Број 2600  петок, 01 февруари 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Фељтон
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска


Site Meter

Си велам...

Да изградиме цркви и џамии на сите плоштади

Ерол Ризаов

Опасен бран на провинцијализам и примитивизам се надвиснува над Македонија

Ајде на секој плоштад да изградиме по една голема црква и висока камбана до облаците како катедралите во европските метрополи соѕидани пред повеќе векови.

Истовремено, на нашите плоштади, каде живее муслиманско население, да изградиме импозантни џамии со повеќе кубиња и високи минариња. Да изградиме по некоја импресивна синагога и уште по некоја вистинска готска катедрала и стотици најразлични божји храмови од евангелистички и скиjантистички до будистички и дервишки текиња. Да ја обележиме територијата на голема Македонија до каде кој се протега по вера и по националност. А таму нашите верници ќе можат да му се молат на Бога до мила волја. Божем така ќе заличиме на Рим, Париз, Берлин, Лондон, Истанбул, Каиро, Абу Даби...

Заедно со облакодерите од 100 и 160 ката, со сончевите градови, нови музеи, ново-стари театри, мостови, и разни храмови ќе пораснеме во духот, ќе ни се врати гордоста со силен наплив на патриотизам и самодоверба, ќе ги излечиме вековните комплекси на нашата балканска инфериорност и снисходливост.

Си велам... Каков опасен бран на провинцијализам и примитивизам се надвиснува над Македонија. Политичките булдожери и кранови, копајќи низ историјата и ѕидајќи до небото, ќе бидат нова тажна судбина на сиромашните македонски граѓани. Значи, со булдожерот на Паско Кузман ќе се копаат интензивно нови и нови докази за нашето славно минато. Далеку пред Христа и христијанството, се' до целосна негација на Дарвин. А со крановите ќе се градат камбанарии и крстови и кули високи според визијата на нашиот најблагонадежен архитект од првата половина на 21 век, Јован Стефановски-Жан. Патот кон небесните височини е патот на нашата светла иднина во слава на Бога и нашите нови кралеви и цареви. Така ќе живееме среќно предводени од мудрата овоземска власт во име на Бога, Алах и Буда.

Ваков наплив на анахронизам и духовни стеги досега не се регистрирани во поновата историја на Македонија, иако провинцијализмот и простотилакот не ни биле никогаш слаба страна. Тоа секогаш сме го имале во изобилие, но не го имавме во вака перфектна организација од страна на власта. Навистина и по Втората светска војна имавме агитпроповска светла иднина за индустријализација и електрификација, за бескласно општество, за одумирање на државата, за идеален живот на секој според потребите, итн. Видовме како завршија и тие илузии, но од тој невиден ентузијазам за изградба на ново општество нешто и се оствари и се изгради кое сега, нели, се распродава како големо достигнување на Законот за приватизација и новиот општествено-економски систем.

Се сеќавам на една анегдота која била актуелна во времето на изградбата на социјализмот. Некој повратник од Америка, кој живеел таму во триесеттите години за време на големата светска криза, го ангажирале комунистите да зборува на митинзите како жив сведок колку е лошо во Америка. "Американците се за никаде, велел тој пред насобраниот народ, само работат, и само работат, глава не дигаат од работа. Многу криминал. Голема сиромаштија. Леб не можеш да видиш со око. Нема леб во Америка". "Па што јадат", дофрлил некој од публиката. "Само месо и салата", одговорил подготвено наивниот агитатор на светлата иднина, а публиката прснала во смеа. Денеска се' уште нема анегдоти и вицови за новата иднина на Македонија иако пропагандата на власта ми заличува на онаа по Народноослободителната војна.

Дали ние треба заличиме на европските градови со изградба на облакодери, цркви, џамии, сончеви градови, музеи за восочни фигури, старо-нови театри, старо-нови мостови и други грандиозни потфати. Мислам дека не. Тоа ми изгледа повеќе од пропагандизам дури и како навреда на народниот здрав разум. Тоа што постојат некои норми, стандарди, правила, законски акти, арогантната власт воопшто не ја возбудува.

Владата и нашиот премиер Никола Груевски удираат од небо право во ребро. Груевски прифаќа и веќе гледаме самиот осмислува идеи, а неговите верни следбеници се крстат пред својот идол и не е неочекувано да го прогласат во светец. Се чудам што нема никој похрабар во негова близина да му каже: господине Никола, почитуван премиере, ова не може вака. Вашата идеја е лоша и неостварлива затоа што европските и светските катедрали, цркви, грандиозни објекти, музеи, театри, парламенти, дворци, мостови се изградени во еден долг историски период кога тие држави доживеале голем процут на своите силни царства и империи. Големите богатства се добар дел и од грабеж што се одвивал со векови. Тоа светско наследство со столетија е пренесувано во Рим, Лондон, Париз, Москва, Берлин, Амстердам, Истанбул, и во другите големи европски градови, а по откривањето на Америка во американските метрополи Њујорк, Вашингтон, Чикаго... За тоа се водени големи војни и е пролеано многу крв.

Почитуван премиер, станува збор за историски периоди на големите империи и императори, цареви и кралеви, за колонијалните велесили кои владееле со светот во име на Бога, а во свое име освојувале територии, откривале нови светови. Сега во 21 век е утопија Македонија да ги имитира тие царства и да произведува кичерајски репринт. Архитектонски бофл. Провинцијализам.

На нашите простори, во нашата земја има, исто така, големи, грандиозни дела само, за жал, нашите комплекси не ни даваат просветление да ги видиме и да си го негуваме историското наследство што го има во изобилство и со непроценлива вредност. Не само што не знаеме да ги зачуваме и што воопшто не ги посетуваме, не ги изучуваме и проучуваме, не ги славиме, туку и покажуваме срамно незнаење за своето минато.

