Број 2600  петок, 01 февруари 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Фељтон
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска


Site Meter

Коалицијата за Европа ја почна работата

Позитивна атмосфера во Националниот совет за евроинтеграции

Тамара Грнчароска

Добивање датум за преговори и започнување на преговорите за олеснување на визниот режим се двете клучни цели за 2008 година на Националниот совет за европска интеграција на Македонија, кој беше конституиран вчера на првата своја седница, на која беше усвоен планот за работата за оваа година.

Советот во кој членуваат претставници од сите политички партии од Собранието, владини претставници, претставници на Кабинетот на претседателот на земјата и на премиерот, потоа од Стопанската комора, МАНУ, Здружението на новинарите, Синдикатот, верските заедници, од невладиниот сектор, како своја основна задача на постоење е да дава совети, насоки и предлози за работењето на државните институции за полесно и побрзо евроинтегрирање на нашата земја во ЕУ. Тој ќе ги следи приоритетите за членство на земјава во Унијата и нивното исполнување од институциите на државата.

За идното дејствување на Советот, претседателката на Националниот совет, Радмила Шекеринска од СДСМ, вчера по конституирањето, изјави дека „еден од предлозите што ги прифати Советот е да ја тргнеме маглата од тоа што се обврски на Собранието. Предлог на Националниот совет е за овие закони да имаме посебна процедура, посебна седница на која ќе се разгледуваат законите“.

Сите членови на Советот на вчерашната конститутивна седница искажаа позитивен став за неговото постоење. Консензусот како начин на одлучување во работењето на Советот беше поздравен како момент во кој Македонија ја покажува својата политичка зрелост и разграничување на државните пред партиските интереси. Шекеринска го нарече конституирањето на Советот „формирање коалиција за Европа“. „Првата седница на Националниот совет за европски интеграции покажа дека во Македонија сите сме ја научиле лекцијата и дека знаеме низ консензус да понудиме вистински решенија. Приоритетите на Националниот совет ни се веќе напишани“, изјави Шекеринска.

Позитивната енергија на конститутивната седница беше малку засенета од одбивањето на барањето на дел од членовите на Советот кои не се пратеници и тие да имаат право на глас. Тоа беше одбиено, меѓу другото, и со образложението дека пратениците имаат повисок степен на одговорност поради својот пратенички мандат, но и пред Собранието, чие тело е Советот.

Шекеринска е на став дека „духот на консензус, на желба Македонија да тргне напред, ќе доминира и во следните средби и дека Националниот совет ќе ги надмине слабостите поради кои загубивме веќе две години тапкајќи во место“. „Јас сум оптимист и очекувам дека и другите институции во Македонија ќе го прифатат нашиот апел, дека времето на кавги, на конфронтации, мора да биде зад нас“.


