Број 2600  петок, 01 февруари 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Фељтон
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска


Site Meter

Мислења

Колективен срам за јавниот сектор

Пецо Груевски

Колективните договори се сериозни акти, а не играчка на неодговорни партнери

Владата, што науми тоа и направи. Најпрво го уништи и онака кревкиот социјален дијалог во државата и не му придава особено значење на трипартизмот, не соработува со синдикатите... Иако од Брисел и' стигаат дискретни пораки, таа многу не се „потресува“ и не ги сфаќа сериозно. Упорна е во своите настојувања да го игнорира секој обид за вистинско социјално партнерство, а посебно се „истакнува“ во игнорирањето на најголемиот синдикат во државата – Сојузот на синдикатите на Македонија. Но, некој ќе рече, не е се' така црно. Деновиве Владата како работодавец на вработените во јавниот сектор потпиша (во нејзино име тоа го направи министерот за труд и социјална политика) Општ колективен договор за јавниот сектор со Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС). Ако Сојузот на синдикатите на Македонија и другите синдикати не го оспореа и не реагираа, прашање е колку јавноста, односно вработените во јавниот сектор ќе знаеја што некој потпишал за нив и во нивно име. Иако се работи за мошне значаен документ со кој се уредуваат и доуредуваат нивните права од работен однос, Владата и КСС се однесуваа како да потпишуваат записник од состанок на куќен совет.

Прво, Владата сама си избра синдикат со кој ќе го потпише договорот. Законот за работни односи е јасен (член 216) и вели дека: „Општиот колективен договор го склучуваат репрезентативното здружение на работодавците и репрезентативниот синдикат за територијата на Република Македонија“, а во случај на спор за репрезентативност на синдикатот, одлучува надлежниот суд. И министерот за труд и социјална политика и КСС, како првачиња, со напамет научена лекција, без факти и докази, повторуваат една иста реченица дека „КСС доставила податоци и ја докажала репрезентативноста, а ССМ не го направил тоа “. За наивните ова може да биде одговор. Но, се лажат ако мислат дека сите се наивни и дека јавноста не ги прочита нивните проѕирни лаги.

Второ, Владата бараше начин како КСС да биде репрезентативен и нејзин единствен партнер. Свесна дека немаат 33 отсто членови од вкупно вработените во јавниот сектор, таа размислуваше да го промени дури и законот и да го намали процентот на 10 отсто. Сметајќи дека менувањето на законот ќе оди многу потешко, а и во таа варијанта не ќе може да го избегне ССМ како преговарач, Владата преку министерот за труд и социјала се определи со фалсификат да ја прогласат КСС за репрезентативен синдикат.

Трето, јавниот сектор во Република Македонија има околу 120.000 вработени. Во ССМ има вкупно девет синдикати кои имаат членови од јавниот сектор – управата, правосудството, образованието, здравството, социјалната заштита, полицијата, агенциите, фондовите, јавните претпријатија и др. Во КСС има само два синдиката од јавниот сектор – образование и одбрана. Како е можно тие да претставуваат една третина (дури и под претпоставка сите вработени да се нивни членови) од вработените во јавниот сектор? Одговорот го знае само министерот за труд (послушното учениче) и неговиот налогодавец (безгрешниот професор).

Четврто, ССМ во ниту една варијанта не може да биде заобиколен (со членство од над 68 илјади) и да не биде потписник на Општиот колективен договор за јавниот сектор.

Петто, под претпоставка дека КСС е репрезентативен синдикат, зошто немаше преговори, односно јавност. Зошто ниту една од страните, а посебно КСС не информираше за што преговара, од кои барања нема да отстапи, кои (поголеми) права ќе ги добијат работниците. Од јавност во работата и транспарентност ни трага ни глас. Никој освен нив (Владата и КСС) не дозна за што преговараат, кои права за работниците ги бара КСС, а Владата се спротивставува. Се поставува дури и прашањето дали тие воопшто воделе преговори? Или Владата само им го поттури договорот, а овие пресреќни што се најдоа во нивна прегратка, со задоволство потпишаа.

Шесто, изминатата една и пол година ССМ неколку пати ги доставуваше бараните податоци до Министерството за труд и социјална политика. Одговор не добиваше, а и денес министерот изјавува: „ССМ нема доставено податоци“. За ова ССМ реагираше и до премиерот. До денес и од таму нема одговор.