Како директни наследници на дел од античката цивилизација и историја на византиската култура и империја, како составен дел на Отоманската Империја и Среднове��овното српско царство Македонија има извонредно богатство и историски објекти со кои го задолживме светското културно наследство. Дали навистина знаеме колку вредат нашите византиски цркви и икони од пред 14 век, од кои половината веќе се преселија во светските музеи. Дали мислиме дека, на пример, катедралата во Келн и мостовите на Темза и на Сена се повредни од "Свети Пантелејмон" во Нерези или "Свети Ѓорѓија" во Старо Нагоричане, или од Камениот мост во Скопје и мостовите изградени во Османлиското Царство на Радика и во Кратово. Светот се воодушевува од "Свети Петар" во Рим. Постои ист таков кич репринт и во Монтреал, што не значи ништо за архитектурата. Не знам зошто помалку вреди "Света Софија" во Охрид од "Нотр-Дам" во Париз, чиј безначаен репринт, исто така, го има во Монтреал. Дали навистина знаеме дека Шарената џамија во Тетово и Мустафа-пашината џамија и Аквадуктот во Скопје се ремек-дела на отоманската архитектура.

Македонија изобилува со непроценливо историско богатство и огромно наследство кое не знаеме да го вреднуваме самите и е многу често предмет на разни грабежи. Всушност, во тоа е големата вредност, бидејќи сме составен дел на значајни цивилизации од античката историја, па се' до Втората светска војна. Ајде да се присетиме што знаеме за овие наши објекти кои почесто ги посетуваат византолози, ориенталисти, историчари, археолози, студенти од целиот свет отколку ние. Доаѓаат луѓето со географски и автокарти во рацете, со денови ги бараат за да ги пронајдат, сликаат и пресликуваат, мерат, пишуваат, препишуваат, прават докторски и магистерски трудови, си заминуваат воодушевени и вчудовидени од нашиот однос кон огромното богатство што го оставаме на дофат на секој што ќе влезе. А што правиме ние. Ништо. Ние го уриваме нашето богатство со благослов на политиката, правиме културен геноцид како Талибанците.
Навистина, сакаме ли да ѕидаме кули од карти, политички споменици за да го одбележиме владеењето на нашите нови водачи.

(продолжува)


