Број 2600  петок, 01 февруари 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Фељтон
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска


Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Еленовски на тенка жица

Светлана Унковска

Министерот Еленовски, засега, цврсто се држи за фотелјата и вешто ги избегнува се' погласните барања да си замине од функцијата министер за одбрана. Во јавните притисоци за поднесување оставка деновиве се приклучи и неговиот партиски лидер Тито Петковски, кој јасно му порача дека веќе доцни со чувството на морална одговорност поради трагичната хеликоптерска несреќа, во која загинаа единаесет македонски мировници. Со ова тој јасно му стави на знаење на Еленовски дека ја нема неговата поддршка и дека не е може да очекува дека цела партија ќе застане зад него да му го зачува грбот. И пратеникот Есад Рахиќ од собраниските клупи директно му рече: „Министре, оди си“.

Дали Еленовски ќе успее да се задржи на министерската фотелја во моментите кога се се' пожестоки притисоците и барањата тој да си замине ќе зависи од него самиот и од тоа дали ќе може да ја понесе и тежината на товарот, што сега наеднаш му се сруши на грбот. Самата истрагата за хеликоптерската несреќа полека почна да ги открива проблемите и недостатоците во Армијата, а на виделина излегоа работи поради кои веќе подолго време врие од незадоволство меѓу војниците. Клопчето започна да се одмотува со „новинарските чепкања“ за тоа што би можело да биде причина за хеликоптерската несреќа, па на површина се појавија многу работи кои произлегуваат од вечната болка за тоа кој да ги добие тендерите.

Во минатата година во Армијата останаа нереализирани десет милиони евра, поради што хеликоптерите мораа да бидат приземјени, војниците останаа без храна, а мировниците заминуваа во мисии со прикрпени униформи. И на крајот логистиката испадна крива. Па кој е тој што дозволи логистиката, при толку пари, да биде проблем број еден во Армијата и зошто тој веднаш не бил решен, туку е оставено и натаму да продуцира многу нови проблеми и незадоволства? Одговорноста е сразмерна со хиерархијата и затоа таа не смее да биде сведена само на казни на најниските ешалони.

Иако и министерот Еленовски и началникот на Генералштабот Мирослав Стојановски со половина уста тврдеа дека немаат недоразбирања и дека добро функционираат, сепак, јавна тајна е дека тие не зборуваат и целата нивна комуникација е сведена на неколку писмени дописи. Во низата отворени проблеми се брои и оној со Воената болница и со судбината на нејзините вработени.

Но, фактот дека се приближува датумот на одржувањето на НАТО-самитот на кој Македонија очекува да добие покана за членство го направија Еленовски колку-толку комотен. Проблемите се кријат под чергиче, затоа што секој што би проговорил барем малку лошо за Армијата, веднаш ќе беше прогласен дека работи против интересите на нашата земја и прави проблеми за да не добиеме покана за прием во НАТО-алијансата.

Се чини дека и последниот потрес со фалсификуваната диплома на државниот секретар во Министерството Лилјана Стериовска докрај му ги замати сметките и во партијата, но и во Владата. Откако ќе заврши истрагата, премиерот Груевски, најверојатно, ќе бара одговорност и од Еленовски затоа што дозволил да се случи таков скандал во неговото Министерство и тоа од лице кое доаѓа токму од редовите на неговата матична партија.

Што ли ќе направи растрчаниот министер сега кога ја губи почвата под нозете и кога е во немилост, па дури и неговиот лидер чека тој да се симне од министерската фотелја?

Дали можеби ќе игра на картата сето ова да помине во стилот кучињата лаат карванот си врви во овие два месеца додека не се случи самитот на НАТО во Букурешт. Што и да направи, сепак, моралниот чин е лична работа, се' друго е политика.

 