Заради горе набележаните причини, Општиот колективен договор за јавниот сектор за ССМ и сите други синдикати во Македонија е нелегален акт кој, најверојатно, ќе го оспорат пред суд. Кажано поинаку, со неодамна потпишаниот договор, Владата и КСС само се обврзаа дека ќе се договорат за подобри услови за вработените во јавниот сектор, но не сега, туку во блиска иднина. Нов колективен договор во кој не се постојните права или нема најмалку барем едно поголемо право, не може да биде добар за работниците. Впрочем, договорот што со огромно задоволство го прифати и потпиша КСС му беше понуден на ССМ (од претходната влада), но тој се спротивстави на намерата да се скратуваат и намалуваат некои права кои беа содржани во постојните колективни договори. Ќе спомнеме неколку.

ССМ се залагаше и бараше да се утврдат критериуми за откажување на Договорот за вработување од страна на работодавецот, како и критериуми за прогласување технолошки вишок. Без овие критериуми на работодавецот му се даваат одврзани раце, кога сака и кого сака да отпушта од работа и да прогласува технолошки вишок. Во делот на платите и надоместоците од плата ги нема коефициентите на сложеност на работните места со што се создава можност за нееднакво вреднување на работниците, потоа не е вграден делот од плата за деловна успешност. Додатокот на плата за работа во ден на неделен одмор е намален од 50 на 35 отсто, а не е утврден и надоместот на плата за време на штрајк. Најголемата небулоза е во делот на надоместоците за превоз и исхрана кои дополнително ќе се утврдуваат секоја година со анекс, а е избришан и надоместокот за годишен одмор, како и надоместокот на плата за време на принуден одмор. Ова беа дел од спорните прашања поради кои ССМ не го потпиша предложениот текст на Општиот колективен договор за јавниот сектор со претходната влада. Ова се права кои ССМ со макотрпни преговори успеа да ги избори и да ги потпише во Општиот колективен договор за стопанството. Логично е овие права да ги имаат и работниците во јавниот сектор. Не може да биде оправдување за КСС, како што изјавува нејзиниот лидер, тоа што регресот за годишен одмор во последниве години не се исплаќал и дека превозот и исхраната дел од работниците го добивале согласно со Законот за извршување на буџет, односно во намален износ. ССМ ги утврди овие права за работниците во постојните колективни договори и вработените нив ги остваруваа нормално или по судски пат се' додека политиката не вмеша прсти во правосудството.

Има уште илјада аргументи против потпишаниот Општи колективен договор и тој е колективен срам за јавниот сектор. Колективните договори се акти кои го уредуваат и доуредат работно правниот статус на работниците, а не играчка на неодговорни партнери кои заради зачувување на заедничката љубов, подготвени се да потпишат се', ако тоа им е од заеднички интерес.

(Авторот е професионален синдикалец)