#
Статијата е прочитана 2240 пати.

Испрати коментар

Од: 1964
Датум: 01.02.2008 00:10:53
Aj sega prasaj si go prijatelot od plazata vo Turcija kako toa Ti se otepuvas pisuvajki,a tesko nekoj posle vakva shkrabanica od Sultan pero da si sedi udobno i da te razbere,sekako pod uslov 3godini da ne ni go kazuvas negoviot odgovor vo oblanda na AMANET koj sekako mora da mu go dades, za atar na ogromnoto kulturno nasledstvo koe Makedonija velis go poseduva,arkadash.
Од: goce debar
Датум: 01.02.2008 00:18:39
bas dobra kolumna,vala bogu eden realist vo novinarstvoto, dogta veke od latasi i tomici i koi mu se unilkavaat na crni grujo
Од: od nekoj si .
Датум: 01.02.2008 00:19:03
denovive bev vo Skopje i gledam i se cudam kade ke ja smestat tamu crkvata , pa mestoto stvarno ne odgovara, ke nema nikakva tisina i mir koj e potreben za crkva od site strani odeknuva muzika, na sosednite izlozi se sama golotija, abe ziv cirkus ke bide samo stom namislil Grujo i ke ja naprave , sigurno mu rekol nekoj deka toa e dobro za negoviot rejting, covekot e vo trans, prasawe na vreme e koga ke naprave tras.
Од: ооо
Датум: 01.02.2008 00:19:32
Ова е Македонија а не Турција, оди таму и гради џамии, јас не знам зашто само провоцирате, тука се знае цркви и крај... зар еднаш не ви стана јасно Европа сака само крст!!!
Од: Buntovnik
Датум: 01.02.2008 00:21:56
Tacno taka gospodine. Mnogu se zborese za Tose, nasiot najpoznat Makedonec. E pa toa ne moze Kaj Grujo. On ke izgradi pogolema crkva od Tose. On negovota pokundirenost ke ni ja nametne kako nas ideaal. A makedoncite ke si go lapnat seto toa so lazice. Razmisli za emigracija. Grujo isto ne saka ludge koj se popametni od nego. Iako tie gi ima mnogu. Bratucedot ke ve sredi.
Од: Toni, Kavadarci
Датум: 01.02.2008 00:23:53
Ne sakajki da navleguvam vo detali, zatoa sto mislam deka za toa nema potreba, sakam da kazam deka izmina vremeto na individui kako goreprisutniot. Od vakvi golemi, profesionalni i nepoliticki odredeni kako nego, novinarstvoto odamna e otrueno i zagadeno, a so toa i demokratijata vo drzavata, voopsto.Sramota.
Од: citatelka
Датум: 01.02.2008 00:23:59
odlicen tekst. nemam zborovi. Sto treba da se kaze.........
Од: komunist
Датум: 01.02.2008 00:27:57
Jas baram da mi ja vratat zgradata kade sto e smestena vladata i da mi izgradat spomenik na Marx i Engels , a moze i na Lazo Kolisevski. Te molam premiere pa i jas veruvam vo niv, kako ti sto veruvas vo toj tvoj Sv.Nikola. Neli site sme ravnopravni.
Од: a ha ha
Датум: 01.02.2008 00:33:06
mnogu nesto ispomesal avtorot! Se e za nego "nase". Gradhanin na svtot hi hi ha hu
Од: Itar Pejo
Датум: 01.02.2008 00:47:19
Tocno e toa deka nie stradame od kompleks za pomala vrednost koj predizvikuva vakvi akcii i rekcii kako ovie od lugeto od vlasta. Do zbor se slozuvam so avtorot, duri i so prikaska za povratnikot od Amerika. Sepak taa izmislena prikaska nema da mu pomogne, ce go narecat komunjar. Koga se nema drugi argumenti ...
Од: Стоп
Датум: 01.02.2008 00:47:23
Немам што да додадам на овој текст. Се е кажано. Но, возот оди во неповрат. Така мислам и тешко тие што го водат дека ке знаат да запрат. Иако нешто и работат овие глупости си градба на цркви, џамии и др. религиозни споменици само не враќаат назад. Јас сум историчар на уметноста, но се восхитувам само на нашето богато културното наследство. Тоа треба да се негува и афирмира. Македонија е ризница на бројни цивилизациски вредности. Сега ни се потребни патеки кои ќе не водат во Европа, но не исполнети со религиозни објекти туку со инвестиции кои ќе ја заживеат веќе уморената Македонија. Стоп за се што само ќе не разделува и ќе ни создава дополнителни фрустрации.
Од: Apsolutnata vlast apsolutno rasipuva
Датум: 01.02.2008 00:50:17
Ako nekoj makar i pomisli deka e mozno protivrecenje od okruzenieto na Premierot za nekoj negov nebulozen predlog - kje sfati sto e UTOPIJA.Ne im pagja ni na um da pomislat poinaku osven aklamativno da prifatat se sto doagja od "visokoznajuscego" i "pametnejsego" im lidera.Otsustvoto na kriticna misla razlicna od se sto im se servira na i nadvor od sednicite na Vladata,doveduva do dviranje na sopstveniot strucen,moralen i vrednosen kredibilitet na sekoj poedinecno i site zaedno.No.toa e niven problem se do momentot koga kje napravat da stane opst,naroden i drzaven,od koj neminovno ostanuvaat posledici na materijalen,kulturen,istoriski i civilizaciski plan.Los e signalot sto ni go ispratija so prifakjanje na voluntarizmot na Premierot i negovo realiziranje so preskoknuvanje na procedurite i propisite,zakonite i Ustavot na drzavata. Ne se somnevam deka kje sledat uste mnogu slicni"proekti".Nema koj da mu kaze:"DOSTA BESE,ne e od majka ti".
Од: Silva
Датум: 01.02.2008 01:37:03
Odlicen tekst samo dali ke go procitaat tie za koi e namenet.Cisto sumnjam deka tie i nesto citaat bidejki ako go pravele toa i nesto ke naucele.Ne znam vo vladata kako da gi rangiram koj od koj se ponepismeni.Onie luge dali nekogas procitale nekoja kniga i dali bile na teatar ili kino od svoja zelba ili po potreba da bidat videni.Politicarite retko se i luge so bogta kultura i produhovljenost ama kako ovaa garnitura prostaci mislam deka sme nemale.Da gi odbiravme i glasavme po stepenot na prostotiluk i iskompleksiranost ne ke mozevme da go dobieme ovoj sostav.Site samo nesto mudruvaat i glumat a da pocnes da gi slusas ke se cudis dali se so osnovno obrazovanie ili i toa go nemaat. Kako ne im e sram.
