Број 2600  петок, 01 февруари 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Фељтон
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска


Site Meter

5 прашања 5 одговори

Брисел ќе ја оценува Македонија по НАТО

Лидерот на ЛДП, Јован Манасиевски, вели дека за Брисел е важно дали прогресот е НАТО-мотивиран или е ЕУ-мотивиран

Оливера Војновска

Господине Манасиевски, минатата недела бевте во Брисел. Која беше целта на Вашата посета?

Посетата е во рамките на еден интензивен процес на лобирање во клучните европски институции, што Либерално-демократската партија го планира оваа година. ЛДП е дел од Европската партија на либерали и демократи, која е исклучително влијателна и моќна структура, и сакаме да ги искористиме предностите на таа мрежа за промовирање на државните интереси на Македонија. Еврокомесарот Оли Рен како либерал е член на таа партија и не само тој, туку од 27 комесари во Европската комисија дури десетмина се членови на Европската партија на либерали и демократи. Во Брисел имавме средби со комесарот Рен и со неговите клучни соработници за македонското досие. Најмногу разговаравме за критериумите, кои на Македонија официјално ќе и' бидат презентирани при посетата на Рен во почетокот на март. Тие критериуми, всушност, не се нови. Туку содржината е извлечена од клучните препораки што беа дел од ноемврискиот пакет документи на Европската комисија.

Според Вас, каква е атмосферата во Брисел во однос на Македонија?

Во Европската комисија се нотира напредокот што е направен, но тој се' уште се смета за лесно кршлив. За луѓето во ЕК клучно е прашањето на одржливоста на овие резултати. За нив е многу важно дали овој прогрес е исклучиво НАТО-мотивиран или е ЕУ-мотивиран. Затоа ќе биде многу битно однесувањето на Македонија по самитот на НАТО, дали тој позитивен тренд ќе продолжи или ќе застане тука. Би било многу лошо ако по добивањето покана за НАТО, се сврти старата страница. Тогаш, повторно сериозно би ги разочарале нашите европски пријатели.

За нас многу битна работа е тоа што во сите критериуми клучниот збор е имплементација, воопшто нема нови легислативни обврски. Реално, нема работа за парламентот, односно задачи за носење нови закони или измени на постојните. Оттаму, целиот товар во наредните месеци е на Владата. Таа треба да покаже посветеност и ефикасност. Притоа, многу значаен е јунскиот совет на ЕУ, кога завршува словенечкото претседателство.

Има ли во Македонија клима и чувство за да се одработи задачата како што треба?

Мора да има. Слично како и луѓето во Европската комисија, и јас се надевам дека овој прогрес не е тактички маневар, туку реална промена на политиката на Владата. Таа мора да направи конкретен план за реализација на овие критериуми и да се обиде најголем дел од тој план да реализира до јунскиот самит.

Опозицијата не е исклучена од процесите во државата. Имаше ли во Брисел некаква препорака за неа?

Критериумите што ги презентираше Рен, нивната содржина јасно укажува на исклучива одговорност на Владата, затоа што се работи за имплементација. Посебни обврски и апели до опозицијата немаше. Би го почувствувал тоа, бидејки ние како партиски колеги разговаравме отворено за проблемите. Европската комисија во изминатата една и пол година на некој начин повеќе пати беше изманипулирана во однос на решавањето на проблемите и преземањето конкретни мерки. Затоа, иако се нотира прогресот, сепак, постои воздржаност дали ќе биде одржлив. Во Брисел се' уште има извесна недоверба спрема посветеноста на Владата.

Во годината што е клучна за земјата омилена тема се предвремени избори. Како гледаат евродипломатите на ова прашање?

Комесарот Рен има една принципиелна позиција, во рамките на надлежностите на Европската комисија не зазема официјален став околу ова прашање. Но, сосема е јасно и за домашните и за надворешните набљудувачи дека какви било избори целосно би го свртиле фокусот од реализацијата на клучни критериуми на ЕУ. Така што не треба да се биде посебно аналитичен за да се разбере тоа.


