце по неколкудневна блокада денеска треба повторно да се состане

Даниела Трпчевска

Тимот задолжен за расветлување на хеликоптерската несреќа која се случи кај Блаце по неколкудневна блокада денеска треба повторно да се состане и да ги анализира досегашните сознанија со кои располага. Членови на Комисијата се надеваат дека, конечно, ќе ги добијат податоци кои ги бараат од Министерството за одбрана, а кои се класифицирани како воена тајна. Овие документи се очекува да дадат важни информации за обуките што ги поминале пилотите на „МИ-17“, како и детали за надградбите на хеликоптерите, правени според НАТО-стандардите.

Во решавањето на недоразбирања меѓу двете струи кои постојат во Комисијата, на воените претставници, од една страна, и државната Комисија за испитување несреќи и истражните судии, од друга страна, вчера се вклучи и заменик-министерот за надворешни работи Зоран Петров. Тој, како претседател на владината Комисија за испитување на причините за несреќата, се обидел да помогне околу нејаснотиите што се јавиле за испраќањето на црните кутии на дешифрирање во Русија и е оптимист дека ќе се одблокира истрагата која веќе со денови тапка во место.

„Иако нашата работа е сосема независна од онаа на истражните органи и е фокусирана, пред се', на утврдување на тоа дали несреќата се случила како сплет на околности или, пак, е резултат на институционални пропусти, се обидовме да им помогнеме да ги решат проблемите со кои се соочуваат“, вели Петров.

Истражните судии пред неколку дена испратиле и писмо до министерот за одбрана Лазар Еленовски, барајќи од него да им излезе во пресрет со документите кои се неопходни за понатамошниот тек на истрагата.

Од Министерството за одбрана убедуваат дека соработуваат со истражните судии и се расположени се' што ќе биде побарано од нивна страна да им биде доставено на разгледување. „Максимално сме отворени за соработка“, велат во Министерството, но додаваат дека е неспорен фактот дека документи што се класифицирани нема да бидат обелоденети се' додека не биде издадена наредба за нивно декласифицирање. „Тоа е постапка која е неопходно да се направи за секој документ одделно кој ќе биде побаран за разгледување. Затоа веројатно и се одвиваат побавно работите“, објаснуваат од Министерството за одбрана.

Несреќата кај Блаце се случи на 12 јануари кога транспортен хеликоптер на АРМ од типот „МИ-17“ околу 12 часот се урна во поширокиот реон на Катланово, при што загинаа 11 мировници што се враќаат од мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина. Резултатите од обдукцијата потврдија дека смртта кај единаесеттемина војници настапила поради тешки телесни повреди и скршеници со кои се здобиле при падот на хеликоптерот. Со тоа целосно паднаа во вода тврдењата дека хеликоптерот експлодирал уште во воздухот, по што паднал зад ридот.

Тимот што беше назначен да ја спроведе истрагата, составен од тројца истражни судии и воздухопловни експерти досега разговараше со контролорот на летање, кој последен контактирал со пилотот на АРМ пред да се урне леталото и направи детален увид на местото на несреќата. Покрај разгледувањето на документацијата за одржувањето, надградбата и исправноста на леталото, важни податоци од несреќата се очекува да се добијат и од црните кутии, кои треба да бидат испратени на дешифрирање во Русија. Од необјасниви причини тие се' уште се чуваат во земјава, иако би можеле да ја расветлат дилемата што се случувало во леталото и со какви проблеми се соочувал екипажот кој не успеа да слета на скопскиот аеродром.


#
Статијата е прочитана 973 пати.

Испрати коментар

Од: nekoj
Датум: 01.02.2008 06:38:10
Zarem nekoj veruva deka i ovaa misterija;javasluk; neprofesionalnost; neodgovornost; nezainteresiranost za sekojdnevnite raboti i problemi na graganite, od strana na politicarite ke biide rasvetlena. Toa nema nikogas da se sluci zatoa sto na nikoj ne mu pada na pamet da raboti profesionalno. Ako bese sprotivno nemase da se formira komisija tuku rabotata ke si ja zavrsa instituciite koi se zadolzeni za toa.Tesko na semejstvata na nastradanite isto kako i na onie koi terba da gi vracaat partite dobieni od ostetite kako rezultat na ranuvajna ili namaluvajne na telesnata sposobnost.
Од: Snezana
Датум: 01.02.2008 11:27:16
Ajde, ajde, mozebi molitvite vo novata crkva ke ni gi resat site problemi...
Од: мами
Датум: 01.02.2008 16:28:58
Доста е со блокади и валкани игри.Истерајте ја вистината на видело,па каква и да е.Барем толку им должите на загинатите и на нивните семејства.

Најди! во Утрински
Насловна
УЈП ќе му го проверува имотот на гувернерот Гошев
Гаврилов_ И порано добивав зак��ни, ќе живеам како и досега
Зденко
Печатено издание
Лековите за февруари ќе доцнат најмалку една недела
Еленовски на тенка жица
Тоше глумел во филмот „Миротворец“ покрај Никол Кидман и Џорџ Клуни
Коалицијата за Европа ја почна работата
Лекарите куртулија
Да изградиме цркви и џамии на сите плоштади
Ти реков ми рече... и некои други работи
Пушачите со текст и слика ќе се одвраќаат од цигари
Колективен срам за јавниот сектор
Коштуница ќе го решава дуелот меѓу Тадиќ и Николиќ
Реклама за вести
Арачиново станува еднонационално
Земјите од регионот го амортизираат ценовниот удар
Брисел ќе ја оценува Македонија по НАТО
Verbatim