#
Статијата е прочитана 1272 пати.

Испрати коментар

Од: rabotnik
Датум: 01.02.2008 00:39:20
Pa gospodine ako imas tolku clenovi sto se zamaras da pisuvas kolumni, mobiliziraj gi tvoite clenovi i na ulica pred vlada, ili mozebi se grebes za nekoe rabotno mesto na tvoite bliski, po se izgleda ovoa vtoroto ke da e ( sramota )!!!!
Од: Zoran Momirovski
Датум: 01.02.2008 07:05:24
Hrabrite i ;esnite se potpi[uvaat so ime i prezime. Zo[to gospodinov se krie pod psevdonimot rabotnik. O;igledno ne go sfatil filmot osnosno ne go razbral tekstot. A pra[awe e dali e rabotnik ili politikant. Namesto da komentira[ ili polemizira[ so nekoi stavovi,tinapa]a[.Od vakvi, navodni rabotnici dojdovme do ova nivo. Li;no smetam deka Vladata saka da go razbie sindikatot i namerno gi pravi ovie raboti. Zatoa ova [to go pro;itav go prifa'am so doverba i me tera da razmisluvam za se [to ni se slu;uva a nie sedime so skrsteni race ili se odnesuvame kako naviva;i.
Од: pravnik
Датум: 01.02.2008 08:05:50
Ve poddrzuvam vo Vasite nesebicni zalaganja za pravata na sluzbenicite od javniot sektor i gi sledam Vasite aktivnosti g-dine Gruevski. Preku Vas, vrabotenite od javnata i sudska sluzba e obedineta oti i nema druga forma na organiziranje kako bi nastapila pred vlasta vo ostvaruvanjeto na pravata od raboten odnos. Vrabotenite javni sluzbenici celosno bi ve poddrzale i dokolku povikate zaedno so drugite reprezenti od javniot sektor da se strajkuva. Ocigledno e deka vlasta nema sluh i ne saka da e partner na najmnogubrojniot sindikat za javnata sluzba vo Makedonija vo resavanjeto na bitnite prasanja od raboten odnos. Sluzbenicite se i te kako zapoznati so i vo pogled na slucuvanjata okolu potpisuvanjeto na kolektivniot dogovor koj za niv se odnesuva i vo pogled na donesuvanjeto na zakonot za sudska sluzba. Pozdrav
Од: citatelka
Датум: 01.02.2008 09:41:03
Ova so tvrdenjeto na Vladata deka nesto ne dobila i molkot sto sleduva po dobieni reklamacii, zalbi, dopisi, mnogu mi e poznat. Ako sakaat (a sakaat) ke te unistat preku nok, pa ti zali se na sudot vo Strazbur, pa potoa ke te proglasat kodos. Celo vreme se pravat na udreni. Koga nivnite institucii ne dozvoluvaat prodolzuvanje na licenci, zakup na prostor vo nivni zgradi zaradi vrsenje na normalnite dejnosti, zalbi vo odnos na funkcioniranje na nekoi nivni resori, nema apsolutno nikakov odgovor.Molk zad koj nekoj slatno se smee. I potoa tup, niknala nekoja nova firma koja onaa unistenata ke ja zameni (nebare vo onie starite ne rabotat lugje i ne se hranat semejstva i kako da nivnoto iskustvo i znaenje voopsto ne se vazni)....Nie slusavle porano eden izraz na koj pomalku se smeevme a duri sega gledam kolku bil realen t.e. "nenarodna vlast".
Од: JON
Датум: 01.02.2008 09:41:04
SSM izgubi mnogu so liderot Vancho Muratovski. Toj shtiti korumpirani direktori koi gi prisiluvaat rabotnicite da se ispishuvaat od sindikalnite organizacii. Biraj rabota ili sindikat.
Од: Работник од ЕМО
Датум: 01.02.2008 10:27:05
До Професионалниот синдикалец:Што си направил во својот синдикален живот сем што цицаш од работничките членарини и од државата?Немој да делиш лекции! СРАМ ТЕ БИЛО!
Од: realen
Датум: 01.02.2008 14:10:37
ovie kolumni se pisuvaat za narodot da znae kade go nosat i po koj pat,a ne za da se izgreat rabotni mesta na bliskite.se gleda deka ste covek sto odi na mitinzi na vmro i kisne vo stabot i e samo edno poltronce.a za deckoto pod mene od EMO zatoa sto ne e ni malku upaten vo rabotnite odnosi neka go procita kolektivniot dogovor da vidi sto nosi toj pa da se buni.vladata go prekrsi sekoj mozen clen od ZRO i ne znaci deka ako e potpisan kol.dogovor deka e dobar.SSM ne go potpisa za da ne gi upropasti pravata na rabotnicite,a za tebe debe i vakviove ko tebe imam predlog mlaku da se obrazuvaat i da sledat reano rabotite a ne da sedite doma i samo da gledate vesti i da komentirate nesto od koe sto pojma nemate sto e. i neso da napomenam sindikatot kolku i da saka ne moze da cica od drzavata(do laikot pod mene)
Од: ftoni
Датум: 01.02.2008 15:42:27
Se dodeka so sindikatot upravuvaat lugje kako V.Muratovski koj se prodava za pet para tesko na cesniot rabotnik. Vo zapad se znae kako odata rabotite, sednuva sindikatot i vladata i se dogovaraat za pravata na rabotnicite. Ovde kaj nas ne mozel toa da se stori, e pa ne moze zatoa sto nasite lesno se korumpiraat.

Најди! во Утрински
Насловна
УЈП ќе му го проверува имотот на гувернерот Гошев
Гаврилов_ И порано добивав закани, ќе живеам како и досега
Зденко
Печатено издание
Лековите за февруари ќе доцнат најмалку една недела
Еленовски на тенка жица
Тоше глумел во филмот „Миротворец“ покрај Никол Кидман и Џорџ Клуни
Коалицијата за Европа ја почна работата
Лекарите куртулија
Да изградиме цркви и џамии на сите плоштади
Владината Комисија се обидува да ја одблокира истрагата за хеликоптерот
Ти реков ми рече... и некои други работи
Пушачите со текст и слика ќе се одвраќаат од цигари
Коштуница ќе го решава дуелот меѓу Тадиќ и Николиќ
Реклама за вести
Арачиново станува еднонационално
Земјите од регионот го амортизираат ценовниот удар
Брисел ќе ја оценува Македонија по НАТО
Verbatim