#
Статијата е прочитана 1325 пати.

Испрати коментар

Од: igorce
Датум: 01.02.2008 00:25:44
site od NSDP da se fatat pod miska i nazad vo SDSM zasto tamu pripagat, poarno sami zasto izgleda ke gi nabrkaat od vladata, abe Tito pa kako ne ti e sram sedis vo vladata so luge koi ti ja zema pobedata vo 1999g. ili mozebi mislis deka ke ti se odolzat 2009g. u zabluda si pak ke pobede Branko so amin na zapadot.
Од: E,ne si odam..
Датум: 01.02.2008 01:04:49
Kje prodolzi bez prestanok da leta.Megju dve sletuvanja i poletuvanja kje gi sobira dnevnicite vo devizi,kje vidi dali moze da mu pomogne na Grujo okolu rasturanjeto na Voena bolnica,na koja ima frleno oko finansierot na DPMNE Zan Mitrev,da servira nekoja informacija od NSDP pred skolskiot drugar,a sega Premier i.... tolku.Za drugo nema nitu kapacitet,nitu moralen kredibilitet.Ako maticnata partija ne se izbori da go zadrzi resorot i da predlozi drug,nisto cudno ako otide vo DPMNE samo da ja zacuva foteljata.Drugo nisto ne dopira do nekarakteren lik od dramoletkata "Ima li pilot vo avionot"?
Од: od drgarceto na kogo mu rece CAO!
Датум: 01.02.2008 05:18:07
Po se izgleda ke bide ona so kucinjata...Pa koj moze ovoj neelokventen i infantilen tip da go digne od udobnata fotelja, koga vo nea sedna so ucenuvanje: ke dojdam vo NSDP ako bidam minister. Tocno deka vo SDS bil marginaliziran no zatoa sto ja procitale negovata (ne)inteligencija i (ne)znaenje, zatoa sto im dosadi so baranja te za majka mu da bide apelacionen sudija,te setra mu neznam sto,te drugar mu..... Verojatno i na Tito mu e prekuglava od nego. Eve, ja napravi majka mu od podprosecen sudija, clen na sudsi sovet,a drugar mu, od bivs, neobrazuvan, nepismen i infantilen policaec, vo ambasador vo Nato vo Brisel . Ovaa persona nema ni m od Moral i zatoa ne ocekuvame da dade ostavka.
Од: Битола
Датум: 01.02.2008 09:18:11
Да, тие од кај Тито цврсто се држат за фотелјите оти само тие им се важни,нив друго ама ич неги интересира.
Од: Nisko od Tito Petkovski
Датум: 01.02.2008 09:20:53
"Лекцијата по политички морал, што му ја одржа Тито Петковски на министерот Лазар Еленовски пред новинарите, се граничи со непристојност. Потегот на Петковски, непријатно ме изненади. Не е чесно човек вака да се нападне, кога не е тука и не е во можност да одговори." Но Еленовски е долго во политика (иако многумина се обидуваат да го претстават како млад и неискусен), тој е искусен и одговорен политичар и многу добро знае што треба да направи. А Оставка нема потреба да поднесува , тој не е виновен ниту за хеликоптерот ниту за Лиле (за која се покажа деновиве чија слаба точка е ). А зошто Бранко Црвенковски не поднесе оставка за авионската несреќа во која загина Претседателот на државата Трајковски ?
Од: Бранко
Датум: 01.02.2008 09:58:35
Секогаш кога се крие еспособноста зад партиската припадност резултатите се катастрфални на Еленовски ситниот партиски профитер ко изгуби компасот вероветно мисли дека ке стане мојсие и славата за прием во НАТО ке му припадне . како може неспособен партиски војник кој шета по партиските штабови да седи на таа фотеља зар негледа дека тоално го изгубил моралниот кредибилитет човече одиси ,зато што срамот те прати на секој чекор свесен ли си да треба да продолжш да живееш во оваа држава.
Од: Trpe
Датум: 01.02.2008 10:09:27
Go spomnuvam samo so prezime ,za da ne go valkam imeto na TITO.Petkovski e kolateralna steta za Makedonija.Covek bolen za vlast,kako i ostanati kako sto se Andov ,Zingopa i segasniot Koljo ja unistija Makedonija vo koren so eden mal broj nivni istomislenici ili i po bezobrazni od niv kako sto se Elenovski,Mijalkovi,Vitanovi i dr.
Од: Атанас
Датум: 01.02.2008 11:03:27
Ова е до г.Петковски-па дали господине сте виделе некого,кој дошол до леб без мотика,да го остави лебот да ја земе мотиката и со неа да види каде се рага лебот.А Еленовски има усте дестинации на својата лицна географска карта сто сака да ги посети, и нека не е потресува што ете еден ден порано се вратил од Турција.А кој одлуцил пак да остане уште еден ден.