Од: mitko bi sakal malku ramnoteza
Датум: 01.02.2008 02:02:37
Sosema e jasno deka zemja koja gradi crkvi i djamii na sekoj plostad nema daleku da stigne. No, treba malku da se razgelda zosto toa se pravi. Prvo i prvo pocna da smrdi na predvremeni izbori. Na vakov nacin Grujo ke uspee da privlece mnogu glasovi na najprostiot del od narodot. Ova prvicno trebase da go napravi so eden velelepen spomenik na Aleksandar Makedonski no poradi diplomatski problemi ocigledno se otkaza. Takov efekt nema da moze da se postigne nitu so planiraniot muzej na VMRO-ski borci za makedonska drzava i bugarska nacija. Najdobro za ovaa cel e da se izgradi crkva. Vtoro, ednostavno covekot saka da si izgradi spomenik. Za vek i vekov nekoj da se sekava na negoviot mandat. Toj vo ovoj aspekt e mnogu ponormalen (iako pomalku grandoman) otkolku tipovite kako Drzavnikot i celata negova sebicna i korumpirana partija SDSM koi kako edinstveno sekavanje ke ni go ostavat onoj idiotski objekt vo Pelince. VMRO-vcite sepak uspeaja da izgradat nekolku objekti od koi eden e duri mnogu
Од: strujata lisabon
Датум: 01.02.2008 02:33:55
G-dine Rizaov me voodusevi vaseto mislenje,kako Pravoslaven Makedonec nikogas ne sum razmisluval vo ovoj kontekst. Sekoja cest I BRAVO
Од: Marika
Датум: 01.02.2008 03:56:52
Pa da izgradime be Erol,sto toa tebe bi ti smetalo? Ako ti samiot vikas deka vo evropskite metropoli gi gradele pred vekovi,koja e tvojata pricina nie da ne gradime sega pa nasite pokolenija posle vekovi da gi imaat . Bog da cuva i da brani,samo da se oponira pa dali ima opravdana pricina ili nema,ne e vazno.
Од: troy sydney
Датум: 01.02.2008 05:04:27
da dosta e so politika nei trebaat na makedonia novi crkvi ki bide dovoln ako e sposobna dagi zacuva tie sto postojat
Од: Советник
Датум: 01.02.2008 06:31:41
Градењето не црква од страна на државата е меѓу другото и кршење на европската конвенција за заштита на човековите права (член 14: забрана на дискриминација на основа на религија). Со тужба пред Европскиот Суд во Страсбург би можело многу лесно да се запре оваа незаконска акција.
Од: 1pop
Датум: 01.02.2008 06:36:18
Ako bre deca(ceda Bozji0 gradete crki nema problem vo vrkvite,tuku kakva ke bide nivnata uloga/ Dali ke di koristete za molitvi i za pouka na naselenoeto da ne zapaga vo grvovokako;laga,prevara,krazbi,droga ,nemoral itn.Se e ubavo da si imate crkvi kako zgrada za Bogopocituvanje i samopocituvanje no nemojte da se lazete: Bog nikoj nemoze da da go laze...
Од: Apostol
Датум: 01.02.2008 06:47:28
Gospodine Rizaov moram pak da kazam deka vo potpolnost se slozuvam so vaseto mislenje. Sirocinata i dlabinata na Vasite pogledi po bilo koj segment od zivotot vo Makedonskoto opstestvo odusevuva, pleni i tera na postojano razmisluvanje.
Од: Trajce Boskovski,Avstralija
Датум: 01.02.2008 07:04:53
Odlicen komentar na kolegata Rizaov. Samo kakva pouka od ova ke izvlecat nasite umni" politicari.Dosta e so crkvi idzamii, da gradime ekonomija, prosperitet i socijalna stabilnost na lugeto.Toa e ona sto ni treba.
Од: Перхан
Датум: 01.02.2008 08:42:59
Во ред е црква да се изгради во Градски парк. Ќе му даде некоја убава жица на и така штуриот дел, а ако убаво се осветли ќе изгледа добро и навечер, и во есен, и во зима, а ќе има и мир и тишина соодветна на еден храм. На плоштад црквата само ќе навлече гужва, а и контектстот не одговара (кафеани, бутици, трговски центри, тезги, трафики) за таков објект, а да не збориме дека на 300м воздушна линија од плоштадот се наоѓа и Св. Климент, и Св. Димитрија, и новата Св. Богородица.
Од: Kosara
Датум: 01.02.2008 08:55:37
Super komentar.Daj Boz i onie shto gosmislile ova nedorazumenie da go razberat pravilno i da ne brzaat so reshenija,shto vo ova bolno vreme ne e potrebno.
Од: Miki
Датум: 01.02.2008 08:56:39
Odlicen tekst, napolno se slagam so toa, no ima eden problem: Tupajcive VMRO-vski ova ne mozat da go razberat... insufucientni se vo mozokot i izgleda od stote cekori uste se na prviot...
Од: Ana
Датум: 01.02.2008 09:10:32
Ne e do verskite objekti...ako neka se gradat ama neka ima malce red...ima povazni raboti od niv...neka izgradat nekoj dom za bezdomnici, nekoe uciliste plus ili neka gi renoviraat tie koi se raspagaat za nasite deca za nasa podobra idnina...Jas se cudam kaj ke ja stavat crkvata...Ostaj sto nema mesto...nikako ne mi se vklopuva crkva vo arkitekturata na nasiot centar....Bog da cuva i da brani...ima peticija na internet protiv ovaa odluka na vladata...
Од: nacional panasonik
Датум: 01.02.2008 09:12:12
Potpolno se soglasuvam so avtorot. I uste nesto. Vo programata ya yastita na Ministerstvoto ya kultura (citaj Pasko Kuzman), samo arheologija, vo sprotivno so Zakonot ya zastita, dodeka starata arhitektura ni se rspagja se trosat milioni evra za kopanje, od pari namneti za zastita na stari crkvi, objekti vo Ohrid... NOVI CRKVI I DJAMI NE N TREBAT, ZASTITETE GI STARITE
Од: d-dorf
Датум: 01.02.2008 09:13:15
