Број 2600  петок, 01 февруари 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Фељтон
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска


Site Meter

Тоше глумел во филмот „Миротворец“ покрај Никол Кидман и Џорџ Клуни

Првите сцени на холивудскиот хит се снимени во црквата „Св. Димитрија“ во Битола и во нив се појавува Проески

Катерина Шекеровска

Тоше Проески, прерано згаснатата македонска и балканска ѕвезда, во 1997 година, како петнаесетгодишен средношколец од музичкото училиште во Битола, учествувал во снимањето на првите сцени од холивудското филмско остварување „Миротворец“. Проески играл во филмот покрај светските ѕвезди Никол Кидман и Џорџ Клуни, а заедничкото снимање го искористил и лично да се запознае со нив.



- Се сеќавам дека екипата што беше задолжена за снимање на филмот дојде и побара во Средното музичко училиште во кое учеше Тоше, деца кои знаат убаво да пеат, а патем и убаво изгледаат, ни раскажа Славен Ристовски, зет на Тоше Проески и човек кој лично присуствувал на реализацијата на неговиот ангажман во филмскиот хит. „Во училиштето, се разбира, прв го препорачаа Тоше. Уште во првиот момент кога го видоа луѓето од филмската екипа, веднаш им се допадна“.

Првите сцени на „Миротворец“ во кој учествува Тоше се снимени во црквата „Свети Димитрија“ во Битола. Локацијата не е случајно избрана- храмот кој е подигнат во 1830 год. изобилува со прекрасен ентериер, украсен со полиелеи (црковни ламби), резбан епископски стол и иконостас во резба. Градена е во форма на трикорабна базилика со галерии на кат над јужниот и северниот кораб, а капелите имаат изглед на пресечена пирамида.

Искуството да се учествува во еден холивудски проект, а патем да ја запознае и својата омилена актерка, Никол Кидман, за Тоше било незаборавно искуство. Тој, според зборовите на Ристески, бил воодушевен од средбата со познатите актери.

- За жал, во тоа време, пред 11 години немаше многу камери, фотоапарати, па не успеавме да направиме заедничка фотографија на Тоше, Никол и Џорџ. Се сеќавам дека седевме во хотелот „Епинал“ во центарот на Битола, а покрај Тоше на масата беа и двајца- тројца негови другари од средното училиште. Во моментот кога дојдоа Никол и Џорџ, Тоше само извика „Иииии...“. Тоа беше неговата прва реакција кога ги здогледа двете ѕвезди и за првпат се запозна со нив. Беше многу задоволен, му се направи ќефот, му се оствари еден сон, да ја запознае омилената актерка“, вели Ристески.

- Ја запознав Никол Кидман за време на снимањето на филмот „Миротворец“, каде што се појавувам на самиот почеток на филмот кога пеам во црква. Нашата средба и запознавање беа кратки, тогаш имав 15 години, изјави Тоше во едно од своите постари интервјуа.

Желбата на Тоше за глумење не е случајна, особено ако се има предвид дека неговиот дедо, по кого и е крстен, (н.з. татко на таткото на Тоше, Никола), Тодор Проески долги години бил актер во крушевскиот театар. Оттаму воопшто и не е чудно што Тоше со задоволство го прифати и предизвикот да заигра во една од епизодите на популарната хрватска сапуница „Забранета љубов“, за која ја испеа и насловната нумера „Срце није камен“. Во серијата Тоше ја имаше улогата на 25-годишниот студент Бошко Цутиќ, кој живее на сметка на своите родители, а треба да ја заведе келнерката Ива, која ја игра Марија Кобиќ.

- Глумата ме привлекува и одлично се вклопив во целата екипа на „Забранета љубов“, но моја прва љубов е музиката со која интензивно се занимавам. Сепак, којзнае, можеби еден ден сериозно ќе го прифатам актерскиот повик“, своевремено изјави Тоше.