#
Статијата е прочитана 1057 пати.

Испрати коментар

Од: Fala Bogu
Датум: 01.02.2008 01:34:11
Konecno da posaka i vlasta da ucestvuva i poddrzi napisan tekst so prioriteti za napreduvanje kon EU integraciite.Se nadevame deka nema da se otkazat i na nekoja od slednite sednici na ova telo, poradi presmetani partisko-politicki poeni, da napravat povtorna blokada i zastoj.Za inaet na opozicijata,cija pretsedatelka e na celo na ovoj sovet,neka ne se obiduvaat pak da upropastat se.Dokazaniot kvalitet na Sekerinska i uspesnosta vo prethodnoto vodenje na Sektorot za evrointegracii i odgovoreniot Prasalnik se garancija za uspeh i na ova telo,a iskrenata poddrska od ostanatite e samo sansa plus za uspeh.Prodolzete taka i so srekja i Vam i nam,ako finisirate uspesno za ostvaruvanje na celta.
Од: Epten razocaran...
Датум: 01.02.2008 06:13:30
Konecno edna svetla tocka vo moreto crnila. Mozebi Konevska ke nauci kako da se raboti za evrointegracija. Pod rakovodstvo na Sekerinska, nazirame svetlo vo tunelot vo koj zapadna sektorot pod rakovodstvo na doticnata, samobendisana, neodgovorna i arogantna Konevska-Trajkovska. Pred vratite na Evropa ne dovede Sekerinska so makotrpna rabota, kako nejzina taka i na timot okolu nea sto segasnava bezmilosno go rasturi. No imalo gospod, pa mozebi nesto ke se napravi, ako ne proraboti inaetot i zavidlivosta.
Од: London 1
Датум: 01.02.2008 06:45:08
Ako de ajde neka vi dadat visi, i sto posle ?sto ke pravite so tie visi,kaj ke odite?Neli site treba da investiraat doma?Vie samo ke se setate do stranstvo i pak nazad, doma.Stranstvoto da ne e med i mleko, taka li vi se cini.Dali znaete oti golem del od tie sto odat vo stranstvo se ucat na stranskite rasipniski metodi.Poarno skromni ama dostoinsveni-neli e taka.Ako te biva doma ke te bide i tamu.Vo stranstvo nikoj ne dava bonboni bezpari-neli e taka?
Од: Stole
Датум: 01.02.2008 09:02:41
A koj se clenovivo Sovetot? dali moze Utrinski da ne informira?
Од: vasja
Датум: 01.02.2008 09:19:52
Super e ako ima idilicna atmosvera na sostanocite na komisijata za Evrointegracija.Megutoa da ne izleze :Mnogu babici , dete kilavo.
Од: Македонец БТ
Датум: 01.02.2008 09:22:04
Рада е 100пати поспремна и повеке ги знае работите од таа Коневска.
Од: Jon
Датум: 01.02.2008 09:54:33
Konechno site zastanaa zad opshtiot interes na gragjanite. A za London 1"zoshto bile vizite"? Choveku, zoshto mislish se prijavuvaat za bugarsko drzhavjanstvo? Vo ochaj i nemozhnost da izlezesh od ovoj kafez mladite posegnuvaat i po toj chin samo da otidat nadvor vo potraga po srekja, uspeh? Vilite i vlezot vo Evropa znachi MOBILNOST za mladite da uchat, da istrazhuvaat, da shetaat i pak doma da se vratat. Tugjinata e teshka, toa site go znaat. Zatoa drzhavata e taa koja treba da se pogrizhi da bide poinaku. Ova e dobar chekor. Samo napred!!!
Од: :)
Датум: 01.02.2008 10:46:36
i sega Rada, ke ve odnese site vo Evropa :))))
Од: vasko
Датум: 01.02.2008 11:20:43
Konecno, vistinski covek na vistinskoto mesto
Од: Acko
Датум: 01.02.2008 12:54:13
Ajde londoncani i drugi koi ne znaat kolku se 2 i 2 neka si traat. Drugite napred. Vizite, momce londoncance, se najmalku za setanje. Znaes li kolku lugje leb jadat od patuvanjeto vo stranstvo? Vizite, odnosno nivnoto ukinuvanje ,kako sto nekoi vekje se obidea da te prosvetat se za delovnite lugje, za vozacite, za izvoznicite, za istrazuvacite, za studentite, a najmnogu da se zacuva nacionalniot identitet posle silnoto "odlevanje" na Makedonci kon "bolgarskata strana". Kapito?
Од: [email protected]
Датум: 01.02.2008 13:24:24
Jas nemozam da zamislam deka ke gi povlekat vizite za Makedoncite zosto Makedonija ima vnatresni problemi. A mnogu zelba mie da povlecat vizite i da bide polesno za Makedoncite Koj znae nesto poveke za vizite ve molam neka pisuva zosto mnogu me interesira sto ke stane so Makedonija
Од: sveto,zap ev
Датум: 01.02.2008 14:46:04
Dzabe seto toa Grcija ima pravo na veto,samo soveti i sednici za dnevnici nisto drugo politicarite toa dobro go znaat samo koristat prilika nekoja para da zemat povece,vo ustavot na EU stoi sekoja zemja ima pravo na veto,sto drugo da se ocekuva od grcija?ako mak vleze vo Eu egejcite avtomatski treba da dobijat malcinski prava sto bi odelo vo unistuvanje na grcija.
Од: Zivko svedska
Датум: 01.02.2008 16:42:17
sekerinska e najpametniot politicar na Makedonija samo napred Sekerinska
Од: Marija
Датум: 01.02.2008 20:18:21
Se prassuvam samo edno, po ccitanjeto na celiot posleden izvesstaj na EU-Komisijata za MKD i statijata gore: dali samo zakonite se problem, ili i nivnoto sproveduvanje? Nassata drzzavna administracija ne pomina sjajno vo Izvesstajot, i ne znam dali "sedenki" i "soveti" toa kje go ispravat

Најди! во Утрински
Насловна
УЈП ќе му го проверува имотот на гувернерот Гошев
Гаврилов_ И порано добивав закани, ќе живеам како и досега
Зденко
Печатено издание
Лековите за февруари ќе доцнат најмалку една недела
Еленовски на тенка жица
Тоше глумел во филмот „Миротворец“ покрај Никол Кидман и Џорџ Клуни
Лекарите куртулија
Да изградиме цркви и џамии на сите плоштади
Владината Комисија се обидува да ја одблокира истрагата за хеликоптерот
Ти реков ми рече... и некои други работи
Пушачите со текст и слика ќе се одвраќаат од цигари
Колективен срам за јавниот сектор
Коштуница ќе го решава дуелот меѓу Тадиќ и Николиќ
Реклама за вести
Арачиново станува еднонационално
Земјите од регионот го амортизираат ценовниот удар
Брисел ќе ја оценува Македонија по НАТО
Verbatim