Se plasam da ne stane presvetla MAKEDONIJA od gradenje na CRKVI I DZAMII-pa kako znak na blagodarenie od GOSPODOT ke ni dade blagosostojba i mir na site nas, a tebe bate GRUEVSKI ke ti ja ispolni zelbata pak da bides izbran vo narednite izbori za da bi gradel poveke CRKVI-dodeka narodot gladuva (tocno e deka na gospodot mu se pomili gladnite i siromasnite ) - ama ti nesi od tie. A tebe MAJSTORE EROL malku ke bide ako kazam BRAVOOOOOO
Од: Petko M
Датум: 01.02.2008 09:43:13
Sekoja ti cest za tekstot. Jas liscno potpolno se soglasuvam so pisanoto. Za zal "nasiot premier" ne cita vesnici, ne slusa radio, ne gleda televizija, a masata slepo go slusa, i si veli: e ovoj e dobar, nikoj dosega ne ni pravel crkvi i dzamii. Sekoja mu cest nu Gruevski za nekoi pametni potezi sto gi napravil dosega (ramen danok, zakonska legislativa idr.) ama so ovoj prostotilak gi uriva site. Ovo moze da se sporedi so prikaznata za kravata koja dava mnogu mleko. Zenata ja mozle kravata koja davo edna kofa polno so mleko ama na kraj si ja kloca kofata i celo mleko istureno. Veruvam deka e jasno. Pozdrav
Од: od majstorot
Датум: 01.02.2008 09:49:10
Erole,prijatelu moj.Sto si ja macis dusickata?Zarem uste ne svati kade ziveeme?Izgleda ti uzivas da vodis dijalog na gluvi?Nadvor od umot e da vo edna drzava vo 21 vek,vo vreme na internet,megjuplanetarni patuvanja,kosmicki turizam....., NAJGOLEM nastan e osvetuvanje na crkva???I na ovoj nastan se sobraa site relevantni faktori.Pa daj togas site po cel den da odime vo crkva i vo dzamija,da se molime i najverojatno ce pocnat od neboto da padjaat kokoski peceni.Ke postime ,ke se molime,ke se pricestvuvame, a rabota???Ke raboti li nekoj???FABRIKI NI TREBAAT.FABRIKI,a ne novi crkvi i dzamii (mu blagodarime na GORNION-gi imame dovolno na ovie prostori).A da napravese Trifun edna NOVA GIMNAZIJA vo Skopje?Znaes li Erole moj prijatele od koga ne e izgradena nova gimnazija vo Skopje???Niz vnatresnosta na Makedonija decata nemozat da odat vo VC,im kape vrz glava,nemaat greenje.... ama toa ne e vazno.Vazno ke imame kade da se molime.Utre koga maliov ke pobara da mu kupam patiki,ke go odnesam vo n
Од: pop
Датум: 01.02.2008 09:57:24
so se bunite be;mestoto e ko izmisleno;molenje prvo posle po kafici i diskoteki nis centarot na Skopje;posle pak u crkva i taka naizmenicno;eden par korset i minic u tasna(dr komplet za u crkva odelo pod miska) i taka!baska popot nema da se izmori nosejki go krstot od dr crkva za vodici ovde ke mu e blisku kameniot most;i pred i posle utakmici;i pred i posle vladini protesti;pak u crkva;i za i posle riba pak u crkva;i na kraj posle crkva direkt u fufo
Од: патриоти
Датум: 01.02.2008 09:58:16
Пред да се оди во Стразбур-овде треба КРИВИЧНА пријава за Злоупотреба на службена положба за најтежок вид кривично дело за ке е предвидена казна од најмалку 4 години! Кај си Јавни обвинителу! По кој законски основ премиерот носи ваква незаконска и штетна одлука, ем на штета на Државниот буџет?
Од: Anja, na prinuden prestoj vo Anglija
Датум: 01.02.2008 10:00:08
Odlicen, analiticen tekst na koj nema sto da se dodade. Nekoi od dolu potpisanite, pametni luge, toa go svatile, dodeka nekoi(za zal gi ima i takvi) ,poradi svojata zaslepenost i infantilnost, komentiraat nebulozno i prostacki. Od takvite, koi ne razmisluvaat komu go davaat svojot glas, koi poradi inaet i neobrazovanost uporno go forsiraat t.n. VMRO, nasata drzava sega e turnata destetina godini nanazad. Kako nikogas do sega, naseto renome vo svetot e padnato na njaniski granki, nasiot graganin e ponizen, obespraven i zaplasen, standardot mu e komletno unisten, a negovite pari bezmilosno se trosat za skapi reklami, besmisleni proekti, patuvanja niz svetot i prestojuvanja vo najskapi hoteli, kako da se rodeni princovi, a ne obicni kopuci i selanicista. So debelo potplatuvanje na korumpirani novinari, javno se klevetat ugledni licnosti, bez osnova i povod, a pricinata e zatoa sto se pametni, inteligentni i obrazuvani, sto za mnogumina vo vlasta e mislena imenka. Dodeka ne izlezat da gla
Од: Ema, Rim
Датум: 01.02.2008 10:01:25
Rizaov, navistina bi trebalo licno eden po eden da ti se zablagodarime za komentarot. Samo sto sme malku, ovaa zaednica sto sledi na internet i delot od mak. narod sto ja cita pisanata verzija ne se dovolni za da cuknat so raka na masa i da im poracaat na site "vodaci" so kompleks na faraoni deka zadacata zaradi koja se izbrani e druga, deka za ADEKVATNA LOKACIJA NA NOVI VERSKI OBJEKTI treba da resavaat gragjanite i urbanistite i deka nivnoto finansiranje vo sekularnite drzavi ne odi od budzetot.Problemot ne e ZA ili PROTIV crkva NA SRED PLOSTADOT.Se raboti samo za principot sekoj da gi vrsi svoite KOMPETENCII. Dali po ova treba da ocekuvame MPC da se zafati so organizacija na soobrak'ajot vo drzavata, ili Muslimanskata zaednica da go prevzeme rakovodenjeto so zdravstvoto,a katolickata crkva da ja prevzeme odgovornosta za vrabotuvanjeto na tehnoloskiot visok? PRODOLZETE DA GO DAVATE SAJTOT SO PETICIJATA NA GRAGJANITE. SKORO 2000 POTPISI ZA SAMO DVA DENA SE INDIKATOR ZA ZDRAVIOT RAZUM
Од: imer,minhen
Датум: 01.02.2008 10:01:33
samo koj saka da ne razbira,ne moze da go razbere sodrzinata na tekstot.Bravo Erol,napred
Од: Shpend
Датум: 01.02.2008 10:09:44