#
Статијата е прочитана 1413 пати.

Испрати коментар

Од: Kosta
Датум: 01.02.2008 00:29:57
mnogu zborel, malku kazal
Од: manipulant
Датум: 01.02.2008 06:42:27
Kolku li ja isklevetil makedonija. neka ni e nazdravje
Од: FAZLI LUIK
Датум: 01.02.2008 08:37:43
Daj bozhe dane primat vo NATO,no po se izgleda Evropa si igra edna igra , a kutrata Makedonija ko decava se lazhi i si ceka,dajte vladava neka zastane i neka rece dosta do ovde e IGRATA.
Од: RIM
Датум: 01.02.2008 09:11:23
Г-дине Манасиевски,да ли го прашавте г-динот О.Рен кои се критериумите за Србија?Каде е сега Младиќ?Да ли некој го поставува прашањето на Радовиќ? А за предвремени избори зборува само вашиот уплав!Инаку ако Владата е толку лоша секоја опозиција прави се’ за предвремени избори!Само во Македонија има чуда од типот опозицијата да е против предвремени избори!
Од: Jon
Датум: 01.02.2008 09:19:57
Ne mora toj da kleveti. Evropa e prisutna vo Makedonija. Ima koj da i kazhe kakvi gluposti ni se sluchuvaat ovde doma, ne mora da gi slusha takvite vesti so zadocnuvanje koga negoj od opozicijata kje pojde tamu. Slushnavte kako reagiraa na lagite na Stavrevski koga sakashe da skrie za pregovorite okolu zakonot za energetika. Lugje osvestete se! Evropa znae shto se sluchuva vo Makedonija pred nie da doznaeme.
Од: Od Aleksandar
Датум: 01.02.2008 09:37:30
Liberalnata demokratija se poveke ja ima vo svetot,i brojot na liberal demokratite rasne od den na den,govorime za svetot,no otkako dojdovte vie na celo na LDP za zal vo Makedonija LDemokratite se sorta pred istrebuvanje,znaejki go ovoj fakt sekoj normalen politicar bi si dal ostavka.Prodolzete so unistuvanjeto na LD-idei i filozovii i ke ve molam,se sto imate da kazete vo javnosta zborete vo imeto na vasite 5-clena sto vi se vo celata partija,a ne vo imeto na tie koi sto vistinski se borat za LD-Agenda.Sovet-ostavete ja partijata na tie koi sto znaea da ja vodat.Da zivee Liberalnata Demokratija
Од: Moskva
Датум: 01.02.2008 11:49:02
Dali Vam Gospodo, vo Makedonija Vi treba gas i nafta?Dokolku e taka togas daj oladete malku so taa EU.Duru otkako ke Ve primat togas ke Vi stane pojasno i pohitno da pocnete so pobaruvanje na ovie energetski resursi.Nema nikakva vrska na teorijata za EU i ekonomskite potrebi.Spored toa :mozete da prodolzete so EU 'filozofijata' no ostanete vo realnosta:bez nafta i gas EU Vi e nepotrebna.Dali sum jasen?
Од: nikola
Датум: 01.02.2008 12:52:30
ne ubija poslednite 17 godini vakvite rasipani intelektualci so svoite kvazi prefineti i intelektualni razmisluvanja. neretko intelektualnosta se granici so debilnosta ako stanuva zbor za lugje koi se steknuvale so obrazovanije pod pritisoci i plakjanja od roditelite. tocno e- kaj se videlo vo svetot moi dragi gragjani opozicija da e protiv predvremeni izbori???? samo nasava opozicija profitira od kleveti i sozdavanje precki na nasiot evropski pat. tepackata vo parlamentot ne bese nisto drufo tuku samo edna dobro osmislena glupost i precka na nasava zemja. taa ista opozicija ni odzede fabriki, pari za patista koi nikogas ne gi izgradi kako kambodza e nasata drzava. nemame aerodromi ni ubavi avtobuski. nemame trotoari ni nikakvi soobrakjajni i informiracki znaci i tabli.do sega nemasi nikakvi inicijativi za sportski,kulturni ili kakvi i da bile sali od javen karakter. zarem tie lugje seuste imaat pravo. tie koi go odzedoa mlekoto na ovaa sega izrasnataa generacija mladi sili. tie koi
