Број 2600  петок, 01 февруари 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Фељтон
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска


Site Meter

Гаврилов: И порано добивав закани, ќе живеам како и досега

Обидот да ми се одземе животот нема да ме премисли работите во радиодифузијата да се истуркаат до крај

Иван Бојаџиски

Штип – „Не сакам да ја спречувам истрагата во пронаоѓање на лицата кои ме нападнаа и брутално ме претепаа, ниту да шпекулирам околу нарачателот на мојата физичка ликвидација и мотивите за тоа. Знам дека, работејќи на законите, со цел да се стави ред во радиодифузијата, добивав закани од разни страни. Полицијата во која имам целосна доверба веќе е известена за тоа. Бруталниот обид да ми се одземе животот нема да ме премисли од намерата работите во овој сектор да се истуркаат докрај“.

Вака вчера на прес-конференција зборуваше сопственикот на Канал 77 Горан Гаврилов. Ова беше негово прво појавување во јавноста, по саботниот полноќен обид за негова физичка ликвидација кога две маскирани лица го нападнаа, пукаа со пиштол, но не го погодија, а со две метални прачки му нанесоа тешки телесни повреди по главата, рацете и нозете. Тој вели дека ќе продолжи да живее како и досега, без посебни мерки на обезбедување за себе, најблиските и за имотот.

Според Гаврилов, работата на кабелските оператори, состојбата со авторските права, нелојалната конкуренција во радиодифузијата и обидите сето тоа да се стави во законска рамка биле главните мотиви одредени структури да се закануваат на целата екипа која работела на оваа материја. Тој призна дека најмногу закани биле упатувани на негова адреса, бидејќи, како што рече „тој бил генераторот кој можел да им направи голема штета во нивните незаконски бизниси“.

Сопственикот на Канал 77 се потсети и на ноќта пред нападот на насилниците. „Со сопругата Емилија бевме во кафуле за да ја одбележиме 16-годишнината од бракот. Малку по полноќ се вративме дома. Како и секогаш Емилија замина во куќата, а јас останав да ја заклучам колата, а потоа и железната врата од дворот. Само што влегов во дворот, во сендвич ме ставија две маскирани лица, со среден раст. Беа во црни униформи, со бели амблеми на ракавите и со маскирни црни капи со елипсовидни отвори, само кај очите. Едното лице со штипски дијалект ми нареди да легнам, инаку ќе ме убие. Јас не го послушав и побегнав зад автомобилот. Но, тие ме стигнаа и со прачки почнаа да удираат по мене. Во еден миг едниот од маскираните го впери пиштолот и кон мене испука еден куршум. Ни самиот не знам како останав жив, но во тој миг видов дека маскираниот го држеше пиштолот во левата рака, а со десната замавнуваше со прачката. Викнав за помош дури кога целиот облеан во крв од тепањето по главата, колената, рацете и нозете паднав долу. Напаѓачите не бегаа, туку заминуваа забрзан чекор. Од дома излегоа сопругата и татко ми, ме качија во автомобилот и ме однесоа во болница“.

„Сегашнава состојба во дифузијата и во електронските комуникации е како пред десет години. Тогаш немавме закани, бидејќи немаше закон кој ја регулира оваа материја и сите бевме во иста позиција на пазарот. Денес има закон, ама оние што работат незаконски се во подобра позиција, а тие би сакале таквата состојба да не се менува. За шеснаесет години Македонија не воспостави правила во радиодифузната индустрија“, вели Гаврилов.