Napisot e za 5! Ama kako da i se objasni na ludjeto koi ne mozat da vidat podaleku od svojot nos. Na koi omrazata im e hrana. Lani ne mozev da mu objasnam na vnuk mi od 6 godini koja e pricinata na postavuvanjeto na krstot ponad Skopje. Bese vecer, a krstot bese poveke nego bizaren. Isto vo Prilep vidov.
Од: Загрижен за Македонија
Датум: 01.02.2008 10:09:50
Видела жабата како коњот се поткова па посакала и таа. Така и Николче виде како Ктиторот ја изгради црквата Света Богородица, па посака и тој да гради црква, но со наши пари. Помислено сторено неговите полтрони и улизурковци веднаш потрчаа да му ја остваруваат желбата. Што ќе се случи ако си посака да му се симне месечината и што ќе биде со неговите следбеници кога не ќе можат да му ја исполнат желбата
Од: patriot
Датум: 01.02.2008 10:13:06
Sekoja ~est za napisot,samo ako e so dobra namera napi{an. Ne znam zo{to ama nekoe sedmo setilo mi ka`uva deka na po~ituvaniot novinar ne mu se po volja lu|eto koi se borat za makedonskata nacionalna kauza.Duhot na na[ite tatkovci, dedovci, i pradedovci zivee i ve~no }e zivee vo takvite kako na{iot po~ituvan premier i partijata {to toj ~esno ja vodi. Za ekonomijata vremeto }e poka`e deka i tuka sme na praviot pat.
Од: A.Nikolov
Датум: 01.02.2008 10:16:28
Normalno deka treba da imame poveke sveti hramovi za da moze da se molime i krstime od ovaa zlo shto ne snajde so ova vlada.
Од: Someone
Датум: 01.02.2008 10:21:43
Sekoja chest Gospodine Rizaov. Se voshituvam na vashite kolumni. Prodolzete taka, zoshto vie ste eden od retkite novinari koj znae kako, koga a i shto da kaze. Polna podrshka.
Од: Enis
Датум: 01.02.2008 10:23:41
Ме чуди што е толку страшно ако се градат (и) верски храмови?Кому му смета тоа?Да ли тоа ќе ја расипе нашата младина,како што им направија многубројните кафулиња каде им се делат екстази таблети,а водата дури и во тоалетите им се исклучува за да трошат на други пијачки во кафаната?
Од: Saudi Arabija finansira
Датум: 01.02.2008 10:25:53
B. Crvenkovski napravi gaf so predlogot za izgradba na spomenik na Tito, no, koga go vide raspolozenieto na javnosta, zamolce! Realnosta vo Mak. e sepak specificna. Vo Mak. vo poslednite godini se gradat ogromen broj dzamii so finansii koi doadjat od S. Arabija i nekoi drugi islamski zemji! Dzamiite sto gi finansira S. Arabija se gradat po tocno utvrdeni proekti, koi se uslov za dobivanje na parite, iako se razlikuvaat od proektite na Otomanskata imperija! A, kako da se odrzuva ramnoteza so hristijanskite sakralni objekti?
Од: Maus
Датум: 01.02.2008 10:40:39
a da izgradime edna klada na mestoto na krukcheto?pa shto...sekoj zapadno-evropski ploshtad vo Sredniot vek imal klada kade se gorele "greshnicite". I nie po toj primer. Pa taka ovaa nekrofilichna nacija ke si gi zadovoli svoite nagoni. Bravo za tekstot.
Од: trpe (original)
Датум: 01.02.2008 10:40:47
Se soglasuvam so se napisano, bi dopolnil za prastari a svetski poznati crkvi vo Prespansko, za Kokino, Markovi Kuli vo Prilep (pa toj ni e eden od zastitnite znaci, barem za pivo), pa crkvata Sveti Ilija vo Star Dojran (nekogas bila edna od najgolemite), i da ne dolzam, za onie raboti koi se od istorisko znacenje, nema pari, a za sopstveni spomenici ima. Bre!!!!
Од: Maci
Датум: 01.02.2008 10:42:46
Ocigledno e deka vo pogolemiot tekst na avtorot ja napaga hristijanskata vera i crkvite, a mnogu malku pisuva za dzamiite.Dosega nitu eden pravoslaven ne se obidel da pisuvaa protiv gradenje ne dzamii iako i tie niknuvaat sekade.
Од: Itar Pejo
Датум: 01.02.2008 10:43:14
Se setiv za uste edna prikaska za agitpropot, koga Lazo Kolisevski go nateral eden povratnik od Amerika da mu kazuva na narodot. Kazuva covekot: "amerikancite ni vo kafana ne mozat da otidat!" "Pa kako razgovaraat so prijatelite?" Prasal eden. "Preku Internet!" odgovoril povratnikot!
Од: Skopje via Afghanistan
Датум: 01.02.2008 10:46:22
Bravo majstore, se soglasuvam potpolno!
Од: Ema, Rim
Датум: 01.02.2008 10:53:38
Rizaov, navistina bi trebalo licno eden po eden da ti se zablagodarime za komentarot. Samo sto sme malku, ovaa zaednica sto sledi na internet i delot od mak. narod sto ja cita pecatenata verzija ne se dovolni za da cuknat so raka na masa i da im poracaat na site "vodaci" so kompleks na faraoni deka zadacata zaradi koja se izbrani e druga, deka za ADEKVATNA LOKACIJA NA NOVI VERSKI OBJEKTI treba da resavaat gragjanite i urbanistite i deka nivnoto finansiranje vo sekularnite drzavi ne odi od budzetot.Problemot ne e ZA ili PROTIV crkva NA SRED PLOSTADOT.Se raboti samo za principot sekoj da gi vrsi svoite KOMPETENCII. Dali po ova treba da ocekuvame MPC da se zafati so organizacija na soobrak'ajot vo drzavata, ili Muslimanskata zaednica da go prevzeme rakovodenjeto so zdravstvoto,a katolickata crkva da ja prevzeme odgovornosta za vrabotuvanjeto na tehnoloskiot visok? PRODOLZETE DA GO DAVATE SAJTOT SO PETICIJATA NA GRAGJANITE. SKORO 2000 POTPISI ZA SAMO DVA DENA SE INDIKATOR ZA ZDRAVIOT RAZU
Од: Redoven citatel
Датум: 01.02.2008 10:59:08
Samo cestitki i polna poddrska na tekstot.Uste i pokana-da go pocituvame minatoto,ama da gradime idnina za decata ako ostanat ovde da ziveat
Од: Kuzman
Датум: 01.02.2008 11:04:54
Dosta se karame!Ajde da se dogovorime na plostadot da izgradime mavzolej-najgolem na svetot kade sto ke ja postavime balsamiranata Makedonija.Taka idnite generacii so vekovi ke gledaat i ke se prasuvaat:sto imavme i sto zagubivme. Bezumie,nemam drugi zborovi