Со оглед на интересирањето што владее за прикажување на сцените во „Забранета љубов“ во кои глуми Тоше, се обидовме да стапиме во контакт со продуцентите на популарната сапуница, „Fremantle“ продукција од Загреб. Оттаму, преку претставникот за односи со јавноста, Андреја Штурлиќ, не' информираа дека засега немаат конкретно решение околу тоа дали и кога ќе се прикажуваат сцените во кои глуми Тоше.

Инаку, покрај филмот „Миротворец“ и серијата „Забранета љубов“, во однос на актерските ангажмани на Тоше, пред неколку години беше најавено и снимање на филмот „Ловец на души“ за чија насловна улога се планираше Жан Клод ван Дам и во кој Тоше беше предвидено да има мала улога, но и да отпее дел од музичките теми. Филмот требаше да се работи според сценарио на Оливер Ромевски, а во режија на Денис Сатин од Германија. За жал, и овој проект остана нереализиран.


#
Статијата е прочитана 7682 пати.

Испрати коментар

Од: twins
Датум: 01.02.2008 00:13:00
eeeeeeeeee,koliko je planova imao
Од: ana struga
Датум: 01.02.2008 00:23:06
lele bre zlaten nas TOSKA za se go biduvase.Prv pat slusam deka TOSE glumel vo mirotvorec e bas ce go najdam filmot za da si go vidam naseto ANGELCE.TE SAKAM SONCE NAJMILO.
Од: lola
Датум: 01.02.2008 07:19:35
se najdobro za Tose nasiot angel, ama ne vi se cini deka Slaven premnogu se reklamira na smetka na Tose.Mi se cini deka pretera ovie denovi a najmnogu vo Red Karpet na HRTV.Nevkusno od negova strana .Malku poveke pocit od negova strana za Tose kako sto pravat drugite od semejstvoto.
Од: марко
Датум: 01.02.2008 08:04:32
Браво за авторот на текстот што се сетил на овој момент од животот на Тоше! Досега никому не му текна! Каде се другите новинари да пишуваат вакви работи за нашиот Ангел, а не да се занимаваат со препукувања на релација Будимир - Благица?!
Од: EDELVAJS
Датум: 01.02.2008 08:41:07
Aman be luge, jas ne znam sto treba da se napravi za na vas da vi se pogodi.Od edna strana site sakame da slusame za nasiot angel, a od druga strana odma stigaat kritiki na adresa na lugeto koi ce iznesat nekakva informacija za negoviot zivot.Za kakva reklama zboruvas Lola, nevkusen ti e komentarot i da ne bidam preterano gruba, nedolicen.Apel do site onie koi zboruvaat za zivotot na Tose, koi go poznavale i mu bile bliski, nemojte komentarite od ovoj tip da vi sozdadat otpor kon iznesuvanje na vazni momenti od negoviot zivot koi cenite deka treba da i bidat prezentirani na javnosta.Tose bese i zasekogas ce ostane nas vonseriski talent, najsvetla zvezda, licnost za site vreminja za koja treba da se zboruva i pisuva zosto ima sto da se kaze.
Од: Даниела
Датум: 01.02.2008 08:51:49
Секоја информација поврзана за ликот на Тоше е добредојдена зошто цела Македонија тагува по него! Затоа коментарите дека некој се здобива со незаслужена слава на сметка на Тоше се без основа! Сакаме да го гледаме Тоше по весниците и да читаме за него, зошто за жал покрај неговата музика, само тоа ни остана од него!
Од: mgdencele
Датум: 01.02.2008 08:57:18
a taman mislev deka kje pomine den bez nekoja banalnost za Tose. ajde, isfrustrirani devojki, kade se vasite ocajni poraki: tose te sakam, mi nedostigas???cekam so netrpenie na rezultatite od vasiot cuden mentalitet