#
Статијата е прочитана 1341 пати.

Испрати коментар

Од: novinar
Датум: 01.02.2008 00:44:17
Nasilnici i kriminalci od ovoj vid treba bezmilosno da bidat goneti i osudeni. No bi napomenal i nesto drugo. Mnogu luge vo Makedonija se zalagaat da se vovede zakon i red vo mnogu oblasti pa nikoj ne e tepan ili da mu se zakanuvaat. Cudno e sto ovoj covek poradi toa sto sakal zakonski da raboti nekoj tolku dolgo da mu se zakanuva pa uste i onaka krvnicki da bide pretepan. Vo sekoj slucaj policijata treba da gi uapsi ovie vandali ,a vie novinarite da ne preteruvate premnogu vo lobiranjeto za vasiot "kolega" koj i ne e novinar ,tuku sopstvenik na medium, a vo toa ima razlika.
Од: italia
Датум: 01.02.2008 00:50:38
Alo cajkani kade ste a???
Од: Zoki
Датум: 01.02.2008 06:27:18
e Goranco ne si igraj so robi
Од: Nema Pravda
Датум: 01.02.2008 08:17:02
Treba hitno da se ispita kako Singo go kupi cel Sileks(Sitel, Sileks Banka, Rudnici za kvarc, za mermer...Sileks Hoteli po Ohrid, Kratovo, Stokovni Kuki i mnogu drugi komercijalni objekti, Fabriki za sunger, ulje, patenti, masinski rabotilnici itn.....) So mnogu ucena i kriminal za okolu 2 milioni marki, a samo Sileks banka ja prodade za poveke od 20 milioni evra. Siromastijata vo Kratovo sega napravi vo Kratovo da ima Samo 24 deca vo prvo odelenie...beda i greota... Dimovska toa treba da go ispita a Gruevski da vidi kolku e saat i vo Kratovo
Од: Битола
Датум: 01.02.2008 09:07:13
I ova ke zavrsi kako „Proces“
Од: патриоти
Датум: 01.02.2008 09:20:51
Во секоја смисла го осудувам насилието.Особено спрема лица заради вршење професија (новинари, полицајци, судии...) Но, ве молам-кој утврди дека насилието спрема Гаврилов е заради неговата новинарска дејност???!!! Има ли тоа лице и други својства-должник, бизнисмен, комшија, сопруг, роднина, возач...Откако ке се утврди мотивот за насилието-е тогаш повелете со вакви коментари. Инаку ми личи дека нему се му е дозволено, по сите основи-да се замери со доверители и должници, со роднини и комшии..., а било каква реакција/насилие ке се смета за напад на „слободата на медиумите„ ???!!!
Од: risto
Датум: 01.02.2008 13:35:31
Ove e sepak privaten incident ,a ne napad na novinarstvoto, i mislam deka tolku mnogu publicitet da mu se dava e veke nevkusno. Policijata neka si ja vrsi rabotata a mediumite neka ne go davat narodot so privatnite problemi na Gavrilov. Vo sekoj slucaj nema dokazi deka e ova napad na Makedonskoto novinarstvo, tuku e obicen napad na obicen graganin. Vakvi tepacki ima sekoj den, pa treba li nekoj da pisuva za toa so nedeli?
Од: Gox
Датум: 01.02.2008 17:28:35
A ne e tolku tepan kako sto se pisuva..Vo smrtna opasnost znaci mozokot da ti go izvadat..ovoj gips na prstite na racete..Ako sakale da go skinat ke go cviknele ko macka i nikomu nisto..Sitna boranija e po se izgleda...Koj ke te pomiluva ako treba da te ubie,neli ?

Најди! во Утрински
Насловна
УЈП ќе му го проверува имотот на гувернерот Гошев
Зденко
Печатено издание
Лековите за февруари ќе доцнат најмалку една недела
Еленовски на тенка жица
Тоше глумел во филмот „Миротворец“ покрај Никол Кидман и Џорџ Клуни
Коалицијата за Европа ја почна работата
Лекарите куртулија
Да изградиме цркви и џамии на сите плоштади
Владината Комисија се обидува да ја одблокира истрагата за хеликоптерот
Ти реков ми рече... и некои други работи
Пушачите со текст и слика ќе се одвраќаат од цигари
Колективен срам за јавниот сектор
Коштуница ќе го решава дуелот меѓу Тадиќ и Николиќ
Реклама за вести
Арачиново станува еднонационално
Земјите од регионот го амортизираат ценовниот удар
Брисел ќе ја оценува Македонија по НАТО
Verbatim