Од: Petar, Germanija
Датум: 01.02.2008 13:30:24
Koe NATO be...neli Rupel izjavi samo IMETO e ORECKA! pa sto sega , imeto dago dademe!? za edno POSTRANA ORGANIZACIJA, i toa bas sega koga Kosovo ke proglasi nezavisnost ! usteli keni perat Mozoci nasiva taka narecena Vlada pa nee Makedonskiot Narod tolku prost danemoze dva i dva da izracuna!pogotovo sega stose slucuva so Srbija! Baba laze trap nelaze!!!
Од: sanja todorova
Датум: 01.02.2008 13:37:26
steta gospodine manasievski sto ke bidete grobar na liberalnata demokratija vo makedonija zalosno edna partija kako ldp koja e predvesnik na pluralizmot da ugine a so takov lider i rakovodstvo toa za zal e neminovno
Од: marika
Датум: 01.02.2008 14:40:56
EU ceka sto ke napravi Grcija so vetoto i potoa da go kaze istoto na mak kako i Nato resete go sporot so imeto bileteralno t.e. predji brigo moja na drugoga zatoa sto EU i da saka vo toj slucaj nemoze da pomogna Grcija ima pravo na veto.
Од: gazda
Датум: 01.02.2008 14:49:54
Ne mora da ne Primat ni VO nATO ni vo EU,Samo neka gi Skinat Vizite Drugo Nisto ne ni Treba
Од: Viktor
Датум: 01.02.2008 15:03:42
Makedonija ne e isklevetena...makedonija e jasno percipirana bez bilo koj da otide...a ako velite deka nekoj ja kleveti znaci ima zosto..tokmu tuka lezi srzta na problemot,sto ovaa vlada na mala vrata saka da postigne uspeh,sto prakticno e nevozmozno!
Од: ftoni
Датум: 01.02.2008 15:45:25
Ovoj manasievski e toj sto na Kedev koga VMRO bese opozicija kaza: Kedev skini ja maskata. Sto mislese so toa samo toj znae. Sega ko bajagi se zainteresirani da ne odnesat vo Evropa, malku mi cudno kako odednas komunjarite stanaa demokrati. Cudata se ostvarlivi samo vo Balkan.
Од: EMILIJA
Датум: 01.02.2008 20:12:46
ZA zal demokratijata vo LDP e nepoznanica.Posebno intelektualcite vo ovaa partija se na kolena. Se vazat samo rodninsko-krevetskite vrski. Na primer vo Stip site sto go podrzaa Janakievski se etiketiran a,Manasievski seto toa go aminuva.Kakov "demokrat"!

Најди! во Утрински
Насловна
УЈП ќе му го проверува имотот на гувернерот Гошев
Гаврилов_ И порано добивав закани, ќе живеам како и досега
Зденко
Печатено издание
Лековите за февруари ќе доцнат најмалку една недела
Еленовски на тенка жица
Тоше глумел во филмот „Миротворец“ покрај Никол Кидман и Џорџ Клуни
Коалицијата за Европа ја почна работата
Лекарите куртулија
Да изградиме цркви и џамии на сите плоштади
Владината Комисија се обидува да ја одблокира истрагата за хеликоптерот
Ти реков ми рече... и некои други работи
Пушачите со текст и слика ќе се одвраќаат од цигари
Колективен срам за јавниот сектор
Коштуница ќе го решава дуелот меѓу Тадиќ и Николиќ
Реклама за вести
Арачиново станува еднонационално
Земјите од регионот го амортизираат ценовниот удар
Verbatim