Од: bily
Датум: 01.02.2008 09:18:12
TOSENCE segogas ke te nosime vo nasite srcaaa....ANGELCE NASEEE
Од: kkkkk
Датум: 01.02.2008 09:47:38
Do Lola: Site sakaat da gi slusnat ubavite raboti Za Tose. Nemoj taka da zboris deka zetmu se reklamira. Toj go saka mnogu. Tose e legenda a za legendite se zboruva mnogu. Toj gi kazuva ubavite raboti sto saka i treba da gi slusne narodot.
Од: jorgo
Датум: 01.02.2008 09:55:07
Talent...duri sega razbrav deka vo filmot ucestvuval i Tose! Bravo za novinarot za ovaa informacija..do sega ja nemav procitano nikade!
Од: Marija, Skopje
Датум: 01.02.2008 10:58:53
Sekoja informacija za Tose za mene e interesna i sakam da citam se sto se pisuva za nego.Deteto imase golem potencijal.Golema tragedija i nepravda sto zagina vo cutot na mladosta.
Од: makedonsko devojce
Датум: 01.02.2008 11:34:26
Draga Lola, Sramno e sega sto i G-dinot Slaven pocnavte da go napagate??Pa interesot za kutar Tose vo javnosta e tolky golem sto i clenovite na semejstvoto neminovno poleka poleka ke pocnat iznesuvaat fakti vo vrska so negoviot zivot,bidejki podobro e od niv da proizleguvaat odkolku od sekakvi rekla -kazala ,nagaganja i trac izvori. A sigurna sum deka se sto izjavuva negoviot zet e so prethodna soglasnost od potesnoto semejstvo (pa i toj e najtesno semejstvo!!) A dolupotpisaniot MGDENCELE neka se srami so vakvi komentari za frustrirani devojki, zasto bolkata po Tose e UNIVERZALNA, SEOPFATNA, pa ima megu nas sto komentirame i familijarni, i devojki, i mazi, i penzioneri, i stranci,i sekakvi, a ako nekoj e ljubomoren na mrtov covek,na nebesna zvezda, na legenda, togas e toj samiot naj isfrustriran i bolen mu treba pomos!
Од: . . .
Датум: 01.02.2008 12:27:56
Mnogu mi e zal!Sekogas koga citam za ova prekrasno covece si placam!!
Од: Acko
Датум: 01.02.2008 12:47:37
Mnogu interesna informacija. Samo, steta sto taka ispadna so Tose. Deckoto imase vonseriski potencijal i sigurno kje napravese svetska kariera. Steta... Navistina golema steta i zalost....
Од: Nikola
Датум: 01.02.2008 13:53:59
ok. rizikuvam verbalna vojna so site vas zasto mislam deka e nevozmozno nesto da kazete za tose bez da se upotrebat zborovite "angel, srce, zlato, talent, pavaroti, itn..." se e ok. super dete bese. ama ve molam ova nisto ne pokazuva deka bil super...so nego bese HOR od deca od srednoto muzicko uciliste vo bitola...tose uste bese samo dete kojsto mozebi samo negovite uciteli go znaeja deka ima dobar glas...ako go znaete srednoto muzicko vo bitola mora da znaete kolku e malo i kolku malce deca se na peenje tamu. filmot snimil dve sceni vo crkvata. za edna minuta im treba detski hor vo crkvata. tose e samo edno od decata. zasto ova mora da de naduva kako da e kojznae sto? i bas sum 100% siguren deka ne se zapoznal tuku gi videl duri snimaat samo...super sme site za prikazni od makedonija. gi prezgolemuvame najmalite detali. ako nekoj prdne za dva dena prikaznata e deka imalo zemjotres...ne mrzam nisto samo navistina e smesno kolku prosto ama bas se ce napravime da e tolku posebno. ima mn
Од: nash
Датум: 01.02.2008 14:09:09