Од: Dolno Vodno
Датум: 01.02.2008 11:20:07
Na Elenovski kako minister ,ima mnogu sto da mu se zameri,vo negovata odgovorna rabota. Isto tolku se za zameruvanje i onie sto mu ja dadoa taa teska dolznost,a samiot toj pak kako i mnogu drugi samobendisani mladi ministri, ispolneti so zadovolstvo,veke bogati so arogancija, zaboravi(ja) na vistinskata odgovornost koja ja ima(at) pred svojot narod! Seto toa e vidlivo i vo Makedonija i kaj onie sto ne gledaat "pod lupa". Madiov minister( i dr.), ne uspea da ja prikrie svojata arogancija i nekompetentnost sto veke dava edna neserjozna slika. No,za baranje ostavka bas sega,pred nadezot da bideme pokaneti vo NATO,ne mu e vreme i trebe da se poceka! Vistina deka e nekorektenodnsot,od strana na T Petkovski, vo osastvo na Elenovski,no negovata nekorektnost i ni e poznata uste od vremeto koga ja izigra svojata prvicna partija !
Од: moral
Датум: 01.02.2008 11:45:16
Kade bese Gospodinot Petkovski da drzi predavanje za moral koga negoviot pulen Ivan Anastasovski (zvani Djoni) davase ostavki preku eden den, koga stana predmet na zezanje vo parlament, samiot Djoni si kaza deka odi kaj Tito bidejki vo SDSM nemase da bide na lista za pratenici (ovde moralot ne go prepoznavame). Lile e posebna prica, desnata raka na Tito, so falsifikuvana diploma, pazi prikazna (ja prasav ednas mi kaza ne napravila takvo nesto) pazi ti se molam, koga Djoni, Lile i kompanija vidoa konkurencija vo NSDP (Elenovski) im smeta, vaka li gospodine Petkovski SILNO I CESNO, Eksplozija od demokratija ili nesposobnost na vodenje politicka partija, gragjanite ke ocenat na slednite izbori ..............
Од: ohriganec
Датум: 01.02.2008 12:11:18
Na slednite pretsedatelski izbori nema da pobedi Branko,tuku Srgan Kerim.
Од: Dr.Mihail Sorko,Ohrid
Датум: 01.02.2008 12:32:50
Dali ce se pobara ostavka(ili ne)od Ministerot na odbranata e kompetenten Premierot na Vladata.Toj e umen covek i zrel politicar i znae kako da postapi.
Од: Borce Devicanec
Датум: 01.02.2008 13:25:59
Laze Elen, mislam deka e najdobro da si zamine i da odgovara za neredot. Ama vazno kolku denovi minister, tolku devizni dnevnici. Samo da go prasam dali i SRNATA od 14 avgust 2007 sto ja vidovme do nego ce si zamine. Angazira manekenki za proslava, a za helikopterite nema rezervni delovi? Samo toj toa go moze????
Од: Kiko
Датум: 01.02.2008 14:52:54
Dali Elenovski e sposoben ili ne treba da odluci Gruevski i Petkovski. Sposobnosta na nekoi sorabotnici od Ministerot za odbrana e mnogu losa, so svoeto neznaenje i arogancija ja prikrivaa svojata nesposobnost i nemoze covekot da odi napred. Za odnosot na Nacalnikot i Ministerot e kriv nekoj nad niv i zatoa treba dvajcata da se povika na odgovornost ili da se dogovorat, ako i toj nad niv ne samiot kriv.
Од: Skarab
Датум: 01.02.2008 15:36:25
Ostavka Ministre,za sa se spasi vojskata od tvojata opasnost i postoenje tamu ti sekoj den pravis steta .Nemoj smeski da kazuvas deka ti si biten za vo Nato
Од: мами
Датум: 01.02.2008 17:26:47
Море на тенка жица не е само Еленовски,туку и Тито и цела НСДП.

Најди! во Утрински
Насловна
УЈП ќе му го проверува имотот на гувернерот Гошев
Гаврилов_ И порано добивав закани, ќе живеам како и досега
Зденко
Печатено издание
Лековите за февруари ќе доцнат најмалку една недела
Тоше глумел во филмот „Миротворец“ покрај Никол Кидман и Џорџ Клуни
Коалицијата за Европа ја почна работата
Лекарите куртулија
Да изградиме цркви и џамии на сите плоштади
Владината Комисија се обидува да ја одблокира истрагата за хеликоптерот
Ти реков ми рече... и некои други работи
Пушачите со текст и слика ќе се одвраќаат од цигари
Колективен срам за јавниот сектор
Коштуница ќе го решава дуелот меѓу Тадиќ и Николиќ
Реклама за вести
Арачиново станува еднонационално
Земјите од регионот го амортизираат ценовниот удар
Брисел ќе ја оценува Македонија по НАТО
Verbatim