Од: gragjanin
Датум: 01.02.2008 11:30:27
Za Ema od Rim: nie chuknuvame na masa, draga Ema, ama kako da chukame vo prazno, ne vredi, ne dopira do SKOROEVICITE! A od nivnite (ne)dela eden den ke se sramat i nivnite deca. Na ukazhuvanjeto deka neshto ne chini i deka treba da se prasha poshirokata struchna javnost, najchest odgovr na drzhavniot sekretar vo Minist. za kultura, Elizabeta Kanccevska e demagoshkoto opravduvanje; nas ne izbra narodot! Shto sekako zvucci grubo i nedodelkano
Од: Danko
Датум: 01.02.2008 11:38:20
Skopskiot akvadukt e od rimskiot, a ne od otomanskiot period.
Од: marika
Датум: 01.02.2008 12:02:24
Zosto na site plostadi?muslimani nema sekade a na juzniot breg imalo crkva na toa mesto toa e samo prirodno.Na severniot ima bezbroj dzamii toa e delo na tursko za turci a albancite sakat sega da gi prisvojat kako del od svoja nacionalna istorija i dzamiite gi povrzuvat so svoeto nacionalno bitie zatoa mislam tie objekti treba da se vo vladenie na turskoto malcinstvo kako kulturno bogatstvo na turcite vo Mak a na albancite da gi prisvojuvat.
Од: Star vmrovec
Датум: 01.02.2008 12:17:50
Ubavo so crkvite, ama sto pravime so Pirin i Solun, premiere? Kade e amanetot na zrtvite na komunizmot sto se borea za OBEDINETA Makedonija. Za da bidat vosocni figuri li se borea?
Од: Paris
Датум: 01.02.2008 12:54:45
Samo da ne mu se "nakrivat" nekomu,prekrasnite tekstovi na Rizaov,pa da resi da go stavi avtorot vo penzija ,sto bi ne ostavilo "siraci" od eden kurazen novinar koj ne obogatuva so prekrasni tekstovi i soznanija.Se nadevam dekaovaa grandomanska nedokvakana zelba na Premierot ,ke napravi i nesto dobro;ke ne voedini protivsamovolieto,negovo i na amindziite!Da se nadevame deka nekoi koi sé uste na ja svatija velicinata na porakite,se pak ke se soglasat deka se izmameni i deka ne e vo prasanje samo crkva ili dzamija,tuku deka tie se samo "jadica"! Za"mitko.."Drzavnikot nema vrska so "Plaosnik",toa bese delo na VMRO!! Sega se raboti za mnogu serjozen problem,za da gi mesame loncinjata!
Од: danco Germanija
Датум: 01.02.2008 13:07:24
Obnova na crkvata kojapo zemjotresot komu nistickata diktatura ne ja sanira, oti ja mraz se Hristovata vera, a go sakase Isus Tito, e demokratsko pravo na do vcera porobeniot mak.narod i neg.vlada.G.Rizaov pise nad40 godini i se e prav. Veli tamu kaj imalo rasko sni crkvi koi se istorija, bile gradeni pred vekovi vo sloboda.E, pa G. Rizaov nie nemav me drzava i toa vreme dojde po vekovi ropstvo da pravime crkvi,a ne samo vie muslimanite da ja pokrivate Makedonija so dzamii.Sramota! Pri eden referendum za crkvata srede mak. narod ke padnes odma. Ona za crkvata sto ke se odvoi od budzetot e kapka vo more,vo sporedba so ukradeni fabriki.Taa kako i krstot na Vodno ke bide istorija.Vie bluvate zabi, oti vasi partii ne ja pravat.Bolni ste od ljubomora vie bivs komunist/musliman.Takvi ne sakat crkvi. Da bese dzamija site vie vreskala ke molcevte.
Од: Cane
Датум: 01.02.2008 13:13:40
Retko dobra kolumna na g-din Rizaov. PS: Majstore, glagolot sfakja seuste se pisuva so "F", a ne so "V". Znaci: sfakja, a ne: svakja.
Од: dr.markos
Датум: 01.02.2008 13:15:58
Po se', famozniot "mileniumski" krst na Vodno k'e bide šega vo sporedba so noviot "proekt" na VMRO DPNE - hramot na najvažniot ploštad vo Makedonija. Nekoj mi go zede zborot - bezumie! A navistina e bezumie vo edna mala multietnička država - so komplicirani megjuetnički odnosi, so siromaštija za koja svedočat narodnite kujni - na nekogo voopšto da mu dojde ideja za taka megalomanski i hohštaplerski proekt! Vo vakvi povodi se prašuvam kade e otporot, bidejki Makedonija ne ja smetam kako nekoja privatna kompanija na Premierot, nitu pak kako akcionersko društvo na Vladata, ili na Sobranieto. Da se razbereme, poznačitelen otpor ne očekuvam od neodgovornata i korumpiranata intelektualna i politička elita! Ali što e so kolku-tolku prosvetenite gragjani? Mislat li tie deka ovaa besmislena avantura - so koja ništo ne se pokažuva osven lečenje na svojata minornost so prčenje i trošenje tuđi pari - nema da se odrazi na nivniot život i standard? Kutra Makedonijo, što li te čeka so vladea
Од: ne e bitno
Датум: 01.02.2008 13:19:28
a sto kutevte koga pocna izgradbata na Lumineks zgradata pred GTC? ILi posto ne e crkva ne vi smeta? Idioti
Од: mr
Датум: 01.02.2008 13:31:27
Bravo, site Makedonci si ja sakame hristijanskata vera i se molime .no dosta so novi crkvi i krstovi. So molenje ne se polni stomakot,naprotiv treba nesto da se planira da se izgradi i vlozi da se vrabotaat mladite i da ostanat vo zemjata za da ostanat pokolenijata da se molat vo crkvite koismetam se dovolni. Dosta se pufka premierot so toa za da go zadrzi rejtingot vo narodat i da glasa za nego.Toa ne ti pomognuva premiere rejtingot ti odi dolu ,acenite gore.Sramota
Од: Vane Skopje
Датум: 01.02.2008 13:32:53
Aj sega ka`ete mi deka koja e razlikata me\u Ljup~o i "Crniot Grujo" - Nikakava , mo`ebi maliot e poperfiden . Abe Vmro si e Vmro
Од: risto
Датум: 01.02.2008 13:49:40