nekako ne vrati vo stvarnosta deka zivotot e mnogu skap i neprocenliv,sakan nash pocivaj vo mir i pej im na angelite
Од: ass.unit manager
Датум: 01.02.2008 15:05:29
abe koj lazhe vo tekstov ne znam...dali zet mu na toshe dali novinarot shto pishuval...jas ucestvuvav vo snimanjeto...na toshe ne se sekjavam, eden od mnogute statisti, ama sigurno znam deka nikol kidman voopshto ne dojde vo makedonija zatoa shto nemashe sceni za snimanje
Од: Kosta K.
Датум: 01.02.2008 15:27:58
Slucajno toa vreme rabotev vo kazinoto Epinal i ne se sekavam deka vo Bitola dosle Dzordz Kluni i Nikol Kidman. Mislam deka ne bea nitu vo Ohrid bidejki del od filmot se snimase i vo blizina na Debar. Ve molam pisuvajte so respekt za Tose. Ne preteruvajte.
Од: Стефан Свети Николе
Датум: 01.02.2008 16:03:31
Па со е толку чудно ја ке бидам поголема актерска ѕвезда и од двајцата заедно
Од: Itar Pejo
Датум: 01.02.2008 16:09:07
Kidman bila vo Bitola ? Ne sum znael. Kakva vest e ovaa: Tose se zapoznal so nea. On li edinstveniot makedonec bil sto se zapoznal so nea? Prati li ona telegrama na socuvstvo? Mozda ne i kazuvaat za da ne padne vo depresja?
Од: TALE
Датум: 01.02.2008 16:15:55
Vi blagodaram sto pisuvate za nasiot angel za nasiot Tose
Од: jas
Датум: 01.02.2008 17:00:58
Demek, pred 11 godini nemase dovolno kameri i foto aparati... Ja zloupotrebuvate zelbata na lugeto da citaat za Tose i si gi uvelicuvate nestata...Ne e prv pat novinarite da prodavaat rog za sveka...Filmot koga se snima, normalno e da ima statisti i toa sto bese Tose bea i drugi gragjani od Bitola,,,Ajde, terajte...
Од: DANIJELA BL.
Датум: 01.02.2008 17:38:16
imam taj flm ali nikada nisam uočila tošu. a čula sam da se i on pojavljuje u filmu. baš mi je drago ... TOŠE, VOLIM TE MNOGO!!!
Од: EMILIJA
Датум: 01.02.2008 20:23:19
Samo barame da slusneme ili procitame nesto novo za Tose. Samo novinarite da ne go zloupotrebuvaat toa.Ovaa statija e sto pati podobra od onie so negovite devojki.Go vidov Slaven vo Krusevo i mislam deka i toj zali za Tose. Tose, sonce moe te sakam!
Од: kumanovki
Датум: 01.02.2008 20:33:33
Tose , Tose nemame zborovi kolku te sakame, i kolku ni nzci tvojat amuzika, sekogas placeme koga ke slusame tvoi pesni, srceto ni place kako da sme izgubile draga licnost sto sme ja poznavale 100 godini, a nikogas vo zivotot te nemame ni sretnato. Kako ti uspea. Koja e formulata sto ja primeni site da te sakaat i pocituvaat.

Најди! во Утрински
Насловна
УЈП ќе му го проверува имотот на гувернерот Гошев
Гаврилов_ И порано добивав закани, ќе живеам како и досега
Зденко
Печатено издание
Лековите за февруари ќе доцнат најмалку една недела
Еленовски на тенка жица
Коалицијата за Европа ја почна работата
Лекарите куртулија
Да изградиме цркви и џамии на сите плоштади
Владината Комисија се обидува да ја одблокира истрагата за хеликоптерот
Ти реков ми рече... и некои други работи
Пушачите со текст и слика ќе се одвраќаат од цигари
Колективен срам за јавниот сектор
Коштуница ќе го решава дуелот меѓу Тадиќ и Николиќ
Реклама за вести
Арачиново станува еднонационално
Земјите од регионот го амортизираат ценовниот удар
Брисел ќе ја оценува Македонија по НАТО
Verbatim