Nekoj citateli se bunat zosto tolku od Makedoncite se protiv crkvata ,a nikoj ne pisuval protiv dzamiite koj niknuvale sekade. Prvo:Nikoj vo Makedonija ne mu zabranuva na Makedonecot da gradi crkvi, no ne so parite od drzavata sobrani od site gragani. Neka vernicite pravoslavni si soberat pari, neka si kupat plac, pa neka si gradat, nema sto drzavata da im dava. Vtoro: Imoti za vrakanje imaat mnogu luge na koj ne im se vrateni. treba li samo na crkvata da i vrakame? Pa i komunistite imale imot. Zgradata na CK. Treba li da im ja vratime? Ima i islamskata zaednica imot koj treba da i se vraka. Imaat i mnogu drugi gragani za zemanje. Daj prestanete so toa slepo branenje na crkvata. Taa si ima istoriska zasluga i toa e se. Vo idnina so krstovi i crkvi ne se odi. Koj saka neka si gi gradi privatno i neka si plaka za toa.
Од: graganin
Датум: 01.02.2008 14:53:31
se slagam so motivot na napisot, no ima edna druga rabota, a toa se pritisocite od nasite sosedi, Grcija i Bugarija, a od druga strana i rasteckiot broj na djamii ( ako odis so kola od Ohrid do Skopje ima sto da vidis, cel antibalisticki raketen stit..); interesno e ako odis so kola vo Albanija nema nitu edna da vidis (mozebi nekoja mala, vo nekoe selo), osven starite turski djamii, spomenici na kulturata..od druga strana Grcija se najde da ni popuva za tie raboti deka ne go pocituvame Ohridskiot dogovor a vo Grcija se sruseni site djamii i sega nema nitu edna...znaci jas sum za toa da se obnovat starite obekti tamu kade sto imalo, a ne da se gradat novokomponirani gigantski verski obekti kako sto go pravat toa vo Grcija
Од: Кире, Скопје
Датум: 01.02.2008 14:58:48
Велиш изградиле бидејќи краделе од другите. Епа ајде нешто и ние да изградиме за нас, доста властодршците од минатото крадеа за себе
Од: Skarab
Датум: 01.02.2008 15:21:52
Bravo za tekstot gospodine Rizaov,Po koj znae koj pat pokazavte deka ste golemo novinarsko ime.
Од: od realnosta
Датум: 01.02.2008 15:51:26
Vo starite drzavi so kontinuitet, koi ne gi zadesi sudbinata na povremeno isceznuvanje kako sto ja zadesi MK, ima eden minimum set na opsti vrednosti i interesi. Sistemot na Vrednosti ostanuva a partiite mu se dodvoruvaat na narodot so idei kako za se napravi nesto poveke. Problemot vo MK e sto seuste nemame sistem na vrednosti, ama imame buljuk bivsi dezorientirani i ostareni YU(mk) intelektualci koi nemozat da proizvedat nova vrednost. Tie samo go prezvakuvaat ona od staroto vreme. Vo toj kontekst bi go sfatil i ovoj napis. Nemozam da zaklucam kakva MK posakuva a kava ne saka gosp. Rizaov, Edinstveno sto e jasno e deka ne gi saka onie od aktuelnata Vlast.
Од: Oliver N.
Датум: 01.02.2008 15:56:11
Mnogu jasno sekoj moze da procita deka vo Ustav na Republika Makedonija, Clen 19, se zboruva za odvoenosta na Drzavata od MPC i drugite verski zaednici...Pa zoshto nekoj vo ovaa drzava ne posoci na protiv Ustavnata odluka od Vladata na R. Makedonija?...
Од: Boban
Датум: 01.02.2008 16:26:27
Izleda deka, ne sakam da e taka, prepukuvajki se so nekogo, uspevate da navredite i nekoj sto ima iskreni cuvstva kon veraa i sto cuvsvuvaat radost sto uste eden hram se gradi za Boga i narodot. Navreduvate so podnaslovot: privitivizam i provincijalizam. I jas velam deka nekoj mozebi nema dobri nameri ili ne trgnuva so pemenita cel, no nekoj vo toa gleda dobra rabota. No takvoto glediste i takvite nameri gi ostavame na onie cii srca ne se cisti. Govorite za duhovno nasledstvo: a zar amu da zastaneme, nasledstvo e toa sto se ostava z idnite pokolenija, pa ajde i nie da ostavime nesto markantno za nasite pokolenija, zar nie nema da sozdavame, tuku samo ke bideme nslednici. Toa e filozofija na pasivnost i deviza:ma sto mi e gajle za idninata. A za etnickie aspekti i da ne zborime, nie sami gi sozdavame. A i vsusnost, ako ste kostruktiven i objektiven medium, zosto ne reagirate sto veke bila tamu urnata crkva.
Од: Todor
Датум: 01.02.2008 16:28:03
NERON bil mnogu zdrav vo sporedba so ludacive sto ni ja VODAT DRZAVAVA.
Од: Istoricar
Датум: 01.02.2008 16:39:55
Do Danko ;Akvaduktot vo Skopje po mnogu istoriski dokumenti e od vremeto na Otomanskata Imperija ima i obidi da se falsifikuva deka e Rimski.
Од: (-_-)
Датум: 01.02.2008 16:42:22
Crkvata ke se izgradi,sakale vie ili ne...ako Bozjata promisla e taa...togas se drugo e NEVAZNO!!! Samo ne znam dali vasite skameneti srca mozat da go razberat toa.
Од: blagoja
Датум: 01.02.2008 17:25:06
Kolku povece crkvi tolku pomalu narodot veruvat vo boga isilibajzerite na VMRO. Bivsi simpatizer iclen na banditskiotWMRO
Од: мами
Датум: 01.02.2008 17:56:35
До Советник:Ајде те молам не тропај глупости.

Најди! во Утрински
Насловна
УЈП ќе му го проверува имотот на гувернерот Гошев
Гаврилов_ И порано добивав закани, ќе живеам како и досега
Зденко
Печатено издание
Лековите за февруари ќе доцнат најмалку една недела
Еленовски на тенка жица
Тоше глумел во филмот „Миротворец“ покрај Никол Кидман и Џорџ Клуни
Коалицијата за Европа ја почна работата
Лекарите куртулија
Владината Комисија се обидува да ја одблокира истрагата за хеликоптерот
Ти реков ми рече... и некои други работи
Пушачите со текст и слика ќе се одвраќаат од цигари
Колективен срам за јавниот сектор
Коштуница ќе го решава дуелот меѓу Тадиќ �� Николиќ
Реклама за вести
Арачиново станува еднонационално
Земјите од регионот го амортизираат ценовниот удар
Брисел ќе ја оценува Македонија по НАТО
Verbatim